Епа еве пишав претходно. За 7-10 дена кило до кило и пол. Не вежбав во тој период зашто немав време. Тешка криза за благо имав првите три дена. Кока кола сакав и благо ама не земав. Исто како зависник. Јадев јаткасти и овошје кога ме фаќаше нерва. Или кафе си правев... Докторката ми рече во такви ситуации може една две свежи урми или коцка темно чоколадо со над 70 % какао. Шеќерот ствара зависност. Одвикнувањето значи и апстиненцијална криза во почетокот. Сега сум ок. Почнува да ми се невкусни готови колачи и слатки. Тоа е наредна фаза која ми почнувала негде после две недели нејадење благо... И порано имав обиди ама не додржував. Сега сум решена да не попуштам. Планирам од неделава да почнам пак со вежбање..
Халуциногените се најмал проблем. Јетра да ти откаже е страшното. Ама замисли вика близок на ручек и му спремила нешто со печурки собрани во планина јер поздрави се демек.
Се согласувам Сакам да се надоврзам дека јетра заболува и од шеќер јадење, за оние кои не знаат.. Шеќер и алкохол се метаболизираат низ јетрата на сличен начин и на крајот имаат речиси ист штетен ефект. Може да добиеш замастен црн дроб и од јадење многу благо. Не мора да пиеш алкохол.
Па не си ни интересна, печурките се сапрофитски организми кои живеат на изумрени остатоци , не ги вбројувам во нешто многу корисни за јадење , не се вројуваат во билки Овде ве напуштам, темата се наполни многу со оф топик, мило ми беше што разменивме некои мислења, секако не можеме да се согласиме со се, не рамзислуваме сите исто, впрочем ниту мора да значи дека некое мислење е погрешно доколу некој не се согласи со истото. Поздрав, имајте добро здравје
Да фунги се, габи. Бесценети се за природните циклуси на разградување и повторно раѓање и за животот воопшто. И лековити се, а премалку истражени. Тоа е чудото на природата: од нешто што умира и трули се раѓа нешто корисно. Храната истотака. Не мора да јадеш она што не сакаш, во секој случај... Поздрав Теа!
Јас месецов намалив кило, од цели 54 на 53. А изедов и пица еднаш, и лазања, и тестенини, 10ина пати сладолед, уште неколку пати нешто друго благце, неколку пати солени грицки, еднаш пиво. А јадев и леб купен од маркет, неколку кришки во неделата. Башка неколку тортиљи. И пак намалив кило. Е ај. Ама затоа и се преизнајадов секаков свеж зеленчук, и варен зеленчук, и овошје, и пилешко, и свинско , и мешунки, и житарки, и семиња. И 5 дена во неделата возам 10 км точак (не дека се многу, ама доволно), се качувам по 80 скали горе-долу минимум 3 пати во тие 5 дена и изодувам плус 3-4 км (не се ич за фалење, ама у комбо со сè друго се океј). Поентата ми е пак:
Леб си е леб, брашно си е брашно, квасец си е квасец, е сега што има врска ако некој леб е помалку калоричен сепак тој е леб и може да дебелее, а тие хранливите вредности можат и во друга храна да се најдат Јас сум за целосно елиминирање на било каков леб, тестото и пецивата, а вие како сакате на никого не му наредувам што да јаде
Што си јадете како здраво благо? Некогаш криза ме фаќа, а навистина периодов сакам малку да избегнам слатки?
Грчки јогурт со малини. Чиа во овесен напиток, откако ќе отстои и ќе се пудингнизира, додавам мало лажиче сируп од урма и овошје, периодов со јагоди и кајсии најубаво ми оди. Банана и путер од кикирики, само така мачкана. Или изгмечена банана измешана со путер и малце овесен напиток за да не е ептен густо, и во фрижидер ко сладолед се прави. Ако си за чоколадна верзија, плус какао. Палачинки од банана, јајце и овес со овошје, сируп од урма, путер од кикирики. И се спремам ова да го пробам: Само место мармалад, планирам или ништо да не стаам, или да пикнам изгмечени малини.
Одма штом ти го прочитав мислењето се сетив на благото што го правев последниве неколку дена, опседната сум. Basically, она што го постира @MissChievous ама со свежо или замрзнато овошје. Оризова галета, путер од кикирики, вишни (јас имам замрзнати, ги одмрзнувам) и одозгора стопено црно чоколадо и во замрзнувач 15 минути. Не знаеш колку е добро!! Киселкасто од вишните со благичкото чоколадо, крцкаво од оризовата галета, пре доб ро.
Лелее, фала ви многу, ќе пробам нешто обавезно. А последно што направив баш беше банана сечена и на неа путер од кикирики, па во замрзнувач и после тоа во црно чоколадо потопени. Цело време во замрзнувач ги држев, нешто како сладолед ама заби ми измрзнаа дури ги јадев . А треба и повеќе овошје да си купам, од што сум мрза и не ми се излегува на жешково ништо немам здраво за грицкање.
