Ништо такво имам проблем со генска мутација која ја задржува фолната киселина и трева да се избегнуваат.... Ќе се издржи што да се прави... 4 месеци
Сабајле станувам околу 8 часот. Пијам 2 чаши вода и кафе и си свиркам до 12. Еве неколку дена и секој ден е полесно и полесно.. И да ви кажам немам апетит. Не ме фати срце се измерив сум скинала 2 кг одма што знам дека е течност ама имам чувство дека овој режим ќе ми прија ептен
Претходно сум држела диети ама најважна е организацијата .Во недела одам на пазар и со списокче си земам овошје и зеленчук гледам да е повеќе зелен марула,рукола,блитва .Се мијам и средувам во најлончиња така сум опремена.Станувам околу 8 ч,обврксите со работа ми почнуваат околу 9 ч/Пијам кафе и 2 чаши вода и си варам чај да ме држи до 12ч.Во 12 почувам најчесто со овошје до кај 14 часот кога веќе ми треба нешто посериозно јајца,туна,месо ,павлака нешто што сум си спремила и секако салата.Јадам количински повеќе да ме држи и следниот оброк ми е околу 17ч со многу салата и месо или риба евентуално.Ако осетам глад јадам или јаткасти ореви или лешници домашни да не се печени или солени и вода,вода ,вода .Околу 19 и 30 ми е последниот оброк тогаш ме фаќа криза најтешко ми е јадам некое овошје што се препорачува да се јаде сабајле ама јас си се тешак подобро овошје него хамбургер..На овој режим сум 7 ден .А даи наеднаш прекинав да пушам цигари и малку сум напната ....да не речам нервозна...И така си свиркам цел ден....
Од 17 септември почнав се мерев вчера од 75,4 сум падната на.. 73,6.....се надевам до крај на месецов на 71 кг
Искрена да бидам, од кога го фрлив благото, лебот, тестенините, чипсовите, се чувствувам како издишан балон. Секој ден се чувствувам се полесно, имам повеќе енергија, имунитетот ми е доста зајакнат. Водам некој тип на УН диета, со тоа што го скокам јх денот. Инаку протеински, овошен и скробен редовно го држам, но не по редослед, туку што ми се јаде во денот тоа ќе јадам. Има резултати. Веќе 12 кила ослабев за 3 месеци. Иако сум зависна од благо, поради здравствени причини ми препорачаа да го исфрлам скроз. Ама решив, поради добро поведење, има да се частам некој опасен колач што ќе ме држи уште месец ипол.
За 3 месеци - 10 кг... Све јади да биде варено, печено, пржено ретко само со маслиново... Ама лебот исфрлетего, благото и грицките, и секако соковите секакви освен домашно цедено... Повеќе јадете риба и пилешко... Резултати брзи и лесниии
Па имав 64 кг, а 168 висина... И се осеќав малце поправена... И сега сум 54 и мислам дека сум одлична со килажа.. Многу вишок не, но би требало и на мн вишок да делува исто, можеби ќе треба некој месец повеќе но ќе делува
Искрено не вежбав, само го тргнав лебот скроз, благото скроз, грицките скроз, освен понекогаш интегрални грицки, сокови ич освен свежо цедени домашни, шеќер ни во кафе не ставав... Колку и да сакав нешто да пробам не сум пробувала ни едно залче од тоа што сум рекла нема да јадам... Зашто одма ја стопираш диетата на некој си начин.. Првата недела беше тешка, ама со инат и желба да ослабнам успеав неможеа мислите да ме победат да поќробам да јадам нешто... Додека не дојдов до посакуваната килажа ништо не пробав... И што е најважно сега јадам све веќе неколку месеци и килажата си стои иста, не се враќаат килограмите, тоа ме радува најмногу
Почитувани , за колкав временски период се појавуваат резултати? Јас сакам да стартувам од пон. но проблемот е откажување пред се од благо,па леб.
Решисе се на лебот и на благото наеднаш, верувај дека можеш! Иначе резултати ќе видиш за еден месец најмалце 3 килограми
Со овој начин на исхрана и јас се доведов до посакуваната тежината, само не јадете леб, благо , тестенини газирано и ќе успеете. Кај мене е проблем.сега треба да се стегнам малку со вежбање ама тоа па ич не ми се прави :/