Јас ја гледам Во почеток ич не ми се допаѓаше ,ама сега ми стана ептен интересна па си ја гледам.Изгледа единствени сме
И јас ја гледам чат-пат кога имам време и кога ќе ја начекам. Добра приказна е. Последниве 5-6 епизоди ич не ги гледав, па од понеделник ќе фатам да укопчам до каде стигнале.
Зшшш?Мене пак беш ми е ок,за разлика од Ханзаде Инаку ме изнервира вчера Лејла -сама си го бараше да ја киднапираат И да не знаеш Галип со која ќе остане
Серијава пак ја даваат на Канал 5. Само сега синхронизирана на македонски Ја загледав некаде од средина премиерно кога одеше, не беше лоша само мислам малку глупаво и очекувано заврши. Едино ми сметаше таа Ханзаде, како ме нервираше, ко некоја ретардирана се понашаше. Со тој мажот и Галип сите проблеми ги направија и на крај само тие останаа живи, здрави па уште и "среќни до крајот на животот" Инаку единствено оваа и Кога лисјата паѓаат ги имам пратено од турските. Ако не се рачуна и Имотот на дамата само затоа што тогаш кога одеше репризата бев дома и телевизорот беше пуштен. Другите не ми привлекле внимание.
Јас ја изгледав веќе Бугарија помина одамна.И тука изгледа еднаш поминала.Ептен ми беше интересна САмо многу тажно заврши.Ептен сплетки има и многу ми беше со интриги и се.И жална беше.Цело време во нетрпение и исчекување.Не знаев дека вака се вика Гледајте ја тие што не сте ја гледале,ептен е интересна.
^ Да ја даваа еднаш веќе и кај нас, пред 5-6 месеци заврши Интересна беше, серијата се на се беше жална, но не заврши тажно. Баш онака имаше типичен фин ала шпанска серија, демек го убија лошиот и си живееја хепили евр афтер и искрено тоа не ми се допадна многу, после сите интриги, неизвесности и драми, така очигледен и "боза" крај. Особено не после тоа како главните ликови цело време самите си ги предизвикуваа проблемите. Стварно од време навреме газеа по нерв ама да не се повторувам сега. Инаку јас сум и благодарна на оваа серија, оттаму убаво си научив неколку турски фрази и зборови Пак сакам да ја гледам, ама или имам обврски тој период или спијам, па не можам да ја фатам. А сигурно ја имаат упропастено со синхронизацијата сега