2018 бременост близнаци скринзите во систина беа скоро дупло.Преглед кај докторот си беше цена како за сите трудници.
Чудно. Јас во Ремедика ги правев двата скрининзи, плус уште некое ехо ама никогаш не ми наплатиле дупло. Дури не ми наплатија за едно цтг.
А матичен гинеколог отприлика колку може да ми го наплати скринингот? За втор скрининг мислам дека е поскапо... Првиот го правев на приватно кај истиот доктор и ми наплати 1000 или 1600 не се сеќавам. Сега ми е матичен, ама мислам дека наплаќа за скрининг. Отприлика колку се движат цените ?
Јас платив дупло зашто закажав два термина, времетраењето на еден термим е предвиден за да се проверат органите на едно бебе. За да не е се набрзина туку да е подетално ми закажаа 2 термина и нормално ги платив двата
Каде тоа? Не смее така, те зезнале. Ако не се гледа убаво, ќе те викнат пак, но не треба да ти наплатат 2 пати. И јас одев за двете бремености двапати, но само како еден скрининг ми наплатија.
Јас ја сфатив дека два термини еден по друг закажала. На пример, закажуваш и во 12 и во 12:15, за да не трае прегледот само набрзина 15 мин., туку половина час.
Ама ни тоа не е во ред. Се знае што е скрининг и што тој опфаќа. Не смее да се дозволи "два термини за поубаво да се види". Просто, не е етички од страна на докторот тоа да го дозволи.
Се согласувам, не е во ред. Но ја сфаќам зошто така закажала, многу кратко траат прегледите. Додека се соблечеш, додека легнеш, па на крај да ти објасни ако нешто има за објаснување, самото ехо трае 5 мин. Термините им се на 15 минути закажани, без разлика дали си за обичен преглед или за скрининг. Гледаат што повеќе пациенти да поминат. Ова за Систина. Во Ремедика, на пример, мислам дека на 30 минути закажуваат.
Во Систина кога идев (не бремена) мислам дека повеќе од 20мин не сум се задржувала. Во Ремедика и претходно и сега во бременост сум се задржувала и 40-50 мин ако требало. Се случувало и јас да почекам трудница пред мене 5-10мин. Најмногу ми значи тој опуштен муабет после преглед кај што ќе ме испраша и мене како сум, а не да се врти се околу бебето.
Во Ремедика ги правев скрининзите, не знам по колку време им е по пропис, но никогаш не било набрзина. За едниот скрининг докторката ме викна пак нареден ден пред да ѝ почне работното време. Ние сами тргнавме по вторпат да плаќаме и ни рече дека нема потреба, затоа што првиот преглед не можел да се изврши комплетно, поради лоша позиција на бебето.
Изгледа за близнаци збори членкава со двата термина. Иако и тоа не е нормално, и доктор нрма да те набрка зошто за 15мин видел само едно бебе на пример
Да за близнаци закажав два термина. Еден по друг за да има повеќе време да ми посвети и тоа по препорака за да не е се на брзина. Они можат и со еден термин да видат се што е битно пошо тоа им е рутина, но сакав да имам повеќе време за да ми објаснува како и што гледа.
Која е цената на скринингот? Јас правев таму за син ми и бременост водам таму ама не прашав. Ми рекоа само заедно со приска 8800. Ама мислам дека приската им е поскапа од Авицена
Сметките ги фрлив ама мислам околу 2500 дека беше, а вториот скрининг е поскап околу 4000ден. Јас приска не правев ама можеш со извештај од скринингот да идеш во државна да ти земат крв за приска само мора во ист ден да биде.
Втор скрининг кај матичен лекар платив 2000 денари плативме. Не знам како се движат кај други лекари. Се на се 40 минути се задржавме, на ехо гледаше 20 минути отприлика со објаснување со се.