Сигурно ти не ги знаеш повеќе нашите тела од нас и зошто имаме "проблем" со вишок килограми. Прееска ти ги прочитав и останатите мислења во темиве за храна и диети и си имаш некоја опсесивност со здрава исхрана и само да знаеш дека ако толку многу размислуваш за штетата на какао и теобромин, не си баш здрава во однос на исхрана. Можеби се ќе беше во ред да не збореше со тој тон дека знаеш повеќе од сите и да навредуваш туѓи идни професии. Секоја храна е здрава во умерени количини, ама еден ред темна чоколада со поголем % на какао има и некои бенефити. Ама еве да ти кажам, и да не е ич здрава, пак би ја јадела и би била 100 пати посреќна од тоа да имам опсесија со теобромин и леб. Можеби и тебе ти фали парче чоколадо во текот на денот да не бидеш толку напната.
И фенилаланин ако се насобере го оштетува нервниот систем. Среќа па имаме јебени ензими да го метаболизираме до други метаболити. Исто и теоброминот. Отровен е за мачки и кучиња зашто немаат соодветни ензими да го метаболизираат, ние среќа имаме. Кога више тупиме... Леле ми текна една лоша вест. Семките од јаболко цијанид имаат... Леле може ќе умрам ако голтнам некоја...леле. Чекај, сега видов дека за тебе импактиран умник е од нездраво јадење....океј.
Јас не јадам пржено, леб, грцки, црвено месо, благо, газирани, алкохол и квасец. Ослабев 20 кг за година и пол. Уште 5 кг сакам и мислам да продолжам цел живот со диетава. Плус средив холестерол и триглицериди.
Ми текна идеја, ќе направиме листа со сите супстанци кои се токсични во поголеми количини а во мали количини се природно присутни во бројни работи што ги јадеме, и на секое ќе се расфрламе со имињава и ќе плашиме луѓе дека се отруени.
Не се сите дојдени до вишок килограми заради нездрав начин на живот. Пишував во друга тема колку е без осет кон другиот ваквото инсуинирње и коментирање. Луѓе се дебелеат и од медикаменти и хормони и здраствени проблеми. Не секој што е дебел јаде нездраво и не се движи. На нив да им кажеш поправи си ја причината е лесно ама тие знаат колку тешко се поправа. Па згора на се уште трпат и осуди дека се мрзливи лакоми или дезинформирани
Јас вчера ја сталкав и девојката исто има речено дека со мастики не трујат. Во СДК има кажано дека на дебел доктор не му верува и дека само на село луѓето се здрави и полесно минуваат вируси. Јас го имам пропуштено тој муабет ама вау. Екстрема до 100ка.
Браво! Мило ми е што има и други да потврдат дека има ефект. И да, најбитно во една диета е дали е одржлива, односно дали можеш да се храниш така стално а не периодично. Се работи за тоа да се прифати целосно поинаков стил на живот а не само повремено да си на диета..
Јас немам издржано повеќе од 1 ден без благо, камоли подолго. А ме интересира дали тие што издржале, имало ефект? (Притоа без вежбање)
А арсенот во оризот? И ориганото, циметот и бадемите се токсични во големи количини.. Абе ај ако не ништо да не јадеме. Рибата од тихиот океан после хаваријата во Фукушима е со зголемено ниво на радиоактивност ама радиоактивноста ќе си постои уште многу подолго од нашите животи. И што направија ? Ги корегираа нивоата на дозволеното за рибата од одредени ловишта. Не ја забранија. Е тоа е пострашно по мене. Пластиката и отровите што ние го ставаме во растенијата и животните а не требало да го има во нив.
Не е само за слабеење туку и за здравјето. Ако имаш подршка и здружено двајца е полесно. После навика станува.
Маж ми јаде се што ќе му дадам. Не се буни . Не можам баш да го натерам да пази си зема сам тоа што не треба без разлика на ручекот што му е здрав. А треба да пази и тој има холестерол ама не пази ко што треба. Децата ми се тинејџери. Ќерка ми не јаде се што јадам јас. Синот јаде како никогаш претходно јаде и здраво и нездраво, јаде се во големи количини и се лути ако нема и благо и грицки за после јадењето. Купувам само за него такви глупости. Ги гледам не ги пипкам.. Така да не сме ускладени ич. Некогаш правам за себе ручек и готвам две јадења. Некогаш сум во искушение да каснам од она што го готвам за нив. Сето тоа ги прави работите уште потешки за мене ама сфатив дека секој има свој потреби и неможе да очекувам исто сите да се храниме.
Не знаев дека толку сум те заинтередирала да до тој степен имаш читано мои разм. Ама продолжи можда ќе научиш нешто паметно јас штиклирав да не ја надгледувам темавс ама нз зашто ми стигнуваат изв. Дека некој ме цитирал, грешка изгледа
Абе верувај во што сакаш ама треба да не си контрадикторен сам на себе. Ако се луѓе од село поздрави зошто не се храниш како нив? Зашто не јадеш леб како нив? Месен дома од црно брашно од рж од трици што сами го растеле на нива и го мелеле сами? Зошто купуваш брашна за леб од состојки што не растат во твоето поднебје?
Ние направивме политика тоа да не се купува. Целосна забрана. Дури ни во кафани не одиме само во посовремени ресторани.
Искрено единствено нешто што може да се научи од твоите мислења е колку лесно се лажат лековерни луѓе кои немаат никакво познавање од природни науки. А убаво е тоа што си заинтересирана за темиве, само подобро ќе ти било да си го насочела потенцијалот да учиш нутриционизам отколку да потпаѓаш под влијанието на квази научници и лекари.
Арно сте направиле. Во принцип пазиме и ние ама он е слаб на грицки и сокови сам си ги купува и си го јаде/пие. Исто и за тесто и бели пецива. Сам си ги меси, не можеш да го сопреш.
Јас мислам дека @Tea678 по ливади собира печурки зашто тие у продавница се полни со адитиви, конзерванси, тешки метали. Е тие у природа со нешто друго се полни ама не ѝ кажувајте шшшшш.
Да треба и воља. Мене ме мотивираше тоа што неможам никако да се откажам од цигари, пробав се но...и викам ако правам една лоша работа на друго се може да компензирам, јадење, вежбање,алкохол и медитација. Се надевам дека сега ќе може да се фокусирам и на цигарите.