Не е само лебот што дебелее, дебелеј овезот, чоколино, рижолино, ориз, компир, компир батат, макарони, шпагети, гриз... Не проблем лебот што е нездрав туку проблемот е во нашиот организам, се закиселува, создава кисеоники кој се штетни за здравјето. Исто е и со месото. Не е штетно месото туку киселоста на организмот а сето то е поради што не јадиме базна храна.
Не се слагам дека дебелее лебот. Ако се јаде пример кришка црн леб ништо нема да ти биде по килажата. Нашите баби и дедовци во секој оброк јаделе најобичен леб без никакви хемии во него, па гледам колку беа дебели. Јаделе и ориз и компир. Не јаделе месо често, зошто било сиромаштија и немале месо често. Само за празници се јаделе мрсни меса, кога ќе ја заколеле свињата. Јаделе она што им растело по бавчите и нивите. Компирот иако е скроб во основа кој е исто во група на шеќери, сепак е полн со витамини и минерали кои не се за фрлање. Бататот па особено. Ако се касне понекогаш не би требало да е проблем за килажата. Проблемот е што ние го користиме премногу. Само да се припреми на здрав начин на кој ќе ги задржи хранливите состојки во себе, а нема да му се додаде непотребна маснотија. Значи убаво е да се испече на пример, а не да се пржи или вари (со варење сите хранливи состојки од зеленчукот одат во водата, затоа таа не се фрла туку се прави од неа супа или бујон). Јас батат обожавам. Го сецкам на коцки од 1-2 см. ги посипувам со сол, бибер, куркума, кари, црвен пипер или одам на хербална варијанта со мешавина од суви тревки, оригано, мајчина душица, магдонос и сл и ги печам на хартија за печење. Имам пробано и со цимет, како блага варијанта и супер се. За киселоста и базноста има вистина. Ако ги погледнеш листите храна кои припаѓаат на едната и другата група ќе ти биде јасно зошто. Во базниве, алкалниве храни се претежно овошје и зеленчук, јаткасти плодови, мешунки, авокадо, лиснати зелени.. значи се е добро. Тоа треба да се јаде почесто и тоа е таа храна што треба секој ден да ја јадеме. Другава група прави воспалителни процеси во телото кои може да стојат во основа на многу болести, не само да прават гојазност (артритис, дигестивни проблеми, кожни проблеми). А рижолино, чоколино и остали прашаци се „храна“ за бебиња која е адаптирана за нив. Прво страшно е калорична, зошто треба да им даде многу калории во мал оброк на бебиња што малку јадат количински во однос на возрасен, за да го држи сито бебето и да го збуцка (читај- полни се со шеќер). Второ не содржи ништо од свежа храна тој оброк, така да за мене тоа се празни калории. Имав една роднина која негде прочитала дека ако јаде вакви каши, зошто се течна храна, од нив ќе ослабе. Јадеше кашичка место доручек или вечера и се здебели многу кг, многу брзо. Тоа за мене не е храна, и не сум давала на бебе и не би го јадела ни јас.
Инаку, она што исфрлив истотака од менито е конзервираната храна. Во ова ја ставам и туршијата. Има некои што зборуваат за тоа дека ферментираната храна е добра за дигестивниот систем ама веројатно мислат на храна која ферментирала на природен начин, со оцет и без конзерванси. Како и да е спремено, сеедно. Го тргам на страна. Ако имам опција да јадам свежо нема да фатам конзервирано.
А како тоа Азицјите јадат толку многу бел ориз и нудли секој ден, а знаеме дека колективно се слаб и виток народ и живеат подолго? Не би рекла дека е само до генетика. Имам гледано едно видео од Joanna Soh, она објаснуваше како е можно да се јаде ориз секој ден и да не се дебелее (аф корс дека е можно). Одговорот е секако затоа што ако им ја разгледаме исхраната, секогаш јадат нудли и ориз со здрав извор на протеини, особено риба и мнооогу зеленчук. Тоа им се на нив стандардни оброци и се дефиниција за баланс. ЈХ не се непријатели!!!! Јас обожавам чоколино, откако излезе новата врста чоколино со протеин, ау неодолив ми е. Ретко го купувам ради многу шеќер, ама не мислам дека е до толку страшен. Спојлер
+ многу битно, нивните оброци стандардно се малечки, на пример нив шокирачки им е колкави се вообичаените оброци во Америка. Тие културни работи многу влијаат, исто како што кај нас е дел од "културата" обавезно да се јаде леб три пати на ден па луѓето не ни приметуваат колку вишок калории внесуваат зашто јадат по автоматизам.