1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење без леб, благо, грицки и газирано

Дискусија во 'Диети' започната од dietgirl, 31 август 2013.

  1. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Тоа е најтешко кај сите, ама мораме :) доволно е пешачење почни со пешачење најмалце 1 час :)
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Дали јадевте помфрит?
     
  3. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.854
    Пол:
    Женски
    А дали пуканки смее да се јаде од грицки? Во овај начин на исхрана треба да се исфрли и маслото, се што е мрсно. Значи тоа дека и помфритот не треба да се јаде, а јас го јадам тоа кога седнувам со другарка некаде затоа што сметам дека е компир и нема проблем, ама пак има калории многу.
    Благото ми е најтешкото нешто за откажување, ама се трудам да го заменам со црно чоколадо со 75% какао, дали е тоа во ред?
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Реално помфритот е еден од најкалоричните оброци без нешто посебно добри нутритивни вредности. Гугл вели дека на 100 гр. помфрит има најмалку 300 калории. Сама ако си правиш дома пржиш ваљда барем еден компир со стандардна величина. А еден среден компир гарант тежи 200 гр. Така да, со помфрит внесуваме сигурно добри 600 калории, ако не изедеш и повеќе (јас јадам и повеќе од таа грамажа, јбг :D ). Башка кечапче, мајонезче, тартарче. Но сосема океј би било ако си мцнеш да речеме еднаш во 2 недели. Гледај остатокот од оброците да ти биде поквалитетен.

    Screenshot_20210821-192021_Chrome.jpg Screenshot_20210821-192534_Chrome.jpg Screenshot_20210821-192634_Chrome.jpg Screenshot_20210821-192844_Chrome.jpg Screenshot_20210821-193028_Chrome.jpg Screenshot_20210821-193100_Chrome.jpg

    Зависи кои. Оние купечките веќе испукани во ќесе и оние за во микробранова се полни со палмина маст и сол, и затоа се далеку покалорични и нездрави. Ако сама си го правиш и не е така лошо. Грубо кажано на 25 гр. има нешто помалце од 100 калории, што мислам дека ти е сосема доволно за грицкање. Но доброто е што имаат доста влакна, somewhat протеини и минерали.

    Screenshot_20210821-194249_Chrome.jpg Screenshot_20210821-194320_Chrome.jpg Screenshot_20210821-194708_Chrome.jpg Screenshot_20210821-194828_Chrome.jpg

    Црното чоколадо со висок процент на какао е супер, има здрави масти, нема многу шеќер, и има одредени витамини/минерали. Мој совет ти е да го мешаш со нешто за да си правиш ужинки, и така ем да си каснеш благо, ем да се заситиш. Бидејќи колку што е здраво, истовремено е и многу калорично, всушност покалорично е од другите чоколади поради масленоста (добри 600 калории на 100 гр.). На пример, свари си овес во вода и додај неколку коцки од чоколадото. Или измешај банани, јајца, овес и напрај си палачинки, па додека се печат на тавчето додај искршено чоколадо во палачинката. Можеш и да изблендаш банани, путер од кикирики и чоколадо и да го замрзнеш и така да си мцкаш сладолед. Или на оризови галети, намачкај путер од кикирики, стави неколку малини и изрендај од чоколадото.
     
    На JoyJoy, Sweetlove_0312 и Justicija им се допаѓа ова.
  5. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Помфрит никако... Нешто најкалорично
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nutri001

    Nutri001 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Машки
    Компирот не само што е многу калоричен... Самиот компир содржи скроб кој се претвара во шеќери, а тие шеќери во маснотии-холестерол, затоа компирот најубаво да се исфрли скроз или да се замени со сладок компир кој е предобар за диета-здрава храна, ако веќе сакаш некогаш ретко да каснеш компир тоа нека биде варен, или печен, но со маслиново масло... Исто и оризот бел не е добар за здрава храна и кога сакаме да симнеме килажа и да намалиме маснотии и шеќер во крвта, има интегрален ориз кој е подобар од белиот,бидејки исто како компирот и оризот полн е јаглехидрати кој се преработуваат во организмот како шеќери и масти... Црно чоколадо е океј и здраво но во умерени количини, све што е претерано не е добро, и овошје да се претера не е во ред... Најбитно е да се има навика на помали оброци почесто да се јаде, и тоа да биде све ниско калорично, и секој леб треба да се замени со Тонус ЛЕБ, кој е со цели ртени зрна, и е предобар за слабеење. Повеќе течности и некаква активност најмалце 1 час во денот дали тоа било пешачење, возење велосипед, вежби по дома, скокање на јаже... И све тоа доведува до одличен резултат
     
  7. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Забрането од лекар се горенаведено дозволено овошје зеленчук месо риба млечни јајца печурки тиквици јатки семки мешунки ориз и компир комбинирано со месо.Вчера почнав денес до 12 овошје вода јатки семки тиква нес со овесно млеко
    Ручек 14 час риба гравче салата
    Вечера гравче и салата
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Можеш и Тонус да јадеш, така ми кажа матичната.
     
