Точно! Јас истово го зборувам. Има леб и леб! Не треба да се исклучи скроз од исхраната, туку да се јаде оној што е направен од интегрално брашно. Разликата е во хранливата вредност на зрното од кое се прави брашното. Сите хранливи состојки (рас. влакна, витамини) се во најголема количина во првите слоеви на зрното, затоа не треба да се преработува многу и да се лупи пред да се меле. Затоа е подобро интегралното од обичното бело брашно. Житарките се извор на Б витамини и не треба да се избришат од менито. Мојот леб го правам во домашна фурна/пекач. Ставам бело, ржано и интегрално брашно согласно рецептот. Го уклучувам пекачот и сам си прави се. За 2 и пол часа имам вистински црн леб, без адитиви и непотребни додатоци. Исто многу често периодов варам пченица, ја мелам и ја јадеме како десерт. Со цимет, ореви, ванила, кој како сака, ама сите ја јадат дома. И ова би рекла- оние корнфлекси кои ги купувате како ливчиња, да ги баталите. Иако се направени од цело зрно, зрното при обработката се изложува на огромен притисок кој во милисекунди го прави од зрно во flake. Тој притисок е толку голем што ги уништува сите корисни витамини, минерали во зрното, затоа што е еквивалентен на термичка обработка со многу висока температура. Така да во таа снегулка нема ништо освен празни калории и јадете нешто што е уништено со самото процесирање. И што прават после во фабриката со овие житарки без витамини? Па му додаваат синтетски витамини! Течноста со растворени витамини со прскалка се шприца врз килограмите и килограмите снегулки додека паѓаат тие од фабричката лента, пред да одат во пакување. И на крај, на кутијата ќе ви пишат содржи витамини, зботаено со витамини: б, ц, х, д, ѓ... Не фала! Ќе си јадам клавче ...
На доручек јадам Лебот со микс од зрна е направен од хранливо интегрално брашно, дополнително збогатен со девет семиња и житарки: семки од тиква, семки од сончоглед, ‘ржани снегулки, овесни снегулки, ленено семе, зрна од соја, пченични трици, пченични никулци и црн сусам. Благодарение на својот состав, овој леб е извор на протеини и ја надополнува здравата исхрана со исклучителен и единствен вкус. А за ручек јадам Тонус Претходно јадев Бел леб кој ме здебели, а и ми правеше голема тежина во желудникот.
Единствено што ми пречи кај лебовите коцкасти на жито лукс е тоа што им ставаат и палмина маст. Заради тоа избегнувам да ги јадам и заради тоа што од нив јадам повеќе кришки за да се заситам. А со домашен црн леб со пола кришка се најадувам. А купувам бел коцкаст за децата зашто сакаат тостови со нив да прават т е. клуб сендвичи..ама јас не го чепкам. Тонусот ми е ок, ако немам домашен леб..зашто најефтино ми е домашно црно лепче
Инаку за 7-10 дена сум намалила околу 1-1.5 кг со оваквата исхрана. Ме зезаше пријателката дека таа толку можела да симне за два дена, малку било. Не знам и велам тие два дена дали со изгладнување слабееш толку и што јадеш тогаш ама јас ова го постигнав со нормално јадење по три оброци на ден јадење до ситост, и со хранливи состојки, ништо не исфрлив (ни протеини, ни јаглехидрати, масти, а најбитно ни витамини и минерали).
Квалитетен леб е само леб направен во дехидратор за храна, друго се е благо речено '' ѓубре'' кое што само дебелее и негативно влијае врз здравјето.
