Јас кај Трајковски одам на контроли и можам да кажам дека тој најдетално ме гледал до сега и само за 1500ден. Првиот скрининг го правев кај Петрова во Ремедика а вториот во Систина кај Димчев, но како што измери Трајковски димензии, протоци, плодова вода, постелка никој до сеа. Јас сум презадоволна од него. Е сега незнам колку е стручен за тие скрининзи, но и без тоа не се разликуваше прегледот кај него со другите.
Девојки, дали скоро имате правено прв скрининг во Плодност + приска, за колку време закажуваат, колку пари и како оди процедурата (нешто знам, ама прва бременост и секое искуство ми е добродојдено). Инаку сум можела и кај матичната да правам....Благодарам....
Може ли некој да ми каже искуства за прв скрининг, и се разбира добар доктор. Се мислам дали кај Димчев?
Мајки дали после скринингот докторот ви дава на писмено тоа што го видел и стои позади тоа? Ме интересира, бидејќи правевме пренатален тест и не ни е потребна приска.
Даваат извештај, ама на секој од извештаите од скрининг (1 и 2) пишува дека прегледот не може 100% да исклучи аномалии. За приска конкретно пишува како што е, дека е статистички метод и не гарантира ништо. На извештајот од 2 скрининг пишува дека нема видливи структурни аномалии, но не исклучуваат можност за други. Ти кажувам за во државни болници ова.
Исто е и на приватно @Bebac, во извештајот си пишува дека не е 100% исклучена можноста за вродени аномалии, но дека на скринингот не се воочени никакви видливи аномалии на плодот. Веројатно тоа законски мора да го пишува, што реално и е вистина Ова конкретно за Систина зборувам
Што ви кажуваат на прв скрининг? Покрај нухален, носна коска, должина на бебето, протоци и чукањето на срцето, што друго може да се види? Некои други мерки? За органите рано е да се видат?
Грбчето ке го гледаат како шина,бутна коска,главче,ке видиш фаца од бебувче,ке мрда,ке се стопиша може и пол да си видите. Си мерат докторите тоа должина,плодова вода,протоци,плацента...ке си пишува на сликата нели пресметано и колку грама е Најубав момент кој го паметам ми е прв скрининг. Така убаво се се гледа,па и слика да си побараш
Ништо, тоа само. Мене ми спомна и за р’бетот дека е ок, мерките колкаво е и толку. За првото и полот ми го кажаа. Органите на втор скрининг се гледаат детално, тој трае подолго, тогаш се гледа секој дел од телото, секој орган, се гледа проток, цервикс, се’. Првиов дали 5 мин траеше кај мене
Се гледаат и органите барем кај мене во 14та недела ми ги покажа сите органчиња. Морам да признаам дека не памтам ништо, ја слушав додека си објаснуваше ама јас само си гледав во монитор, го гледам и не можам да поверувам дека е во мене, по некоја солза и така
Дека се формирани ти покажала, инаку детали за развојот на органите не се кажува, зошто нема, рано е На втор скрининг детално секој орган се проверува: мозок, срце (комори, преткомори, артерии и протоци во срцето), очи, уши, уста, бубрези, слезина, прсти се бројат на раце и нозе, коски се гледаат и бројат... На прв скрининг само се гледа дека е завршена органогенезата (создавањето на органите), но не и нивниот состав и функција зашто уште ги нема Различни се двата скрининзи, првиот е за утврдување на носна коска и мерење нухален набор, вториот е за органите и развојот