Немам време да готвам а морам нешто друго да земам набрзинка од маркет ...а нема што да се земе све нездрава храна
Овесот и овесните трици не мора да ги готвиш. Стави ги во сад со вода или млеко навечер, наутро ќе ти бидат спремни за јадење или носење на работа. Можеш да ги искомбинираш со свежо овошје и дузина јаткасти плодови. Исто така и корнфлексот, ставаш во чинија, додаваш млеко и јадеш.
Некако не ми се убави тие јадења и никогаш не сум ги јадела ..изгледа ќе морам навечер да готвам бидејки по маркетиве ништо нема
Почнав од вчера. Не можам со Ун да издржам, па затоа вака. Проверено и одобрено . Можеби оброците ќе ми бидат поголеми количински, но целта не ми е да намалам на килажа што е можно побрзо, туку полека. Ќе видиме колку ќе издржам. Паралелно си бројам калории на MyFitnessPal, да имам некаква ивиденција. Вчера не ме фати криза за благо, денес многу ми се јаде. Вчера за доручек едно јаболко и витанова плочка(веднаш грешка). Ручек: 2 варени јајца, грст зелка со лажица масло, 1.5 парче домашен црн леб, лажица урда. Ужина 1: пола банана и лажичка путер од кикирики Вечера: овесна каша со 4 лажици овесни, мед, какао, пола банана, малку шеќер, цимет Ужина: јаболко и лешници. Денес: Д: 2 зелени јаболки ( додека другарките јадеа крофни со крњм и тост ) Р: околу 60гр пилешко и ориз, грст зелка со лаж. масло, пола краставица, 1.5 парче леб, урда Ужина: пола банана, лажичка путер од кикирки В: истото од вчера Среќно
скроз ти е обратен редоследов за јадење. никако не смееш да јадеш јаглехидрати за вечера. тие треба да се јадат за доручек. овесот јади го наутро и шеќер никако да ставаш. ручекот треба да ти е најголем оброк во денот и треба да е протеински. зеленчук плус протен ,јајца,месо или риба плус здрави масти како на пример пола aвокадо или салата со повеќе маслиново масло плус протеин.Океј ти се ручеците само исфрли го лебот и место него јади поголемо количество зеленчук. за вечера треба да јадеш зеленчук. после вечерата не ти треба мн енергија и затоа се јадат растителни влакна или можеш супа од зеленчук. ако јадеш овошје, ставај во овесот сабајле , како ете пола банана или јаболко. после не јади веќе овошје. не ти се мешам ,ама ако јадеш вака како што ти кажав за три недели ќе видиш резултати, поготово стомакот и струкот. пс. млечно не јади ако ептен мораш тоа нека биде кефир или козјо сирење. не јади спакувана храна и рафинирани шеќери никако поготово не такви барчиња кои се цели шеќер. Вода 2 или 3 литри мора. и избегавај легуми ако можеш,како леќа ,грав, грашок. мн дујат и тешко се варат. јади ама не често.
како да се пие повеќе вода??? на работа неможам зашто многу често одам во тоалет , не ми дозволува работата (погон е, само трчам до вц и е не баш изводливо)...а башка немам навика за вода пиење.. Има некоја финта или ?
да, да не пиеш мн одеднаш пошто така одма ќе ти се оди во тоалет. јас пијам по две три голтки на секои 15 минути. кога пиеш само по две три голтки а често, не ги оптеретуваш бубрезите толку. имам стаклено шише од 1 литар и секогаш е со мене. и знам дека дента треба три пати да го наполнам.
и уште нешто што ја го практикувам и мн ми помага. ама не може секој.наизменично постење се вика. јадам 8 саата во денот, а останатите 16 не јадам. трите оброка во текот на денот ми се во тие 8 саата. на пример јадам од 10 до 18 часот или 11 до 19.
Фала ти на советот. Но немам услови наутро да јадам било што освен овошје, нешто од маркет или бело пециво. А најчесто навечер вежбам и ќе бидам гладна со супа. Не сакам толку да се оптоварувам со храната, важно ми е да не внесувам благи и грицки, газирана вода и така пијам, а бел леб не јадам. Сум пробала вака да ослабнам, кај мене успева.
