Јас на матичната и кажав. Одам во Систина на прегледи и таму ќе се пораѓам. Ако се лути има и други доктори за матични. Не е само таа. Малку се мрштеше, ама тоа е. Одам за документи за боледување кај неа само. Прави си што мислиш дека е најдобро за тебе и бебето
Не се плаќа. Абе какво лутење, ваша бременост, ваш избор. Матичниот може да ве насочи само каде да се пораѓате, кај кој доктор ако не знаете, ама вие одлучувате. Јас многу му верувам на мојот матичен, супер ми ја водеше цела бременост, ми предложи доктор за пораѓај во Чаир, ама кога му кажав дека сум решена за Систина ми помогна да изберам таму доктор. Нема тука суета.
Точно. Ич не ми е незгодно кога се работи за мене и за бебето. Нека каже членката дека веќе правела скрининг на друго место и ако толку сака нека му го однесе извештајот ,чисто да види дека се е во ред и толку.
Треба така да биде да, меѓутоа далеку е од тоа. Јас кај мојата не сум била 3 години, идев порано за брисеви и некој преглед ама ич не сум задоволна. Последен пат бев за упат за хормони и се изнервира као 'Ти ли си доктор да знаеш што треба да испитуваш, јас прво треба да те прегледам...Кој ти рече да испитуваш?' и кажувам докторка од Ремедика на што добив одговор 'Епа она нека ти даде упат'. Немав намера да се расправам, си искочив и си ги платив приватно. Сега треба да одам да барам упат за д димери и хемостаза, ми се превртува во желудник уште сега. Ако имате некоја матична да ми препорачате, многу би ви била благодарна. Или барем што да и кажам на оваа за да не се расправам.
Ве читам дека си имате мака со матичниве и не ми се верува. Како се осудуваат да ви кажат каде и што да правите. Тоа е ваше лично право каде ќе одите. Јас искрено немам никаков проблем со мојата. Кај нив се прави крвна слика која чини 400 ден ама јас си зимав упат за во авицена што е бесплатно за трудница без да ми прават проблем. За се што ми требало упат без проблем ми даваат. Јас одев и кај матичната 1 месечно на контрола и во систина поради конзилијарното. Во врска за скрининг првиот го правев кај неа, а за вториот самата докторка ми го предложи Димчев или Гордана. Мислам дека не треба да се мешаат матичните во нашите одлуки, можат да не советуваат а не да кажуваат што да правиме. Ако гледате дека не ги бива одма сменете ги. Јас така имав мака со првиот гинеколог ама кога видов дека не ја бива одма ја сменив и сега со години сум ваму и презадоволна.
Јас бев во вторникот кај матичната на скрининг и многу ми се допадна. Ни објасни убаво, го гледаше бебето, го мереше неколку пати. Ептен ни посвети внимание. Следниот ден отидов во Систина кај Димчев, за да си имам две мислења и чисто да споредам. Мерките беа исти. Кај Димчев кратко траеше прегледот ама ваљда има повеќе искуство и затоа не му треба толку време. Како и да е ако сте од Ск има милион матични, барем ние ја имаме таа привилегија да бираме.
Дали ви се слуцило на 2 скрининг да спомнат за некоја сеусте незатворена мембрана кај предкоморите ,која сто би требала до 3 скрининг да се затвори ,или од кога ке се родело бебето во првите 3 месеци од прилика?
Со првата бременост правев фетална ехокардиографија кај Димовски Систина мислам само он е за тоа.Јас бев во 14 недела дека близнаци а редовно се оди 19 до 22недела.И мислам дека рече пред 29 недела не треба да се затвори тој отвор.Сега сум пак бремена и планирам после 19 недела да закажам преглед.Тоа е скрининг за срцето.
Со лесно,јас кај Петрова во Ремедика одам,фина е докторката ,и она самата спомна најверојатно на 3тиот скрининг ке го нема тоа ,ама онака со самото тоа што ке ти спомне некако си правиш филмови во глава
Закажан ми е прв скрининг кога ке бидам 13 н +3 дена. Се се мислам дека касно ми закажаа и на мисла сум да одам и приватно. Дали мислите дека е во ред тогаш да се направи првиот скрининг, правела ли некоја мама во таа недела?
Јас на првиот скрининг во Ремедика бев 13+6 Не можев да закажам порано, но Др Симонида ми кажа дека нема никаков проблем.
Утре сум на прв скрининг во Систина...12+2 сум и многу сум возбудена, а и некако загрижена како ќе биде Не знам дали е нормално или пак затоа што природно останав после 3 години ❤ Ах, и ова не било лесно....