Исто и мене така ми кажа затоа пишав овде. Секој скрининг различна цена беше па затоа прашав овде. Првиот 3500,вториот 4400,да видиме овој сега
Здраво женски сакам да ве прашам дали некоја има искуство со прв скриниг во Плодност, таму ја водам бременоста за 2 недели имам преглед а ке бидам 12 недела и 3 дена па незнам дали тогаш ќе биде скринингот или ќе треба дополнително да одам за скринингот и дали приската е задолжителна?
Приската не е задолжителна. Јас ја правев на државна, а скринингот во Плодност. Ако е се во ред на ехо не мора да правиш приска. Само скрининг е 3000, ако правиш и приска 7500 ден. Прегледот трае околу 30 мин. Детално се гледа плодот, нухален набор, носна коска, срцето.
Приската и не мораш да ја правиш најбитен е скринигот. Ако веќе саакаш да ја направиш правија во државо за да на плаќаш 4.000 ден. Контролен преглед,мерат грло протоци и чисто контролно дали е се во ред со бебето. Како месечна контрола е прегледот.
Ај тука да пишам. Пред 2 недели бев на 2 скрининг во Плодност се беше супер, ама докторката од Скопје за срцето доаѓа утре скоро 24 недела сум. Каков е прегледот? Сигурно абдоменален како скринингот!?! Колку трае и колку чини. Инаку 2 скрининг како и првиот ги платив по 3000 ден. Ви благодарам
Вториот е нешто поскап. Во плодност само гледам посебно го прават на срце што значи ќе ти дојде нешто плус секако ќе платиш пак за тоа ехо.
Кој ве праќа на ехо за срцето на бебето? Матичниот гинеколог или докторот што го прави вториот скрининг? И кога се прави?
Вториот скрининг го платив ,3000 а денес за срцето 2500. @Sofi.ja мене Др за скрининг ме запиша за ехокардиографија. А мислам немаше потреба. Ама бидна. Инаку матичната секој месец ме гледа на ехо, крвна слика, висина, тежина и брисевите одат преку неа. Скрининзите и срцето приватно ги правев. И за 3 скрининг никој не ми спомна.
Тоа е на приватно само, ако сакаш ќе си појди, јас не го направив тој скрининг за срце. А другите 2 ги правев Битола ма болница, без пари. Фала Богу бебуш е супер 5 месеци е
Здраво. Не знам дали некаде е поставено ова прашање низ коментарите, па сакав да ве прашам. Дали скринингот во 13та недела се прави вагинално или е на стомак? Фалаа