Јас пробав со intermittent fasting и имав солидни резултати, само бара придржување до режим и трпеливост.
Протеини и масти Диетата ти е одлична,ем нема да бидеш гладна ем ќе имаш резултати. Ун диетата ти е ненормална
Пиеш лаксативи или пробиотици? Претпоставувам дека исхраната ти е доста сиромашна со влакна, исто така. Како запекот? Еве, нека е како што тврдите, дека јаглехидратите не се битни за работа на мозокот. Битни се за конгнитивната функција. Затоа еден од најчестите негативни ефекти на кето е намалена концентрација, па и "заматување" (brain fog). Плус растителните влакна се битни. Недостаток на јаглехидрати и растителни влакна зголемува ризик за Алцхајмер. Патем, речиси испитувани сите луѓе што доживеале над 100 години, живееле на диети со висок внес на јаглехидрати (околу 80%)
Никакви диети, никакви глупости...јадете здраво, исфрлете бел леб, вештачки шеќер, брза храна, грицки, вештачки сокови, газирани и енергетски пијалоци,внимавајте на комбинацијата на намирници. Внесувајте вода барем 2л, чаеви, супа, зеленчук и овошје, јаткасти плодови, месо печено, манџи и чорби без запршка, редовно вежбајте. Сигурно- видливи резултати по 1 месец. Со ваква исхрана за 3 месеци се прават чуда и станува начин и стил на живот. Проверено.
Првите денови се осеќа вртоглавица,несоница и намалена сила дур да завлези телото во кетоза. Одкако ќе влези во кетоза,почнува да ги троши телесните масти фактички телесните масти се претворат во енергиа. Растителните влакна го одржуват инсулинот во нормала али растителни влакна и фибри имаш во зеленчукот. Ова диета е доста напорна али доста ефикасна и нема спортист кој не ја држел. Можи да проба и со carb cycling,малку полесна диета и исто така ефективна.
Како немаало врска? Види изгуглај зошто е потребен шекер на телото да функционира Колку ослабе за еден месец?
8 кг Се согласувам, шеќерите како и протеини, масти, витамини се неопходни. Зборуваме за шеќерите од овошје и зеленчук, кикири, бадеми, ореви, костени,мед...и многу се битни наутро за енергија во текот на цел ден. Не се опасни се разградуваат постапно.
Нели зеленчукот е ограничен во кето? Патем прогуглајте, не за џабе најдолговечните луѓе доаѓаат од Сардинија и Окинава. Здрави јаглехидрати, многу зеленчук и протеини од живина и риба/морска храна се рецепт за здравсрвено најполезна и најбалансирана исхрана. Ако толку ви треба режим, прогуглајте за Медитеранската диета.
Несмее морков,цвекло,домат,пиперка,зелка...Можи блитва инспанаќ,брокула,карфиол. Тој зеленчук што содржи шеќери несмее да се внесува. Хидратите неможе во целост да бидат одфрлени пошто во секоја храна хидратите се присутни. Во фстакот имаш и фибри и хидрати и зато во кето се присутни околу 10% хидрати. Бцаа не е дозволено пошто дирекно се претвора во шеќер. Фруктозата е природен шеќер и е единствен хидрат кој не се искористува за енергија туку се складира во црниот дроб. Ако црниот дроб се засити од хидрати и над то се додаде фруктоза,тој шеќер се претвора дирекно во сало фактички се складира во маст. За старт на денот се внесуват чисто протеини брзо апсорбирачки и хидрати со низок гликогемички индекс. Ако си на диета, тогаш може да се заменат хидратите со масти. Мастите можат да се користат за енергија и протеинот може да биде искористен за енергија ако е потребно. На сабајле чим внесеш шеќер,се крева инсулинот и нагло паѓа и после неколку минути добиваш поспаност и пад на притисок. Мајка природа така не создала...Со мастите немаш инсулински спајк туку добиваш енергиа од нив и исто така се трошат телесните масти за енергија и во тој случај се топи вишокот сало поправо се претвора во енергија. Пробајте не е ништо страшно. Ако видите дека не одговара спрема вас,едноставно одите на друга добра диета пошто секој однас различно реагира на диетата. Мене ми одговара но за да знам дали ми одговара морав да ја пробам
Зелка смее. Од кај во зелката голема содржина на јаглехидрати? И не одговори за дали пиеш лаксативи или пробиотици.
Факт е дека од Кето диетата се добиваат добри резултати и дека се слабее. Ама според мене ич не е здрава. Не сум експерт, ама не е бе луѓе здраво секој ден да се крка толку месо. Сега ќе Ви кажам нешто што ми го има кажано еден доктор и после имам и мн читано на таа тема. Кога организмот “вари“ односно разложува храна, не може да прави многу други важни процеси во исто време. Тоа е фокусирно да ја разложи храната, да ги извлече важните материи од неа, да ги складира, да ги апсорбира, а неважните нели да ги исфрли. Кога ние го оптоваруваме телото со храна (поготово месо,бидејќи тоа најтешко се разложува, на телото му требаат од 24 до 72 часа за КОМПЛЕТНО да го разложи и свари месото.) тоа не може да врши што се вика НА РААТ други функции. За да бидете здрави и со нормална тежина, треба да јадете помали оброци ,на кои им треба помалку време да се сварат. Така и метаболизмот ќе ви биде побрз, и нема да го оптоварувате телото. Све треба да се јаде. И благо и леб ,само во нормални количини и не секојдневно. И секако да се избегава секаква храна што е спакувана. Јас сум СКЛОНА кон дебелеење. Да јадам глупости една недела, верувајте сигурно ќе качам 5 кг одма. Имам 55 кг затоа што пазам. Јадам Све ама балансирано. Месо не јадам секој ден,јадам 3 пати неделно, јадам мн зеленчук, овошје јадам секој ден по малце, јатки исто секој ден малце, тестенини јадам ама кога јадам гледам да не јадам огромна чинија туку помала. Леб не јадам секој ден. Благо исто јадам ама пак не секој ден. Знам и пица да кркам и сендвичи ама гледам тоа да не е повеќе од еднаш неделно...Мислам дека ваквото хранење е најдобро за здравје пред се. И мене знае да ми се погоди ете една недела да јадам повеќе тесто од што треба и верувајте стомакот ама експресно ми се зголемува,одма салце ми се прави. Ама одма се приметувам и ставам кочница па јадам повеќе свежа храна и се враќам одма во нормала.
Е незнаев за зелката баш Иначе непијам лаксативи ни пробиотици засега. Моментално сум на булкинг и немам проблем али и на диета ко бев немав мака. Од бананите имам најголем проблем зато и ги избегавам
Општопознато е дека газираните пијалаци, благото и белиот леб (бели пецива и тестенини) придонесуваат за зголемување на килажата, ако не се внимава со нив. Доколку се исфрлат подолг период, резултати ќе има обавезно.
Да , минус едно кило за еден месец.... Едно прашање дали некоја што има искуство со диетава добила запек или имала проблем со желудникот и цревата?
Јас мислам дека УН диетата односно повеќе е режим на исхрана отколку диета е многу добра, со одлични резултати, а и здрава. Лично јас не сум ја користела, постојано се нагодувам ајде од понеделник и тој понеделник никогаш не дошол , но сум член во групата на ФБ и што гледам слики од жени од пред и потоа што ја држеле имаат огромни резултати, дури некој што ја имаат држено повеќе пати имаат и по 20 кг симнато.