Мене пред да одам кај него ми рекоа, ако се е добро, одма ќе завршиш. И така излезе, за 15 минути со слики, со мерки, со се излеговме. Он у први 2 минути гледа дали е се ок, и толку добар дијагностичар е што вреди секој денар даден за втор скрининг кај него.
знам тоа не спорам дека има знаење Бев јас два пати кај него.Муабетот беше дека во државна помалце гледале во Систина подолго.
Мене двата прегледа ми траеја долго и јас се чудев два саата-што ли ќе е ова?Но додека ме прегледуваше и те како имаше што да се види и да се каже,буквално секое делче,и така треба да бидат скрининзите,а не да се брза,сепак на приватно не е баш ефтино па да не прошиша за 10 минути па колку сака нека е добар дијагностичар.И така се само три скрининзи во бременост,едвај чекаш да ти каже и да си го видиш бебуш,па уште и тоа на брзина.Не иде!
Јас во 21 недела бев кај Димчев супер впечаток имам од човекот ептен опуштен муабет на шала правевме он си го гледаше бебето јас си коментирав што гледам на екранот он ме надопочнуваше и он што гледа 15 мин највише се задржавме ама позитивен човек во суштина сега за недела две зависи како ќе има термин пак на трет скрининг кај него ќе закажам
Утре сум на втор скрининг во ГАК па ме интересира дали даваат нешто слика од бебето и колку време трае прегледот?
Здраво девојки , вчера бев 12+6 и бев на прв скрининг , малце се извадив од памет но ве молам за некој совет, ке правам и пренатален тест но сепак едно мислење? Нухален набор ми измери 2,2мм и ми рече дека се е ок , се останато си беше во нормала, ама ова нухалниов мир не ми дава , некоја со слично искуство ?
2,1мм беше кај син ми. И за тоа ке правиш пренатален? Па не е застрашувачки ни малце. Во рамки на нормала над 3 прават дополнителни испитувања. Може и бебе мрдало па не е измерено како што треба. Види ако ти е толку грижа оди кај друг нека те види. Син ми е здрав и прав
Докторот и сам рече дека е се во нормала , но пусто читање по форуми хахах , фала многу ме утеши твојот коментар ***
Прв скрининг се прави на почеток на 12 недела така? Можеби звучам неинформирано, но да си прашам, дали скринингот се прави со „обичен“ ултразвук или со 3D,4D?
Девојки дали има таква што бременоста ви ја води Ивановски а сте отишле на скрининг кај Димчев. Или и двајцата се со искуство за оваа тематика? За прв скрининг прашувам
Јас сум кај Ивановски и бев на прв скрининг кај Ивановски добро поминав , правев пред два дена , не отидов на друго место , измери докторот се што треба , имаше членки што цела бременост ги водеше Ивановски.
Јас све водев кај Ивановски и кај матичната.И двајцата се професионалци и имаат искуство,и како што кажаа,како што измерија така беше,дури и килажата која варира ја погодуваа.Ти мила ако сакаш отиди и кај Димчев и он е добар си ја знае работата.Секое добро П.с. Важно е да му се верува на докторот кој ве води.
Na lvanovski mu veruvam so cela dusa i srce, samo neznaev deka i skriningot kaj nego se pravi. Ke odam kaj nego, pa ako nedaj boze ima somnezi sigurna sum deka sam ke go vikne dimcev za konsultacija ❤
Не , го знам приватно,ме виде еднаш само, и ми рече следно кај мене на скрининг Оттука знам дека прави . Ама сепак димчев и петрова имаат сертификати мислам само за скрининг.
Доктор Трајковски од new born. прави ли скрининг и колку чини? Снежана од Гинековита исто дали прави скрининг?
Пак јас да прашам закажав за скрининг ама ќе ме фати 24 недела дали е многу касно едвај најдов термин некаде, а овој матичниов ме зезна да се мафтам по државна за џабе кога нема термини. Требаше уште одма а си закажам на приватно не знам кој ѓавол ме натера да го послушам. Инаку закажав кај Сузана правела скрининг.