Бидејќи веќе си 16та недела и ти се ближи втор скрининг, ќе ти кажам како направив јас и можеш истото да го направиш. Бев на прв скрининг во 14та недела, докторката ми рече дека се е одлично, ми објасни и ми даде избор сама да одлучам дали ќе правам приска или не. Се одлучив да не правам и ми рече во тој случај да идам порано на втор скрининг 18-19та недела и ако има потреба тогаш да правам нифти или амнио (зависи дали ќе има потреба). Така да, кога веќе си 16та недела и не се осеќаш сигурно почекај уште 2 недели и закажи си втор скрининг некаде (ете др. Трајковски го фалат и цената му е сосема нормална) и штом е стручен ќе ти објасни кој ти е следниот чекор. Јас многу се трудам да имам опуштен пристап кон овие испитувања, во глава ми е дека се е во ред, баш и затоа одлучив да не правам приска да не се нервирам за статистики.
Јас не се ни замарав толку со приската, тоа е повеќе математичка формула. Иако според приска немам ризик, сум набила некој страв поради проблемиве со шеќеров, прво таблети па сега инсулин, плус тоа касно дознав дека сум бремена, во осма недела, до тогаш немав пиено фолна ни витамини, па пред пола месец дознав дека метилирана фолна треба да пијам, првата бременост не пиев таква и милион работи ми се вртат во глава. Не дека и тој скрининг на приватно би ме смирил ама ете нешто плус да имам. Дури мислам ни нифти тестот не би ме убедил се додека не се породам и видам дека се е во ред. Не знам нифти дали испитува само гени или тука влегува и целата органогенеза со сите овие мои сомневања што ги набројав, не ми е јасен тестов баш, ако прашам за пари се ќе ми кажат. Мислам дека првата бременост не бев волку опседната со мисли.
Колку што знам и читам , Нифти не се прави волку доцна . Или па може да се прави , а предноста е што може да се направи ептен рано, уште во 11-та недела. Патем со лесно @Abeja . Не сум те прочитала дека си мешко
Се прави до 18 недела, ама мислам дека може и покасно, нема врска тоа. Ајде фала па и на твоја глава. Проблемот е што ако упатува на ризик ќе мора и амнио а тоа не се прави толку касно, најдоцна до трети месец.
Јас сакав Нифти, ама бидејќи не спаѓам во групите за кои се препорачува гиниклогот рече прво скрининг па ако покаже таму нешто тогаш Нифти
Не сум упатена точно во се, но ако докторката ми рекла дека ќе правиме по потреба значи може. Те разбирам дека си загрижена, ве читам со втора бременост дека сте во хаос и не можете да го фатите редот Јас сум обратен случај, шеќерот во ред, инсулинот покачен, па ќе видиме кога ќе дојде ред и ќе испитам што ќе се прави. Мада се ќе биде во ред на крај.
Одинаи ич не му ја мисли. Ќе се лутел големо чудо кај мене требаше да плаче јас си одев во Плодност кај неа многу ретко и добро е што сум одела и на друго место во Плодност ми дадоа зреење а кога неа ја прашав вика не бе по ќе ти е и оп се породив пред време кога и отидов со болки вика леле сега рано е шо прајме Така да оди си и свиркај си не му ја мисли толку твое бебе е не на некој друг