овесот можеш од вечер да си го спремиш во кутивче, и поубав е стоен. а тоа што вежбаш навечер нема везе со храната, ти ја имаш енергијата од сите оброци во текот на денот. а после вежбање јаглехидрати ако јадеш, инсулиот ти се качува,тие даваат енергија, не знам како заспиваш а и се ти се лепи како сакаш нормално, јас само мислење дадов со среќа
Се согласувам со @LunaGrey. Мојот режим е: Доручек: овесна каша со јаболка/ круша/ мандарина, цимет и малку агаве сируп. Ужина: банана, малку јатки и урми Ручек: протеин (од растително потекло- киноa, просо, грав, леќа, грашок, боранија...) и свежа салата од макс 2 вида зеленчук со хималајска сол, малку маслиново и лимонов сок. Понекогаш зеленчукова супа. Вечера: салата од макс 2 вида зеленчук или ако сум многу гладна после вежбање сладок компир+ салата или леб без глутен+намаз хумус+краставица+пиперка/морков. Идејата е наутро да се јаде овошје кое е кисело или неутрално (јаболки, круши). Јатки се комбинираат само со слатко овошје. Авокадо поради мастите не се меша со овошје. За ручек протеин+салата. Скроб+ протеин- никако. Вечера зеленчук. Поентата е да се јаде храна која е комплементарна и која се вари во еднаков период. На пример цеден сок се вари за 20 мин, банана, јатки 2 саати, протеин повеќе од 2ипол саати. Да напоменам дека режимов само на кратко го објаснив, а јас не го следам поради слабеење иако има голем ефект кај истото.
Добар ти е планот и ти поскувам успех но она што го јадиш за вечера. Со доручек јаболко и витанова можеш само да умираш од глад и да се онесвестуваш, немаат никаква нутритивна вредност. За вечера само салата, ручек протеини задолжително не мпра секој ден месо има и зеленлук богат со протеини. Ужинката ако ти е потребна ставија меѓу доручекот и ручекот, доколку доручекот ти е добар односно житарици, јајце, јогурт, тонус леб, овошје, јаткасти плодови нема да ти биде потребна ужина. Јас на утро јадев смути од банана лажица путер од кикирики, 10 бадеми, аронија, малини, лупен сончоглед чиа и ленено семе и јогурт. Комбинациите варираат зависи од вкусот.Планот ти е супер ама направи поинаков распоред на оброците. Доручекот е најбитен ! Вода 1 и пол до 2 литри. Физичка активност исто така. Со среќа
да и јас се сложувам дека не мора секој ден месо, јас мн ретко јадам месо, можеби еднаш на две недели. денес на пример изедов две плескавици направени од наут и леќа со салата и мн ме заситија. мене на приме ич не ми се јаде наутро и воопшто првиот оброк,па со сила јадам, или чиа пудинг со овошје и путер од кикиритки или овес или јајца. Не може само со јаболко да се помине, бомба му прави после на телото за ручек. И да напоменам ,порано само ручав и вечерав и бев подебела. Мора да се доручкува.Не мора одма штом се стане и рано наутро, ама докај 11 барем да се изеде оброк.
Dali ima nekoj vo ovaa grupa so hipoterioza kako se spravuvate so kilogramite jas nikako ne mozam da namalam
И јас почнав некоја слична диета по препорака на имунолог и трансфузиолог поради здравствени проблеми. Значи мене ми е дозволено да јадам овошје, зеленчук, месо и млечни производи,.. Суво овошје, јаткасти плодови, манџи може се освен компир и ориз. Брашно и шеќер никаков. Се јаде од 12 до 8 часот вода, кафе, и чај, и к вода може да се конзумира.... Почнав на 17.09 со килажа од 75,4 кг... И очекуваме до крај на октомври месец - 5 кг. Контрола ми е закажана за 26 октомври па се надевам ќе успеам
Еве јас на пример, од 7ми август наваму си направив некоја моја варијанта меѓу Кето и Хроно диета, односно, наутро јадам 1-2 лепчиња од био диме интегралните или едно парче проја или зелник (со интегрално ржано, хелјдино брашно), со протеин (фета сирење, врат, пршута, печеница, некогаш и некоја салама), или просо со урда и семиња, доручекот ми е кај 12, 13ч хааха ама што да правам кога предтоа не ми се јаде... за ужина некогаш каснувам неколку зрна аронија или малини или јагоди (тие имаат многу малку шеќер) или ред чоколадо со 85% какао, или неколку бадеми, лешници...потоа ручек/вечера имам тек околу 19ч, најчесто колбас или некое парче месо, со салата и супа (фидето од супата не го јадам) или јајца со салата. Имам изгубено 5 кг до сега, не се многу ама во цм има баш воочлива разлика, пак си пијам и алкохол на пример бело вино, конјак..(во кето се дозволени повремено), и јадам многу млечно, грешката ми е тука.. во глобала имам само 2 оброци на ден ама и работата ми е статична седам во канцеларија и не осеќам баш потреба за јадење а и забележав дека протеините многу подолго го држат човек сит, одколку јаглехидратите. Кафе само со стевиа. Во глобала избегавам се што содржи шеќер и бело брашно.