1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење без леб, благо, грицки и газирано

Дискусија во 'Диети' започната од dietgirl, 31 август 2013.

  1. dietgirl

    dietgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    97
    Од денес почнав свој начин на исхрана што ќе го спроведувам долготрајно зошто со диетите одам од крајност во крајност или гладувам или се прејадувам со глупости.Од сабајле јадам пар овошја ако ме фати глад и уште едно,за ручек што има со една кришка нутри лебче а за вечера дел од ручекот или чаша јогурт со едно јајце нешто така колку да ми е празен желудникот.Поточно од пред 3 недели пробав да се хранам така и за две недели ослабев 4 кила ,но и постев,со пауза денес почнувам пак.Ако имал некој искуство со ваков начин на исхрана нека пише.
     
    На Aleksandra1977, MackaVoCizmi и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Значи јадам храна со помала масленост.
    Го избегнувам лебот,освен ако некој ручек не може да се јаде без леб-јадам две кришки црн леб,колку да не биде без леб.
    Не пијам газирани сокови воопшто,благо многу слабо-освен ако ми падне шеќерот :wasntme:
    Грицки не доаѓаат во обзир.Значи јадам се,такаречено,но без леб.
    А....ако ми се пријаде навечер јадам чоколино. 8)
    Избегнувам многу калорична храна.И да не го изоставам вежбањто. :)
    Си ја држам истата килажа,но некогаш пазам да не ослабнам многу. :D
     
    На MackaVoCizmi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Мојата диета :D си ја обожавам без многу напор а се слабеј моја препорака јадете зденки или муслии за поручек а докулку ручекот мора да биди со леб јас си земам едно парче двопек а од време на време знам да си се почестам пица или слично ама па тоа се случува 2 пати месечно така да нема врска :angel:
     
    На deniz333 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dietgirl

    dietgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2013
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    97
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    денешно мени
    појадок сливи 500гр
    ручек ориз со пилешко,1 кришка црно лебче и многу салата
    вечера таратор или дел од ручекот со многу салата
     
  5. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Тоа е и всушност целта, да се смени начинот на исхрана и притоа да се изгуби ВИШОКОТ килограми а воедно и да се води поздрав живот. Диетите и гладувањата проследени со нив имаат само јојо ефект, истите килограми ќе ви се вратат кога ќе престанете со диетата.

    Оние кои сакаат да го тргнат вишокот што не им треба, потребно е да го сменат кон поздрав режимот на исхрана без држење на диети и гладувања. :)
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Кај мене делуваше на слабеењето само со тоа што се откажав од бел леб, благо, грицки, газирано и брза храна. И морам да додадам, многу вода! Не сокови со конзерванси, со растварање и слично, чисто вода. Една етикета на фрижидер за секогаш кога ќе посегнеш да знаеш што не смееш. Тргнете ги од видик сите овие работи, за да не посегнувате по нив. Со тек на време откако ќе се откажете од овие работи (се разбира не е грев еден-два реда темно чоколадо неделно), ќе почнете помалце да ставате зејтин и повеќе да ги печете јадењата, него ли да ги пржите и зеленчукот и овошјето ќе гледате да ви е што позастапено. Доколку јадете салата со оброкот, помалце ќе внесете од покалоричното, а сепак ќе се чувствувате најадени. :)
     
    На Zlatka44, Ana122 и jjoovvaannaa им се допаѓа ова.
  7. DayaThorneLove

    DayaThorneLove Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    6
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Јас една недела не јадев благо,леб,грицки и не пиев сокови и ослабев 3 кила!Секако тука се активностите,секоја вечер играм кошарка во школски,правам стомачни,правам вежби за зацврстување на нозе и сум задоволна.Направив пауза ама пак ќе продолжам на истиот начин!Без леб,благо,грицки,сокови.
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Од пред 1 недела решив и јас да пробам нешто друго, зошто ниедна диета не ми се погаѓаше, ун диетата мене ме дебелее зошто така јадам повеќе од вообичаено, некои други глупи со изгладнување.
    А сега решив вака, по 1 недела едно исто јадење. Минатата недела пример за дуручек овошје или перек, кифла..... Ручек цела недела грашок со пилешко. За вечера супа, салата и ако има пилешко јадам ако не ништо. Салати, неограничено, таа недела јадев и благце, ама оваа недела ќе се тргнам од тоа. Сега ми е на мени ориз.
    Да напоменам дека грицки и газирано исклучувам скроз. Па ќе видиме дали ќе има некакви резултати, а да и заборавив чаеви исто така пијам. Зелен чај, некој за слабеење, овошен...
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    ^ Ова е најпогубното нешто кое можеш да си го направиш на своето тело.
    Плус од цела недела ориз, бери-бери ќе фатиш! Добро де, од една недела можеби не буквално, ама секако ќе направиш штета на својот организам и нема да биде незабележана со сигурност.
    Од ваква диета може ќе имаш резултати проследени со стомачна болест и паднат имунитет, а и нели останати глупости слични на гореспоменатата болештија.
    Пробај со јадење на свежи и незготвени плодови поделени во повеќе оброци, а не со едноличност.
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Сум пробала и така, ама не ме најадува :( :( стварно не знам како да си помогнам. Морам, ама морам да ослабнам зошто на ништо не личам, срамота е!!! Сакам барем едно 8 кг да симнам. Стварно веќе немам памет.
    Знам што е нај добро и воедно нај здраво...али јбг стрвна сум.
     
