Тоа се чисти глупости... обично понекогаш им велам на другите дека верувам, а понекогаш и сама измислувам вакви глупости, за некого да излажам... Ви се верува ли, сите ми веруваат!
Па јас колку што имам огледала скршено ќе треба несреќата да ме следи до крајот на животот и 3 години после тоа...
Ќе исчистам и ќе внимавам да не има некоја срча и да не се боцнам...Па да ми течат крвишта,да треба да ставам хидрохени,фластери и да ме пече... ..И после ќе идам да си купам ново...Па што друго би правела?!
Не верувам! Како да не. Мене баш ми се скриши огледалото од сенките,го носев в ранец нашколо, Спојлер ради тоа што после школо имав настап па немав време да се враќам дома да го зеамам и му седнав тап-бап.И оп се скршило лошото по него нека оди. Иначе од ко ми се скрши тоа,мене ме следеше среќа! Ми се случи една од најубавите работи во животот.
До сега немам скршено огледало, пу пу пу да не се подречам. Не верувам во тоа за 7 години несреќа, ако ми се скрши, ќе ги соберам срчите и ќе ги фрлам. Една моја другарка скрши, па го лепеше со лепак од страв за несреќа.
Ова на Гламстик го најдов. Следни на мојот список се.... огледалата. И здрави и скршени. За здравите огледала се вели дека се прозорец на душата и портал кон „оној“ свет, и токму затоа, во куќата каде што има мртовец се покриваат сите огледала со чаршафи во случај при изнесувањето на мртовецот да не се види неговиот одраз во огледалото, бидејќи со тоа неговата душа засекогаш ќе остане заробена и ќе талка меѓу двата света, со неможност да се ослободи. За скршените огедала, сите знаеме, наводно носат „7 години несреќа“. Но дали сите знаеме од каде доаѓа ова суеверие?! Постојат две најголеми претпоставки во врска со овие огледала: Првото датира уште од раното камено доба, кога човекот за прв пат го видел својот лик кој го рефлектирала површината на водата. Според тогашните верувања таа површина (водата) ја рефлектирала душата и доколку таа се заматела (или водата почнела да се бранува) душата ќе останела таму вечно заробена. Втората претпоставка, онаа која ги носи тие „7 години несреќа“ датира од средновековието, кога едно огледало било премногу скапо за фамилиите од средната класа, па доколку се скршело тие морале да работат напорно цели 7 години за да соберат доволно пари за да купат ново огледало. Епа сега, пак е на вас да мислите што сакате и за ова, само јас да си кажам дека пред 4-5 месеци скршив огромно огледало, околу еден метар височина па тој период ми беше баш одличен. )
Не верувам во ова. Бабина деветина ми е искрено... Останало некое верување од минатото, најверојатно било луксуз да имаш огледало, па сите што го имале го чувале како нешто свето. Обично примитивно верување според мене.
Вчера скршив огледало,се надевам дека наредните 7 години нема да ми се несреќни ,некако не верувам во тие работи
И сега... НИШТО ! Уствари да, собирај срчите и во канта. Спојлер Нареден пат купи си поубаво... За инат де. Не верувам бе во такви празни суеверија и НЕ ВЕРУВАМ ! Е така... ЧАО СЕА
Ако скршите огледало и имате некој стар орман, купете силикон и украсете го стариот орман со парчиња од огледалото.
Ова е своеверие-ако скршиш огледало седум години несреќа ќе те прати.Јас до седа имам искршено четири огледала кои ми паднале од раце,и пак сум среќна.Како мала кога си играв скршив едно и пред две години скршив три.Но ете пак сум си среќна.Не е точно тоа дека ако скршиш несреќа ќе те прати.Ако сакаш и дваесет искрши ако имаш среќа среќен ќе си,ако немаш нема да си,тоа воопшто не зависи од огледалата...