Слабеење без леб, благо, грицки и газирано

Discussion in 'Диети' started by dietgirl, Aug 31, 2013.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    5,868
    Likes Received:
    23,374
    Мене па само ме интересира кога се збори за влакна колку луѓе всушност знаат што зе влакната или само чуле дека се "нешто" што успорува дигестија.
    Да се разбереме, не алудирам на никој и ниедно мислење, онака само размислувам. Оти многу често ќе чуеш/прочиташ влакна, влакна ама кога ќе ги прашаш што се, појма немаат:D
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,858
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Не би, нема ништо послатко од печено прасе за некој празник. :)
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    5,868
    Likes Received:
    23,374
    А знаеш што е теобромин?:D
     
    Cosmic Girl likes this.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,447
    Likes Received:
    25,054
    А кое месо иде за слабеење?
     
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,858
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Искрено, не мора да знаеш биолошки стручно до детаљ за да знаеш како нешто функционира. Јас имав проблем со инсулин резистентност, истражував, нутриционистот ми објасни дека фибер се потешко дигестира и затоа нема скок кај шеќерот, тоа ми требаше да знам и доволно е.

    И општо се знае дека влакната се здрави за какање.
     
    Cosmic Girl likes this.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2021
    Messages:
    5,868
    Likes Received:
    23,374
    Добро повеќе ми беше за членкава што фати да збори за теобромини (а не знам дали знае што е) па и општо луѓе кои се (прават) стручни на слични теми.
    Пошто јас лично се имам изненадено колку нутриционисти екшали не знаат биолошки факти, метаболизам, што велиш ти, туку само како научено на памет што се масти, што протеини, што јх, што влакна и тоа е тоа.

    Едит.
    Зборот ми е многу треба за да бидеш нутриционист.
     
    Cosmic Girl likes this.
  7. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2018
    Messages:
    910
    Likes Received:
    5,302
    Gender:
    Female
    :drunk:
     
    franca likes this.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Не, не се само семките во прашање.
    Се работи за технологијата на правење на лебот. Односно за разликата помеѓу производ од цело зрно и производ од излупено зрно.
    Витамините и минералите се наоѓаат во најголем процент на површината на зрното или плодот.
    Дигресија: Ова важи и за овошје и зеленчук. Затоа треба да се јадат цели. Единствено е проблем во тој случај што на тој начин се внесуваат и сите хемикалии, пестициди, фунгициди и се она со што е третиран зеленчукот и овошјето. Така да ако знаеш дека е непрскано може и со лушпа да се јаде инаку треба да се лупат..да се вратам на зрното:
    Во лушпата се истотака и растителните влакна. А храната со растителни влакна е благодет за цревата, за добра пробава или дигестија. За да немаш запек и мрзливи црева треба храна богата со растителни влакна. Храната богата со растителни влакна исто така, подолго време те држи сита и нема брзо да осетиш глад после јадењето.
    Кога зрното се претвора во бело брашно тоа се соголува, не само од лушпата туку и од надворешниот дел од зрното. Од она што останало од зрното се прави најбелото брашно. Значи тоа брашно е од старт со помалку важни хранливи состојки.
    Секој црн леб мора да содржи бело брашно инаку би бил премногу тврд. Колку повеќе интегрално брашно толку подобро. Купечките имаат различни состави, треба да се види што пишува на него.
    Потоа кога се меси лебот за да добијат поголема векна од помалку брашно, помека и повоздушеста, му ставаат адитиви. Тие се чиста хемикалија. Имам пробано еднаш да направам домашен леб со адитив. Лебот доби поголеми дупчиња во него и мирисаше на купечки. Немав корист од него.
    Освен ова му ставаат и палмина маст или состојки кои се во маргаринот (синтетски масти) како ефтина замена за путерот зашто маснотијата му дава еластичност, помазна и помека текстура. Синтетски произведените масти како маргаринот се многу штетни за телото во секој поглед. Тие се тие масти што не треба ич да се јадат а најмногу ги има во лиснато тесто, односно на тој начин се прави слоевитоста на лиснатите пецива.
    Во секој леб се додава и малку шеќер за да се активира квасецот и за да има убав вкус, ама во некои лебови веројатно е да го има повеќе. А кога правам сама леб во векна од 1 кг оди само една лажичка шеќер така да точно знам што јадам.
    Семките во лебот се само додаток плус особено ако се интегрални од причините што ги пишав претходно. Само имај во вид дека препечените семки немаат иста хранлива вредност како живите, сировите. Зрното испечено на 200+ степени губи ензими и есенцијални масла. Најдобро е семките и јаткасти плодови да се јадат живи и непечени. Некои треба да се мелат за да може телото да ги искористи убавите состојки од нив како на пример ленот.
    Ленот ако не го измелеш ќе пројде цел низ цревата неискористен. Семките не треба долго да стојат на полица мелени, особено не на многу топло место зашто со тоа губат од есенцијалните масла. Така да испаѓа дека семките оние наросените од горе, како најизгорени при печењето се можеби повеќе декорација за пецивата него храна.

