Скршивте огледало и што сега??? Апсолутно ништо. И тоа со правосмукалка итн доста пати се повтори. Од прва беше смешно.
Скршивте огледало и што сега??? Имам скршено 68786958758675857 огледала во животот. И имам среќа и во школо и во љубов и во се. И ај чао.
Скршивте огледало и што сега??? Проверена работа и тоа неколку пати. Не успешно секако....Среќна сум. А несреќа како смртен случај сигурно не е ако си скршил огледало, тоа е веќе судбина. Многу мразам бабини деветини.
Скршивте огледало и што сега??? Ништо сега! Чисто суеверие. Ако имаш среќа ќе имаш секогаш, независно колку огледала ќе скршиш!
Скршивте огледало и што сега??? Колку огледала имам скршено, па еве ме си имав врска 2 годишна, убава. Е сега не сум во врска, не дека скршив огледало а имам и среќа на чколија, сите години со сите 5ки ги завршив Што значи, ништо страшно
Скршивте огледало и што сега??? До сега бог знае колку огледала сум скршила и никому ништо ова е чисто суеверие,камо среќата да ни зависеше само од тоа дали сме скршиле огледало или не..
Скршивте огледало и што сега??? 1. Кршење огледала Скршете огледало и заработе си 7 години несреќа. Изгледа будалесто, но сигурно, за секој случај, секогаш сте внимателни покрај огледалата и не практикувате карате битки во нивна близина. Потеклото на ова суеверие датира уште од каменото време, кога првиот пештерски човек го здогледал сопствениот одраз во некое езеро кога отишол да се напие вода. Не знаејќи ништо за оптиката и рефлексијата на светлината, тој заклучил оти човекот во водата е неговиот двојник и според некој закон, дели дел од неговата душа. Според тој закон, векови подоцна, кога огледалата биле измислени, станало јасно дека доколку некој оштети огледало, неговиот двојник (а со тоа и дел од неговата душа) ќе биде оштетен. А, доколку го скрши, голема била веројатноста душата да му остане заробена во огледалото (како негативците во „Супермен 2“). Постои и уште поедноставно објаснување. Огледалата од стакло (за разлика од оние направени од полиран метал) не биле достапни до некаде во 16-от век. А тогаш, биле екстремно скапи и достапни само за високата класа. Предупредувањето за несреќата всушност важело за слугите кои ги чистеле, зашто ако се случело да го скршат... па да речеме дека во тоа време било многу полесно да се замени човек отколку едно огледало. Или, доколку семејство од средната класа се решело да купи огледало, предупредувањето за несреќа важело за децата. Доколку го скршеле, седум години е веројатно периодот на штедење што ќе му бил потребен на семејството за да купи ново огледало; а децата наместо несреќа добивале седум години ќотек.
Скршивте огледало и што сега??? Како во супермен 2...хм интересно. Јас како во трансформери го трансформирам остатокот од огледалото во џебно огледало, ако е читаво и безбедно за употреба секако.
Скршивте огледало и што сега??? Не верувам!! На другарка ми на одмор кога бевме и се скрши многу големо огледало ( што не е ни важна големината ) ,па ништо и се нема случено.
Сакам да кажам... не се секирај само ако верувас во такви работи измиј го лицето со камилица (така барем вика баба ми) ја не верувам у тоа...ама ако ти е страв...
Земам и се траќам од земјата. После плаќам некој да ме заклучи во визбата доле да не излезам 7 години да не ме бие малер. Ја,ја стварно. Не најозбилно,не верувам во овие работи. И немам ништо против тие што веруваат.
Да бе, отпрвин ме тепа психа и се туфкам - леле, кај вака ја несереќна, уште несреќа на седма ми фали. Ама кога ќе помине еуфоријата која најчесто трае 3-4 минутки, си се присетувам дека е уште една бабина деветина и ајт, бркам работа. True story.
еднаш скршив огледало со огледало така две огледала .... се лизнав и тоа е... и од тогаш животот ми тргна од лошо на најдобро ... (No sarcasm)
И сега фаќам метлата и кантичето. Не сакам да се повредам на стакленцата распрскани на сите страни Инаку ни јас не верувам во тие бабини деветини дека доколку скршиш огледало несреќа ќе те следи 7 години. Ама да беше така, јас досега ќе бев нај несреќната персона на оваа планета. Рушам рекорди во кршење огледалца
Обично кога ке скршам огледалце си купувам ново и го ставам на истото место коде што било старото ( и демек не се скршило старото)