  9. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Држев ваква диета лани. За само месец ипол ослабев 10 кила, ама и многу напорно вежбав. Од исхрана ги исфрлив следниве производи: Секаков вид на сувомеснато и млечни производи, секаков вид на солено и благо, пецива, тестенини и сокови густи. Сама се ставив на стриктна диета напорно беше првите 3 недели ама се навикнав. Не јадев после 19 часот навечер! Еве што јадев секој ден:
    Прво чаша со млака вода и лимон малку, после тоа 1 чаша зелен чај со доручекот.
    12 или 13 часот: Доручек: Прва варијанта: Пржени јајца со бибер и малку црвен пипер со половина краставица. Втора варијанта: Овесни снегулки со замрзнато шумско овошје со цимет и чиа семе.
    15h Ужина: 1 Банана или овошна салата или пак две оризови галети со путер од кикирики.
    18h Ручек: Варен пилешки стек со морков и компир или со боранија и грашок варено пилешко. + зелен чај.
    Вечера не јадев, еднаш или два пати направив сендвич со една кришка црн леб намачкана со сенф и малку краставица... И обавезно зелен чај навечер пиев.
     
    На Cosmic Girl, diskreten32 и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  10. Marija Stela

    Marija Stela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2018
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    3ден
    Овошје јатки вода какао со овесно млеко
    Р.сарма со салата малку кашкавал
    В.кисело млеко со зеленчук
    -1кило за два дена
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    овс звучи супер! а што вежбаше?
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Идев во теретана првиот месец, 20 минути на оваа лентата за пешачење, после на велосипед 10 минути и некои други справи каде што правев вежби за раце и нозе. После вториот месец дома вежбав по 3 пати на ден. Најдов вежби за стомак и нозе, ги комбинирав. За раце џабе правев вежби не видов некоја голема разлика.:sweat: Многу ослебев во лицето, стомак и бутовите. Ејј ако сакаш пиши ми порака ќе ти ги пратам видеата од кои што вежбав дома. :)
     
    На KittyAgnes и diskreten32 им се допаѓа ова.
  13. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Плус заборавив да кажам дека од зелениот чај и водата со лимон многу ми се прочисти лицето од акни :).
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    thanks! Мене твојов план му звучи супер, само јас за вежбање ќе почнам со пешачење, со време ич не сум флексибилна па затоа не ми се уплаќа никаде а дома немам простор за вежбање :| а ова со јадење планот ти е супер освен вареното пилешко, не можам варено месо сма ич,земав airfryer па ќе прават со тоа :) ај wish me luck имам 10 кг за симнување
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    само уште нешто, ти се вратија брзо кг?
     
    На ivanamackica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Па не баш, значи лани пред да почнам да вежбам имав 65 кила, ослабев на 55. Сега после една година имам 61 :|:smirk:
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Со среќа :D:sun:
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.038
    Пол:
    Женски
    Искрено ни јас немам многу простор за вежбање дома, на кревет ги правев вежбите за стомак и нозе. :lol::lol::rofl:
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Почнав со диета слична на насловот.
    Порано имав неколку обиди ама неуспешни, затоа што не бев дисциплинирана, те следев принципи ама не доследно. Од пред три дена почнав со построг режим.
    Тоа значи целосно не конзумирање на одредени состојки, намалување на внес на одредени состојки преку замена на тие одредени продукти со поздрави варијанти и промена во начин на готвење.
    1) не конзумирање или строга забрана важи за следниве:
    - Зашеќерени напитоци од било кој вид (газирани, негазирани сокови, ароматизирани води и тука ставам и леден чај, готови шејкови овошни јогурти и смутиња, готови кафиња)
    - Продукти со сатурирани масти или продукти со штетни масти (лиснати пецива, производи што содржат маргарин или палмина маст што значи не за еден куп продукти од 3во1 кафе до трајните лебови од жито лукс, скоро сите кондиторски производи од слаткиши, соленки, чипсови, грицки и сл глупости во пакетче, похованици, пржена храна, сувомеснати, мајонез, купечки сосови и намази (готови путери од јаткасти плодови), Зденка, павлака, хопла, крем сирење, продукти кои се замена за млечни производи а се од растително потекло никако). Значи за ова читам состав пред да купам, бирам полумасни производи и сл. Прочитам ли хидрогенизирани масти на состав или палмина маст, не го ни купувам.
    - Шеќер! Никаква сахароза! Значи не слатки, колачи, чоколади, бомбони, сладолед и сл.! Продукти со скриен шеќер кои многу често се прокламираат како здрави од типот на готови мусли, гранола, тз барови и плочки. Инаку шеќер има и во солени храни каде што не треба да го има како купечки кечап на пример па и тоа не јадам.
    - алкохол. Порано пиев чаша во специјални прилики еднаш на неколку месеци, а сега ич.

