Мислам дека немаш потреба од трет скрининг, доколку ти не сакаш да си отидеш и да си го видиш бебчо На другарка ми не ни и рекоа на 3 скрининг да оди, а исто и ја коа бев со првото не ме пратија, редовен преглед ти е доста, секако матичен те следи
Плс сподели утре дали системот им работи на ГАК за приска. Јас на 7ми имам термин па да не одам ако не работи, и така не сум од СК. Фала
Go pravev vo hemo lab. I me cinese 690 eu komplet. Deka ima i pomali paketi od 600 do 690 eu. Ako imas vreme razmislisi. Toa se pravi do 16ta nedela. Ti posakhvam srekja. I znam deka i da pravis se ke ti izleze pak vo red. Samo sto ne zaplasuvaat
Јас како што знам се прави од 11та недела па нагоре прашав и во адриа лаб и др. што ми кажа као демек не е одредено до 16та недела пошо следува и др скрининг итн.. Јас сум 16та ипол недела баш утре сум на преглед пак ке се консултирам..
Okej. Mene mi rekoa deka od 9ta nedela se pravi prenatalbiot test do kaj 16ta. Za posle ne znam. Prasaj si ubavo.ti kazuvam kako mi rekle mene
Работи, само со среќа за чекањето.Чекавме 2 саати, за да коа стасав ја на ред на брзинка ме прегледа, мин време и стануј ми вика..гужва не видена..плус и климата не им беше пуштена, се надевам брзо работа да завршиш ти ?
Трет скрининг мора да има или зависи од ситуацијата? До сега само 2 имам правено, за трет не ми спомна ништо матичнава, претходниов пат кога бев на преглед ми зимаше брисеви и ми рече ајде дај боже се да се негативно и веќе завршивме со испитувања.
Јас знам дека е од 12 до 13 недела и 6 дена најдоцна ,мене така ми рекоа. Еден ден пред да влезеш во 14 недела . Јас го правев задвчера на 12 гн + 2 дена . Прашај си најдобро кај гинекологот,консултирај се.
Јас денес се јавив и ми рекоа можеби полна 14 ,а гледам со првото дете сум правела 12+ 3 Кај мене во мојот град се прават брисеви само пон.втор и среда па сега веројатно ке го правам скринингот Др недела на 13+3
Не е доцна, за првото дете не ни ми кажаа за скрининг, докторката ми го направи на приватно кај шо одев во 14 + неколку дена. Фала богу се беше во ред
Прв скрининг е најдобро да се направи во 12та недела. Тогаш најдобро и најточно се гледа. 14та е прекасно. Ова инфо од доктор
Ве молам за мислење. Бремена сум 12 недела, матичната Надица Героска нухалниот набор на бебчето го измери 2.11 и за истиот рече дека од 2 до 2.50 е секогаш дискутабилно и дека треба да се прават дополнителни испитувања.Исто и било дискутабилно тоа што бебчето е за една недела поголемо. Маџунков го измери 1.59, а Ина 1.86. Знам дека резултатите се 2:1, но кога ќе ти ја пуштат мувата не си мирен. Дали сте имале ваква ситуација и дали според вас има место за паника.
Здраво , и јас правев прв скрининг минатиот понеделник . Нухалнипт набор докторот го измери 1.2 и носната коска си беше во ред а исто ми кажаа дека бебето одговара за 13 недела а јас бев 12+1 ,ама тоа во ниту еден момент не ми беше кажано како нешто дискутабилно и сомнително што би укажувало на нешто лошо. Исто така ми беше нагласено дека од 2.5 до 3 е мерење кое што иницира понатамошни испитувања а тебе првата докторка те измерила во најлоша варијанта 2.11 . Носна коска видоа ли ? И рвоите години и фамилијарната историја знам дека ја зимаат во предвид . Мислам дека те испаничила докторката ..
Виде носна коска. И јас знам дека над 2.5 е причина за дополнителни испитувања и стварно незнам од која причина 2.11 и е дискутабилно. Дури и амниосинтеза ми спомна. И муабет од типот не се секирај и да има нешто немора да значи дека треба да се прекине бременоста, некои ги раѓаат. (крајно непрофесионално) Инаку имам 31 и немам ништо наследно од тој тип.
@Sneijder јас ако ја слушав Надица во 20та недела ќе го изгубев бебето на скратено грло она место да каже што понатака,почна да урла како матката нема да ја издржи бременоста. Невиден паничар е и заради тоа ќе ја сменам штом се породам. Околу неделите + / - секоја втора мајка има понапред или поназад бебе,тоа е заради овулацијата рана-доцна, ич да не се секираш,со текот на бременоста може да си дојде во нормала.