Како мислиш, не те разбирам. Те прашувам дали ги броиш калориите на се' што јадеш и пиеш во текот на денот? Доколку да, колку изнесува бројот на внес на калории во еден ден?
Можеш да јадеш манџи, салата, месо и да внесуваш повеќе калории од што трошиш. За да слабееш, треба да си во дефицит на калории. Друг начин нема. Не знам колку килограми имаш, не знам која возраст си, не знам дали вежбаш. Но ете, да речеме дека трошиш некои стандардни 2000 калории на ден. Можеби ти постојано внесуваш 2000, 2200, 2500. А не си свесна. За да слабееш, максималниот внес ќе треба да ти биде 1500/1600.
Дали некој ја има користено Lose it! Апликацијата за да се ориентира со внес на калории и дали му има помогнато??
Devojki sto mislite dokolku se jadat samo salati , ovosje i meso i sekojdnevno da se vezba kolku moze da se oslabne za 1 mesec ?
Со таа килажа не и препорачувам мн да вежба , остај ти овие бабини приказни околу вежбањето ! И препорачувам возење точак или бавно пешачење , бидејки може да и се искриват и нозе а може и да добие големи повреди ... Имам пишувано погоре дека моја другарка имаше 90 кг и со овој режим и само пешачење , за 4 месеци дојде до 60-65кг
Она вежба пилатес и добто и оди со физичка активност вежба со месеци веќе , и има и кондиција ама не слабее пошто јаде и сега се реши конечно да напрај нешто
Еве јас ќе ти пишам, се хранев баш како што напишала Liu. Појадок: смути од една зрела банана (да е поцрнета кората за да немаш потреба од засладувачи), боровинки, незасладено бадемово млеко. Топинг од 14 бадеми и сиров кокосов чипс. Ручек: манџа од моркови и компири. Додаваш и зачини, на пр. сол, црн бибер, куркума, црвен пипер. Вечера: салата од рендан морков, цвекло, спанаќ и чаша кафеав ориз или чаша киноа. Потоа пијам златен чај, се прави од незасладено растително млеко (препорачувам бадемово поради малиот број на калории) или вода, куркума, црн бибер, а можеш да додадеш и ванила екстракт и лажица мед како засладувач. Ако сакаш да ослабеш секако треба да внимаваш да не внесуваш многу калории, оти и со здрава храна можеш да се поправиш и со нездрава храна можеш да ослабеш. Се е до калориите.
Ако мислиш оние со парчиња чоколадца и разни овошја и други додатоци, би ти препорачала да не ги јадеш, доколку сакаш да ослабиш. Имаат премногу шеќер. Подобро е да земеш чисти житарици, всушност тие се многу здрави и одлично е да ги јадеш секогаш. Чист овес, не оној "овесна каша" со ароми за 1 оброк. Овесни трици, 'рж, пченица, интегрален незасладен корнфелкс, итн. Имаат многу влакна, малку шеќер, доста протеини, а и јаглехидрати. Ќе те држат подолго сита, а ќе внесеш добри нутритивни вредности.