    2) намалив внес на некои продукти како масти од животинско потекло и појачав масти од растително потекло. - место полномасни млечни производи користам обезмастено млеко и млечни производи. Помалку кашкавал. Повеќе печурки, мешункасти плодови и јаткасти плодови за здрави растителни масти и протеини.
    - Место шеќер
    Само стевија. Место обично чоколадо, црно чоколадо со над 70% какао, само една коцка на ден. Место вештачки шеќер - овошје. Суво овошје кога многу ми се јаде благо ама тоа во строго ограничена количина. На пример две урми или две суви сливи или малку брусница, суво грозје. За исти ситуации мала лажичка мед.
    - Кога ми се пие нешто што не е вода: . Цеден сок од цвекло, морков и лимон, цеден лимон и портокал, чај.
    - интегрално наместо неинтегрално и излупено зрно. Значи интегрално брашно, ориз и тестенини
    - путер место маргарин ама помалку
    - маслиново масло место обично ама не за готвење на пример за салата или тестенини
    - повеќе морска риба, помалку месо
    - јајца не јадам, интолеранција имам

    3) Начинот на готвење:
    - она што може да се јаде свежо, го јадам свежо а не термички обработено
    - она што не се јаде свежо го обработувам термички со тоа што пазам на принципот на пирамида: најмногу да е на пареа или обарено, па сварено, понекогаш печено во рерна, а пржено не или ептен, ептен ретко.
    Deep fried и поховано строго забрането. Скара не особено не на ќумур.
    - растителен зејтин сведен на минимум, значи или без зејтин манџата или зејтин додавам минимално на крај од готвење кога ќе се намали температурата на варењето.
    - сол не исклучувам ама повеќе користам хималајска заради минерали
    Вегета исклучиво без натриум глутамат или сама ја мелам од сушен зеленчук и хималајска сол
    За вкус во јадењето користам зеленчук и зачини. Повеќе куркума, бибер, пипер, и Др антиоксиданси
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Лебот е најважната намирница која треба да се јаде, односно житариците. Не ми е јасно како може да не се јаде леб, да не јадеш житарици, па посебно за диета?! Јас леб јадам два пати, некогаш и навечер, кило немам мрднато нагоре да се здебелам. Секако, леб мора и треба да се јаде и е важен за луѓе кои сакаат да намалат килограми кои штетат на здравјето. Секако дека не зборувам за белиот леб од продавница, кој содржи висок процент на шеќер и истиот не може долгорочно да ве држи сити, затоа после некое време повторно ви се јаде, од прилика 2 саата, затоа луѓе кои јадат бел леб од продавница се склони кон дебелеење, бидејќи белиот леб се прави од рафинирано брашно и телото лесно го апсорбира како шеќер тоа е исто како да изедете многу шеќер, како што едно шише кока кола содржи од прилика 30 лажици шеќер.. Црниот леб е иста заблуда како белиов, дека леб не треба да се јаде, од како се почна на некој начин да се '' размислува '' но не доволно, луѓе почнаа белиот леб да го заменуваат со црн, грешка поголема од изразиве што ги слушам последниве неколку дена, еј па јас не јадам леб, никако! Еве и тоа ќе го појаснам, црниот леб не е ништо поразличен од белиот, во него се додава боја од кафе, какао, вештачки бои до црвено вино и свашта, ставете кришка црн леб во вода и почекајте да видите дека е боја, сето тоа се прави за производителите да заштедат. Лебовите што се купуваат во продавница, врска немаат со вистинскиот леб интегрален кои се прави од житарици, многу е глупо да се каже, дека леб не треба да се јаде, бидејќи во продавница нема леб како што треба. Јас леб правам со 1 шоља пченично брашно, 1 бадемово брашно, 3 лажици ленено семе, кокосова вода, неколку урми или агаве сируп, кокосово масло, сода или химајалска сол, ништо не се чека да нарасне и да се тегне како овие лебови кои не се здрави, здрав леб е тврд и не е растеглив, јас сите овие состојки ги месам како еден вид тесто и ги ставам на дехидратор и испаѓа убав и здрав леб кои заситува од 2 кришки... Се извинувам на долгиот пост, ама стварно ми се без везе не јадам јас леб.... (facepalm) и уште нешто, сите вие кои сакате да ослабете, движете се и пијте цедени сокови, барем сега е лето има доста овошје, човек да се движи 30-40 мин и да пие цеден сок, кг сами паѓаат.
     
    Последна измена: 2 јуни 2022
    На Ivanna23., cresa-jagoda, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.