Јас прашував и кај Органџиски бидејќи ми е блиску, ама околу 5300 мислам дека кажаа. Малку скапо ми се виде, ама демек имал нова апаратура и 5д не како другите 4д. Не знам дали е точно ова или се зафркават луѓето.
Да, кај матичен, кај овој доктор постојано си плаќам, 200 денари платив претходниот пат за мајчина книшка. Овој пат освен скрининг плативме 2000 и 500 за ПАП тест. Пред тоа кога не ми беше матичен ми наплаќаше за се. Паметам првиот скрининг во 12 недела ми го наплати 1000 ама не ми беше матичен. Сега за ова и јас се зачудив,ама слушнав кај него дека се се плаќа. Веројатно поради тоа што е добар и прочуен, од сите околни општини таму одат.
Добар и прочуен пак нека си биде, ама чим ти е матичен и плус трудница не треба да наплаќа за ништо, прегледи, брисеви, мајчини книшки, упати ... А иначе има матични кои имаат добра опрема и кои прават скрининзи, тие одат приватно без разлика дали ти е матичен
Епа изгледа докторов си наплаќа за се. Знам и други имаат ми кажано дека плаќале. Конкретно за Гевгелија, кај Елица се беше бесплатно за трудници, ми беше матична до пред еден месец и ништо не ми наплаќаше, ама не ми даваше ниту сликичка од ехото ниту мајчина книшка добив. Епрувети за брис сама купував. И таа има добра апаратура, ново ехо. Е сеа што веќе е стара и не ја бива тоа е друг муабет. На секое одење кај неа се каравме. Исто било и кај Поп-Кочев иако има приватна ординација на бремените жени на кои им е е матичен ништо не им наплаќа.Кај овој доктор не сум била, ама не бил нешто којзнае колку добар, не знам и апаратура каква има. Сега, а и од почетокот одам кај доктор Гетов, повторно приватна ординација, сега ми е матичен, но сепак се наплаќаат скрининзи, мајчина книшка итн.Ми дава сликички од ехо, епрувети не морам да купувам има кај него. Брисевите ги носев во лабораторијата во Валандово, со упат од него, тоа беше бесплатно, исто и проверката на крв и мокрача повторно со упат, бесплатно.
Здраво на сите девојки јас сум бремена после 2 спонатани и една биохемиска бременост некаде 8 - 9 недела со ТРОЈКА На почетокот на јануари бевме за прво ехо за срцева акција и беше уреден. Сега здравје во февруари сум на скрининг тој во првото тромесечие како ке дојде не знам точно.Сакам да ве прашам за искуства Дали ке може да ми кажете кои се испитувања се прават покрај скрининзите и се разбира за скринизите? Јас лично не би сакала да испуштам ниѕу едно испитување сакам да ги направам сите. Премногу сум стегната за сето ова поради претходните искуства и плус дека се работи за повеќеплодова бременост среќна и исплашена. Но со Господ напред се надевам дека ќе помине се во најдобар ред.Ви благодарам однапред.
Најпрво честитки за трите срценца,здрави и живи да се родат. Штом сте слушнале срценца следното ехо ти е скринингот освен ако ти инсистираш на уште едно ехо,е сега зависи кој доктор те води и каква процедура има обично околу првиот скрининг имаш испитување на крв и мокрача ,торч,приска и ако сакаш некои од најновите тестови нифти,верифи итн. Пред се тоа најмногу зависи од докторот што ќе те води,инвитро правеше?
Јас пред 3 и пол години правев и нешто беше позитивно не паметам што неколку пати испитував и на крај докторот ми рече така изгледа си родена,сега пак ми рече да правам. Со резултатот да одам на првиот скрининг и со крвна слика,прашај го докторот дали треба
Ке прашам обавезно. Малку ми е безвезе, многу чекав на институтот за јавно здравје, да ми земат крв за торч, многу гужва во мал простор, секакви лугје. Можеби е поубаво некаде на приватно да направам, но е многу поскапо.
Ќе си одиш најрано сабајле, јас отидов пред да отворат и прва бев. Немаше луѓе, баш од тој страв вака направив. Јас направив 12-13-14 недела, не памтам баш точно. Никого не прашав дали да правам, само упат од матичен гинеколог зедов.
девојки најточни недели за втор скрининг? во сите болници различно кажуваат,на сите страни различно пишува бреее првата бременост не ми текнува ич кога бев листот којзнае кај сум го ставила за да проверам пишува од 18та до 22ра кажуваат од 20та до 24та.. јас закажав за 20+1 дали ќе се види убаво се како што треба? кај димчев пак си закажав во систина, таа што ми закажуваше термин вика МИСЛАМ дека е океј во 20та и сега ми е на мисла...
Денес бев на прв скрининг кај матичната од самиот преглед сум презадоволна. Се што гледаше на ехо се трудеше убаво да ми објасни. Бeба е супер си расте, рече напредна е машала. Викам не ме ни изненадува и првото дете се роди големо иако јас сум мало човече Дабростонот ми ги прекина, рече да почнам со фемибион 2 и магнезиум да ја зголемам дозата. Потоа бев да направам приска, иако не сакав, матичната има став ,, сите го прават и ти направи го. Исто и за пораѓај малку фативме муабет дека царски па да ми препорача некој да одам на договорено. Рано е ама ја со време да најдам ,,врски,,