Ќе си свариш чај од камилица и ќе се оплакниш по лицето. Инаку во суеверија не верувам, ако ти се скрши, како што велите вие: ќе си го фрлиш в канта и трк до продавница да си купиш ново.
Што сега ?! Епа ќе зачистиме стакло да нема.. Поголема глупост од тоа дека 7 години несреќа ќе те следело ЗДРАВЈЕ! Живи глупости. Мислам дека ова мислење се провлекува низ народот веќе со години наназад што е малце глупаво
Јас сум не видена огледалокршачка...незнам колку огледала ми се имат скршено...па сега можеби цел живот ке бидам несреќна ако не и повеќе суеверие ништо повеќе....неверувам во такви работи
Ех па и вие.Се случува на секој.И што ако скршам огледало ? Луѓето викаат дека нешто лошо ќе се случи.Ама со силна воља и верба се се може. П.с. јас не верувам во ова повеќе. Каде ќе ни биде крајот ако веруваме во се што ќе слушнеме ??
Глупости во боја е работава со 7 години несреќа. Ама доколку има некој што верува, зборуваат дека ако скршиш огледало и сега демек за да се поништи клетвата од 7 години несреќа треба да мавнеш со стаклена чаша во ѕид... Е да бе, кај огледало ке искршиш, па уште чаша да треснеш. Јас не верувам во ова, ама другарка кршеше чаши како пијаница.
и јас не верувам во тоа сигурно во постарото време го измислиле ова за да бидат малку повеќе претпазливи децата да не кршат огледала
и трк да купите ново огледало каква несреќа бе тоа се глупости .... и башка, што баш 7 години? оти не 6 или нешто друго ... пссс бабини деветини бе
ии одма ќе те удре некоја мисла у глава ии 3 год несреќа и одам чистеш и трк ново огледало да земеш..
Јас претходното лето скршив огледало баш кога бев на одмор и сите почнаа да ме заплашуваат леле 3 години несреќа некој викаа 14 години несреќа во љубовта али онака не слушав и баш не верувам во тоа...
и мене ме изнасмеа, не ми се десило еднаш .. сто пати сум скршила, еднаш нашкола пошто си имам обичај да си носам, пред некој ден фрлив со сестрами со едно огледалце.. нема врска јас не верувам во ова .. суеверие е само :Д
Првпат ми се случи да скршам огледало, пред некој месец во студентски. Јас се засекирав дали ќе треба да го плаќам, а ова седум години несреќа на памет не ми падна
Со скршените парчиња сечам вени зашто 9 години ќе ме следи несреќа...ххх го собирам и продолжувам со животот што друго би правела ?!!!!!!!
Ништо, ќе си купам ново . Сериозно, талент сум за кршење огледала, сите сол ги напрајв, па никому ништо