ОПОМЕНА ОД МОДЕРАТОР: Не ја злоупотребувајте опцијата за редактирање! Навистина е себично да ја уништувате темата откако ќе си добиете одговор на вашето прашање. Не е фер и кон членовите што се потрудиле да дадат корисен совет. Одговорите на вашите прашања не се наменети лично само за вас, туку и за оние после вас кои ќе имаат проблем сличен на вашиот.
Девојко, како си го издржала ова досега? Јас искрено ти се чудам, твојата посветеност е за восхит, но погрешно ти е насочена, па се граничи со наивност и глупост. Не те навредувам во никој случај, но и самата велиш дека си знаела! Си била свесна и повторно си се подложувала на такво измачување и патење. Верувам дека секоја жена во себе си има таква садо-мазохистичка жичка, сакаме да патиме, да плачеме, да се измачуваме, ама ти дефинитивно си претерала. Тука во возраст си ставила 4 години, веројатно од брзање и лутина ама верувам дека си млада, животот е пред тебе, пред сите нас, пробај да го избришеш на секој можен начин, едноставно отсечи го од твојот живот, биди силна и упорна. Знам дека сега изгледа незамисливо и тешко, речиси невозможно, ама веќе си свесна дека не бил добар за тебе, штом го знаеш тоа, полесно ќе се снајдеш понатаму, бидејќи ситуацијата од ова, преминала на ова Убаво си направила, поубаво здравје! Не ти треба ваков во животот, посакај му среќа со која и да е девојка и нека брка работа! Сакаш целиот живот да патиш за некој што не те заслужува? Додека тука се мрсулавиме, помисли дека можеби е со друга и слободно мрази го! Додека да станеш индиферентна кон него ќе помине некое време, а дотогаш... абре плукај го! И точка.