Колку што знам таму за скрининг е само Методи Трајчевски. Добар доктор е. @Tinkerbell11 само ако е машки плод, и ако докторот знае добро да препознае.
Zdravo devojki. Ke ve molam za mislenje. Momentalno sum 11+3 den. Vcera kaj bepceto bese utvrdeno deka ima cista vo delot kaj stomaceto bidejki mocniot kanal najverovatno bil zatnat. Drugo spored merenjeta na vratceto ima zadebeluvanje koe iznesuvam 4,9mm i toa gi asocira na daunov sindorm. Mi rekoa ke pocekame a vo megu vreme na napravam test preku krv i biopsija od placenta. Dali nekoj imal slicna situacija pa potoa se zavrsilo dobro. Vi blagodaram od napred
Девојки сакам само да споделам дека нашиот скрининг денес помина супер. Дечкото е загарантиран, а девојката уште 100% не нема убедено дека е девојка Душа и очи наполнив денес, на секого посакувам најискрено! Ајде добра ноќ, ноќва барем ќе се наспијам на раат. Пред преглед сон не ми доаѓа.
Мене тогаш ми кажаа и догорката што ми следеше бременост и димчев кај кој го правев првиот скрининг. Да напоменам и јас имам машко.
Се познаваат спуштени тестиси веќе затоа. Може и покасно да се спуштат, а може и не па да биде мома. Затоа не прецизираат ако не видат "свирче".
Dimcev kazuva pol na prviot skrining, bez ogled masko/zensko-pogoduva so lesno epten se izraduvav koga te procitav niz temite pozdrav
Бил ли некој на скрининг во 21 недела кај Кировски во Чаир?Таму имаше термин се мислам дали за таму дали приватно?
Мене за првото од прв скрининг ми кажаа дека е машко. Сега на прв скрининг ми рекоа женско па следните прегледи машко.
Здраво женски... Сакам само да прашам дали некој имал вакво искуство... Бев на скрининг во Ремедика во 13та недела и Петрова виде дека папочната врвца е составена од само два крвни сада наместо три (мојата има само една артерија и една вена, а треба да има две артерии). Дали имал некој исто искуство, ова е прилично ретко? Ме смирија дека бебето си расте нормално и напредува, но се прашувам како да бидам сигурна дека ова ќе биде нормална преостаната бременост? Ќе правам нифти за да исклучам абнормалности...
Здраво и од мене девојки! Помина првиот скрининг, се е во ред фала му на Бога, доктор Петрова се потруди да го види полот, но ова нашево бебче не се покажа Стигнаа и резултатите од приската, се е ок Се разнежнив на прегледот, беше преубаво!
Велат дека и со 2 крвни садови се турка бременоста до крај без проблеми. И јас правев нифти во 12+4 и се беше супер. Без грижа и среќно.
Да прашам за трет скрининг дали е задолжителен ако до сега било се во ред? Затоа што матичната ништо не ми спомна за трет скрининг, а Петрова во Ремедика кога го правев вториот скрининг во 21ва недела ми спомна дека се гледаме на трет скрининг во 32ра недела?