За крвна слика знам, но ете за ехо не ми закажа, треба јас да ѝ досаѓам или па на приватно да си го правам ехото.. Значи луѓе памет во глава кога бирате матичен гинеколог, ете јас не очекував дека ќе забременам и не реагирав навреме да ја сменам
Во гееманија во 12-13 недела псвен основниот скрининг кај мат гинеколог ако сакаш пдиш и на приватно да ти направат скрининг за рано откривање на даунов синдром. Само скрининг и крвна слика кошта 150€. а преку хромозомите т.е специјална процедура преку крв од мајката( 400€ кошта) се одредуваат тие параметри. Резултати доаѓаат после 2 3 недели а и не се 100% веродостојни. А за тоа време мисла ќе те отепа и ако ти кажат нешто недај боже што не мора да значи дека има бебето синдром до крај на бременост ќе пукнеш. Јас закажав термин и го откажав да не живеам во страв. Еве денес имав втор скрининг во 20+4 и се е во ред фала богу. Инаку здравст. Каса плаќа само три прегледи главните скрининзи а секој месец одеш на контрола за крв урина итн. Ако сакаш секој месец да те гледат на ехо ќе си платиш пакет 60 или 90€ и до крај на бременост при секоја контрола ќе имаш и ехо преглед да видеш бебето.
Нормално дека се прави ехо, јас уште два пати бев .Можеш да ја смениш, или па секој месец да и закажуваш да си одиш редовно .Ако не те бендисува оди на приватно
И закажав за во понеделник, пошо она е изгубена бар јас не сум. Среќа крвната слика е супер и уринокултурата чиста, тоа ми е најбитно
нормално дека треба.. и мојата матична е таква крш одам само за упати шо ми треба, рецепти и мајчина книшка води колку без ич одам иначе на приватно, таа воопшто не е заинтересирана за под пензија е и си вика толку од мене
Собирај сметките инаку здраството ќе ти ги врати парите . И јас сум немачка трудница , со поинаков ред и редослед од Македонија
Можеш одма. Јас 21-ва полна го правев, а ти ќе бидеш полна за два дена. И сега вториов пат пак ќе го правам исто во 21. Според мојата докторка, тогаш е најдобро за се’ да се види, инаку се прави од 20-24 недела
Сакам да прашам за втор скрининг, како изгледа? Што всушност се испитува? Колку време трае? Благодарам
Зависи,јас кај матичната 2 саати детално ме виде и ми измери све,ама буквално СВЕ,а кај Ивановски 1 саат и кај него ме фати и ми измери све,ама побрзо од неа.Битен скрининг е не би траел баш 10 мин.Гледаат све ама буквално све.Секое добро.П.с. Те гледа абдоменално,а за цервикс најдобро и најточно е вагинално.Се гледаат сите органи како функционираат.
4 пати до сега имам правено скрининг, со првата бременост кај матичната после во Систина и ме гледаше 20 мин се на се. Со втората бременост и првиот и вториот ги правев во државна, за првиот имаше гужва, и набрзина се видоа, а за вториот секако закажуваат на размах од 20 мин термин, шо додека се намести , па да внесе податоци, па да почне да мери..прв пат слушам толку време скрининг некој да прави, искрено се мислам кој е толку слободен доктор ? Би уживала да сум на твое место искрено
Мила во државна си правела,све ми стана јасно.Има мила сеуште доктори,само треба да се најдат.И да битен е скринингот и уживав.Секое добро
Јас правев во Систина кај Димчев и пак траеше 15-20 мин макс .. Нема врска дека е на државно па пократко ги гледаат , еве мене Димчев набрзина ме прегледа . А сакав да трае подолго , ама тоа е . Битно ми кажа дека се е во ред