  11. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Не сум голем љубител на леб и газирани пијалаци, но сепак знаеме каква ни е нашата македонска трпеза и јадењето без леб, исто како да не си јадел.. (посебно во сезоната на ајвар и домашен мармалад) .. јадев леб, но не колку што јадев благо и грицки, всушност тоа е и целиот мој проблем..

    Почнав прво со лебот и благото, постепено, се помалку и помалку, со газирани пијалаци лесно ми одеше, бидејки не ги сакам баш, потоа грицките ( оххххх тешко беше ) но се убедвав самата себе, психата почна поинаку да ми работи .. Успеав, 40 дена поминаа а јас освен една коцка црно чоколадо на 20иот ден немам каснато ни леб, ни грицки, ни благо а камоли газираното. Мислев никогаш нема да можам, сум пробала и порано, но се ке издржев и на ред доаѓаше моето најголемо искушение БЛАГОТО и тука паѓав..
    И ЕДЕН ДЕН РЕШИВ ...
    Овесни житарици со јогурт/млеко за доручек или пак јаболко рендано со канела во прав... ( одлична замена за благото .. )
    Ручек сезонска салата / шопска и пилешко или пак риба но никако свинско поготово пржено. / варен компир / или ориз ( но не јадам ориз воопшто па не го конзумирав ) значи ручекот ми се состои претежно од ова, секој ден си правам комбинација.
    Вечерата пак едно варено јајце или пак рендан морков со цеден сок од лимон ..
    и измеѓу овие нормално многу вода и свежо овошје и зеленчук. Исто така заклучив дека кога ке почуствувам глад ПОНЕКОГАШ но не мора да значи и секогаш, со една чаша вода ми поминуваше, што значи дека сум имала лажни сигнали од мојте ненавикнати цревца .. но некогаш и си јадев претежно салати .. се случуваше во првите дена околу 12 часот на полноќ и после тоа, ако останев будна покасно, да имам кризи, но со тек на време се намалија. Ослабев 4-5 кг без никаква физичка активност, бидејки немам доволно време за тоа ..

    но и да напоменам како што спомнав во др. тема пиев таблети за слабеење, но сепак мислам дека исхраната делуваше повеќе од тоа...
     
    На Pocahontas9 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Antonijaa

    Antonijaa Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    17
    слабеење без леб,благо,грицки и газирано

    Јас го практикував токму ова.Цели три месеци и со редовно вежбање успеав да симнам 12 килограми.
     
    На lunchy и karenin им се допаѓа ова.
  13. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Од утре и јас ќе се придржувам кон овој режим ,со мал исклучок на утро за поручек со малку леб ....пааааа....wish me luck :) :)
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    И јас безуспешно пробував да ослабнам на овој начин и иако не конзумирав леб благо грицки газирано не успевав да ослабнам.А не успеав зошто се прејадував само од зготвеното јадење.Значи да се има резултати од ова треба да се јаде количински помалку,а не како мене што не станував од маса додека не осетам дека ке експлодирам,и после друг ми е крив што неможам да ги симнам 6 кила што ми се вишок.
     
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ова не ли е УН? :^)
     
  16. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Не, во УН не се мешаат протеини и скроб, тоа се два различни денови.
     
  17. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Најдов нешто интересно на нет во врска со диетава и навистина има смисла,па можеби за оние помалку упорните ќе може да помогне http://www.nosdiet.com/ SO GOOD LUCK :) ;) ;)
     
  18. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    102
    Ова применете го и ви ветувам од стартот имате плус поени во губењето килограми.
    Ова е главниот принцип, овие се најнепотребните состојки за вашето тело.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Да секако може да се слабее без тие работи,НО без физичка активност џабе ти и секоја диета :)
     
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    и колку се слабее вака ?