Девојки здраво. Може ли да ми кажете што е по паметно за прв скриниг да се прави кај матичната или по клиникиве приватни некаде? Поздрав
Јас го правев во Ремедика и да сум на твое место би го правела кај добар доктор со добро ехо. Сепак првиот и вториот скрининг се многу важни прегледи.
Јас го утнав периодот за термини за скрининг па отидов во Ремедика кај др Петрова. И првата бременост правев паралелно во ГАК и во Ремедика. Ми се допадна прегледот, прецизна во детали, ми одговори на секое прашање, секое сомневање. Малку закаснив со прегледот, надминав 22 недела. Малку ме загрижи тоа што до сега бебето одговараше на корегираниот датум од последна менструација а сега одговараше точно со датумот од последна менструација. Се плашам да не е од шеќерот дека сум на инсулин. Во 30 недела здравје пак ќе одам кај неа за кардиоваскуларниот скрининг, се надевам дека нема да има нови отстапувања. Ја препорачувам докторкава, специјалист е за скрининзи.
Јас правев кај матичната и следниот ден во Систина кај Димчев. Мерките беа исти, реално немаше потреба за приватно ама ете за мирна глава. За вториот планирав само кај матичната ама не правела втор па ќе одам само кај Димчев.
Која цена е скрининг кај матичен гинеколог? И мене матичната ми закажа прв скрининг кај нејзе, не ја прашав за цената.
Каква дупла цена за близнаци бе луѓе таман работа. За тројка тројно ли ќе плаќа а петорка петкратно? Првата бременост и јас носев близнаци ама никаде не платив дупло. А и во ценовниците нема таква опција никаде, смешно е, секоја "чест" ако имало таков случај.