    [QUOTE="Tea678, post: 6190581, member: 124325"Не]Темата е за слабеење, треба да сме реални, впрочем имаш спомнато сега гледам, зашто какао да не се става кога не е штетно, какаото е штетно затоа што припаѓа на група теобромин и да не е штетно, црниот леб е штетен за луѓе кои сакаат да ослабат, леб се прави на дехидратор од пченично, кокосово, бадемово, хељдино брашно итн. Лебот од продавница за кој веруваш дека е од пченично зрно ти е всушност најбизарна комбинација од најмалце хранливи делови од истото со низа на вештачки хемикалии.[/QUOTE]

    Јас и татко ми сме жив пример дека се слабее со интегрален леб. Не ми е првпат да слабеам на овој начин. Татко ми кога беше во 50-ти години многу намали килажа и холестерол со овој принцип на исхрана. Јадеше само црн леб со што е можно повеќе интегрално брашно во однос на бело брашно во него. Значи леб од вистинско интегрално брашно.
    Само не треба претерување, кришка по оброк е сосема доволно. А не пола векна на едно јадење.
    Грешка си за теоброминот и какаото. Теоброминот е исто што и кофеинот само послаб ефект има од кофеинот во телото. Тоа значи дека стимулира нервен систем и работа на срцето. Ако се јаде умерено нема проблем. Какаото само по себе не е штетно, напротив содржи антиоксиданси кои се многу корисни. Дури и какао путерот сум читала дека е корисен и лецитинот истотака. Проблем во чоколадото е се другото што не е какаото односно најголем проблем е шеќерот. Него го има во висока концентрација во некој чоколади. За сметка на скапото какао додаваат многу други состојки за да добијат на маса. За најдобар бенефит од чоколадата треба да се избере онаа со висок процент на какао, значи минимум со 70% какао. Од неа ќе изедеш коцка две во денот и ќе добиеш максимум какао со минимум шеќер. Најлоши се крем таблите, во нив има многу малку чоколадо. Речиси и не се чоколади по состав туку шеќерни табли.
    Читајте состав на производите. Јас на пример бирам темно чоколадо што знам дека е горчливо на вкус. Краш имаат и чоколадо со стевија што е исто одлична замена за шеќер и може да го јадат и дијабетичари.
     
    cresa-jagoda and Srckata28 like this.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Точно е се ова. Баш пишав и јас истово пред да прочитам :D
     
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2018
    Messages:
    910
    Likes Received:
    5,302
    Gender:
    Female
    @Cosmic Girl Теобромин е штетна супстанца која покрај какаото се наоѓа и во кафето, во право си да, какаото и кафето хемиски се многу слични и на сл начин се штетни. Какаото е горчлива билка во форма на орев, бидејќи воопшто не е вкусна се користи во ферментирана форма, се обработува на висока температура во фабрика се додава многу шеќер, адитиви за да се добие вкус, ниту една чоколада не е здрава, бидејќи исто се прави, со шеќери без разлика дали е горка или не, многу се забега од темата, со среќа диетите со вакви размислувања :yawn:
     
    Last edited: Jun 10, 2022
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,858
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    И јас ова сакав да го пишам ама заборавив, конкретно лебовите што јас ги купувам мешаат брашна и се меки и растегливи, ама тоа што има бело брашно не ги одзема растителните влакна што интегралното брашно ги додава. :D И не се во никој случај обоени бели лебови.
     
    Cosmic Girl likes this.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Теоброминот е 10 пати послаб од кофеинот. Послабо делува на нервниот систем од кофеинот зашто потешко се врзува за него и има поблаг, но подолг ефект од кофеинот. Кофеинот има многу посилно дејство и посилни непријатни нус ефекти по конзумирањето за разлика од какаото. Какаото е вазодилататор и намалува притисок. Какаото содржи многу железо.
    Па сега види ти што е поштетно..коцка црно чоколадо или неколку кафиња на ден. А има огромна разлика од едно до друго чоколадо. Имам разговарано со часови со човек кој е беше директор на фабрика за чоколади и ми го објаснуваше составот.
    Во секој случај ако не сакаш чоколадо секогаш може да си користиш какао во прав.

    И нема потреба од сарказам.
    Не зборувам напамет, сето ова е од искуство со години. Сме пробале на своја кожа со моите најблиски и знам дека функционира. Вака со години се хранев пред да се омажам и да отидам во друга куќа. Не е ствар на среќа. Само треба и дисциплина.
     
