Вчера бев на контрола, до утре сум полна 17 недела, Бојаџиев ми рече наредна контрола скрининг 20-21 недела и да закажам кај Димчев, мислење за него? Јас сакам повеќе кај Гордана Петровска да одам за скрининг и сега незнам кај да закажам, А пред колку време закажувате за скрининг? мене ми се паѓа да одам крај на декември па нз кога да се јавам да закажам.
Барем 2-3 недели претходно и за кај Димчев и за кај Гордана. Мене она ми ја води бременоста (и оваа и првата) и презадоволна сум, и како човек и како доктор е одлична. Она и Димчев се специјалисти за скрининг, не е само Димчев. Јас кај неа сите скрининзи ги имам правено и ептен е детална, така што ти ја препорачувам топло
Јас сум задоволна од Димчев , не зборува многу мада мене тоа не ми е толку ни битно .. Важно ми е да знае што гледа и што прави . Закажав како две недели однапред за вториот скрининг , ми кажа наредно за 8 недели да направам преглед ,се јавив вчера да закажам ми закажаа за кај него повторно - значи два дена однапред ми дадоа терминче .За него и за Гордана знам дека се врвни професионалци кај кој и да одлучиш нема да згрештиш
Јас би ти ја препорачала Гордана. Секој орган ти го кажува објаснува убаво. Јас сакав кај Димчев ама ми кажаа дека не збори многу а јас си сакам да ми се каже се
Jas zakaza skrinig vo Remedika kaj doktorkaa Afrodita jovanovski samo ona bese slobodnaa da me primi, dali nekoj prave kaj nejze da spodeli iskustvo?
На 12.12. сум на прв скрининг. Тој што се прави во 12та недела. Си закажав,ама заборавив да прашам цена. Да не знае некоја колку е во систина? Пријателка рече исто било ко прегледот, 2500-2600ден ама не беше сигурна.
Да во Ремедика е 8 800 скрининг +приска Втор скрининг 4 400 / 4 500 денари, Трет скрининг 2 500 денари
Мене во Систина (сега сум 28+6) на првиот скрининг ми земаа 2500 ден. За вториот 4300 или 4500 а денес одам на трет скрининг ќе видам колку ќе ми наплатат . Првиот ми наплатија како регуларен преглед на ехо .
Цената за скрининг по приватниве болници е стварно висока. Разбирам 2000ден или 3000ден ама 4500ден е премногу за преглед од 15мин.
Подетално ехо - ги гледа органите на бебето и неговиот развој, не траеше ни премногу долго едно 10 максимум 15 мин . Го правев кај Димчев во Систина и сум задоволна , тој не збори многу а фала Богу не ми е ни битно тоа да ме гледа еден час и да ми објаснува приказни .. Важно е дека е врвен професионалец и му верувам . Вчера бев и на трет скрининг кај него , супер поминав ми кажа дека се е во ред и дека е задоволен од тоа што го гледа и дека нема никаква замерка да потенцира .Ми даде неколку сликички од кои и две во 4Д , и на вториот и вчера. Ако можеш да отидеш кај него , топло го препорачувам .
Дали на прв скрининг или за Приска ве прашуваат за генетски болести на фамилија? За од моја страна знам дека немаме, ама да знам свекрвата да ја прашам. До кое колено?
Дали правел некој скрининг кај Владимир Трајковски во Њу Борн и како е задоволен. Јас сум 16 недела ама од првиот скрининг во ГАК не сум задоволна, матичната ме ѕирна после набрзински и тоа беше. Или да отидам на обично ехо во некоја приватна па во 21-ва недела да одам на саглам скрининг. Се мислев дали да правам нифти, на гак ми кажа демек дали да се замарале со прецизен скрининг зашто ако правам нифти немало потреба од прв скрининг. Многу непрофесионално.
Јас одам кај Трајковски на контролен преглед и секој пат многу детално мери се, гледа и објаснува. Во споредба со двата скрининга во Ремедика и Систина, Трајковски најмногу внимание ми посветил. И цената на крај е 1500ден,не 4-5000ден. Е сега незнам ако закажеш скрининг ќе се разликува од овие контролни прегледи и дали ќе е друга цена.