Еве пример од неделава што помина што јадев. Ова се ручеци: - зелка манџа со малку јунешко месо, црн домашен леб и патлиџан салата со маслиново - интегрални макарони со туна, краставица, маслиново и лимон (ова многу го сакам со лук) - морска риба печена во фолија, а не пржена со малку пире од компири (домашно не инстант, со полумасно млеко и сосем малку путер). Салата шопска - тавче гравче без запржување со цвекло морков салата - пилешко месо печено со салата пиперки и патлиџани+ младо несолено сирење попракано со маслиново и медитерански зачини - мусака од тиквици со зелка салата За доручек: - варена пченица со цимет и јаткасти плодови - 5 Вида житарки со 4 мелени семиња, сува брусница/грозје, чиа, јаткасти, кисело млеко со 1% масленост - црно лебче со домашен хумус (ако ептен немам домашен земам и купечки ама избегнувам често намази) и младо сирење или урда - некогаш само свежо овошје
Звучи избалансирано и вкусно, како што и треба да биде. Мило ми е да гледам вака. Килограм и нешто за десетина дена значи дека си на добар пат.
Мене ме интересира што е разликата помеѓу белиот леб и остали? Во некои семки што ги ставаат во другите лебови?
Белиот леб нема никакви хранливи вредности, имам објаснето наназад, црниот е само '' фарба на белиот'' се додава кафе, какао, вино, адитиви за да се обои лебот во црн и едниот и другиот дебелеат, додатоци од најразлични семки, нема да го сменат лошото влијание на истите.
Нема врска ова, а и да ставаат какао зошто мислите дека е нешто штетно? Гледајте ги намирниците. Јас од КАМ купувам леб на кришки, со зелено на опаковка и е топ. Обично по протеините гледам колку е хранлив некој црн леб, белиот е само ЈХ. Белиот леб се чисти јагленихидрати и го дига шеќерот нагло. Црниот леб има влакна (од цело зрно на жито) и тие го намалуваат тој скок на шеќер кај ЈХ и помагаат за подобра столица. Тоа е главното, секако кај црниот има и разни хранливи материи.
Ништо не дебелее и не влијае негативно на здравјето толку многу додека е умерено и комбинирано, да бидеме реални. Нема потреба толку хорор приказни за леб.
Кога веќе зборуваш за реалност треба да знаеш дека здрав леб не се тегне и не е мек, дали се хорор приказни или не, не ме инт кажав како треба да изгледа леб кој е здрав и голема грешка е да не се јаде леб
Лебот од продавница има нула растителни влакна и нула хранливи вредности, кажав веќе стр наназад како треба да изгледа здрав леб, таков во продавница не може да се најде, затоа денес секој втор не јаде леб...
Јас не реков дека лебот е 100% здрав, не е спанаќ, леб е. Реков дека ако умерено јадеш, ниту ќе се здебелиш, ниту ќе ти го наруши здравјето.
Темата е за слабеење, треба да сме реални, впрочем имаш спомнато сега гледам, зашто какао да не се става кога не е штетно, какаото е штетно затоа што припаѓа на група теобромин и да не е штетно, црниот леб е штетен за луѓе кои сакаат да ослабат, леб се прави на дехидратор од пченично, кокосово, бадемово, хељдино брашно итн. Лебот од продавница за кој веруваш дека е од пченично зрно ти е всушност најбизарна комбинација од најмалце хранливи делови од истото со низа на вештачки хемикалии.
Ниеден леб не е штетен за слабеење. Јас го јадам тој што го споменав затоа што сакала или нејќела има повеќе хранливи вредности од белиот леб и не се преоптеретувам со други хемикалии ниту пак мислам дека некој треба. Дали е најздрав домашен леб кај што ти сам знаеш што ставаш? Да. Дали има трагични последици куповен леб за здравје и за слабеење? Нема. Може и со бел леб да се слабее затоа што леб се комбинира обично со јајца, месо, во сендвич што ги балансираат ЈХ во лебот и нема причина зошто во умерени количини не би се слабеело. Јас секојдневно јадам 2 кришки леб за појадок и често уште 1-2 за ручек или вечера (кога не ми се спрема друг тип на ЈХ) и си слабеам цело време, затоа што го гледам како најнормален извор на јагленихидрати.
Има и во продавница. Тие што се од цело зрно и се со скроз различна конзистенција од оние што се рекламираат како црни лебови а се исти како белите.
Аха, ок, со среќа слабеењето, само доколку јадеш свинско месо со леб, замени го, сепак свињата е најгадно животно, некако не иде за слабеење.