    Last edited: Jun 10, 2022
    cresa-jagoda likes this.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Месото од разни животни има различно маснотии и протеини. Јас јадам најчесто јунешко, јагнешко, мисиркино и пилешко.
    Свинско месо не се препорачува не зашто животното е гадно (животните не се гадни ни приближно колку човекот) туку дека има многу поголем процент маснотии а помалку протеини. Но маста свинска е многу подобра од синтетички масти како маргаринот и кога се загрева не е толку штетна како зејтинот на пример. Но за луѓето со холестерол треба да се внимава, да се конзумира поретко.
    Некој ќе рече и јагнешко месо има многу маснотии ама тоа пак има и најмногу протеини од сите, до толку дури што не треба да се јаде во голема количина на еден оброк.
    Најголем проблем со месото е храната што ја јаде животното и медикаментите со кои се третира (антибиотици и хормони).
    Најдобро е месо од животно хрането на природна храна односно на трева (grass fed). Тоа тешко се наоѓа на наш пазар. Дури и поединци што одгледуваат стока и живина за себе ги хранат со готови мељавини, кои содржат се и сешто.
    Нема месо или млеко кај нас во кое нема антибиотик. Тоа да си знаете. Ова е информација директно од еден технолог од месна индустрија и друг човек што работи во млекара.
    Пријателка моја, биохемичар по професија ги следи анализите од институтот за храна и ветерина и вели сите млека имаат хормони во себе само некои имаат малку повеќе а некои помалку.
    Ако јадам мелено месо барам да ми измеле јунешко чисто.
    И секако подобро е риба да се јаде и тоа морска. Најдобри се масните риби зашто содржат повеќе омега масни киселини.
    И најбитно е како ќе го зготвиш тоа месо.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Дечки, погледнете ја чинијата што си ја ставате пред себе и што содржи.
    Ако е само месо и компир тешко дека е добро. Само салата исто не е комплетен оброк.
    Најголемиот дел од чинијата треба да е пополнет со зеленчук и/или салата. И повеќе од четврт од чинијата дури и пола од чинијата треба да е ова. Четврт да е месото и четврт лебот.
    Тоа е.
    И користете ги зачините. Никој нив не ги спомнува а клучни се за здравјето Куркумата, лукот, биберот, црвениот пипер, хербалните зачини, трупките...многу додаваат во храната.
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,826
    Likes Received:
    40,947
    Gender:
    Female
    Знаеш дека не конзумираш едно кило теобромин заедно со кафето и какаото, така?

    Како се уствари штетни какаото и кафето?
     
  16. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2018
    Messages:
    910
    Likes Received:
    5,302
    Gender:
    Female
    Процесот на обработка на чоколадата е алкален, горчлив, со што се смета за нездрава, тој вкус е поврзан со штетни алкалоиди, пиролизатим и др отровни супстанци. Теобромин во чоколадата е основен метилксантин, еден од штетните алкалоиди кои предизвикуваат, несоница, депресија, нервоза, стимулација на нервниот систем, бубрезите и јетрата воглавно се тие што се должни за чистење на отровите, а ако бубрезите работат послабо, теоброминот може да се нагомилава до многу повисоко ниво во крвта. Познаникот од фабрика, не ти кажал дека горкиот плод од какаото се остава да ферментира додека тука се наоѓаат глодари инсекти, впрочем постои книга којс е издадена од Америчкото министерство за здравство колку е дозволено при подготовка на чоколада да смее да има фрагменти од инсекти и колку влакна од глодари смее да се употребат, најголема заблуда е дека постои здраво какао, чоколадо.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Хаха па глодари и инсекти може да има сегде кај што има храна. И најверојатно има. Тоа е...
    Не ме плаши теоброминот. Секако не јадам многу од него. Има пострашни состојки во нашата храна кои не треба да се таму. А ги конзумираме редовно
     
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2020
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    9,324
    Gender:
    Female
    Ако се претера. Како поинаку.
    Луѓе шеќерот е пострашен и поадиктивен од овие состојки.
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,826
    Likes Received:
    40,947
    Gender:
    Female
    Хаха па сакав членката да ми даде одговор зашто тврди работи кои не се целосно точни, поточно малку извадени од контекст и преувеличени.
     
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Joined:
    Mar 9, 2018
    Messages:
    910
    Likes Received:
    5,302
    Gender:
    Female
    Ти како идна др за препишување лекови, би требало подобро од мене да знаеш зашто не се здрави какаото, кафето и чоколадото, а не да се чудиш зашто не се или иронично да ме прашуваш, јас не сум др и нека биде дека кажувам дезинформации, поважно е ти да си во право, само овие членки кои имаат проб со вишок кг нека ја поправат причината која ги довела до тоа, нездрав начин на живот. Убав викенд Ви посакувам :)
     
    Last edited: Jun 10, 2022