Ниедна храна не создава драстична промена во пХ на телото. Ако така лесно ни се закоселуваше или забазуваше телото, живи немаше да бидеме. Мислам... При вежбање создаваш киселина. Било каква промена на пх е штетна ама среќа имаме црн дроб и бубрези и ензими што регулираат тоа. .
Јас уште не сфаќам од кај ни дошло тоа да имаме цел оброк со ориз и компири и уз тоа леб да јадеме. И во Америка јадат тестенини со леб (garlic bread), too much.
Не ти треба чоколино, навистина. Процесирана храна е во секој случај. Има подобар избор ако ти се јаде слатко. Страшно е што еве како во примеров што го наведов, го јадеш секој ден и со него замениш оброк до два во денот. А оризот секој ден ми е дискутабилно. Имаше еден документарец за оризот, лабораториски проверуваа колку арсен има во оризот зависно од начинот на подготовка. Ако го оствиш оризот неколку часа или преку ноќ да откисне во ладна вода, да ја оттуриш водата и да го исплакнеш оризот, па потоа го вариш, тогаш тој има многу помалку арсен во зрното. Но, заклучокот им беше дека ако јадеш 1 до 2 порции неделно и без да го откиснуваш не би требало да имаш проблем околу арсенот. Само не препорачаа да се јаде секој ден или неколку пати на ден (особено неоткиснат), заради тоа што тогаш веќе би внела поголема количина арсен која е токсична. Башка запек прави. Јас сум за тоа со ништо да не се претерува. Одење во екстреми кога се работи за исхрана е најштетно.
Замисли јадеш леб и после тоа викаш брза помош зашто имаш метаболна ацидоза. Па сите ќе умревме до сега, среќа што постојат контролни механизми и пуфери. Убава е алкалната диета ама само од аспект зашто се внесува повеќе зеленчук, инаку е комплетно неточна со поимиве како закиселување на организмот.
Само што пишав истото за умереноста Башка, оди во било која мк пекара и види што се продава. Ај што се е од бело брашно и со тон зејтин, жити една проја што имаат некои пекари и таа сува само за давење, ама се друго е лиснато: - лиснат ѓеврек, лиснато стапче празно или со зачин (вегата некоја), лиснато со виршла, лиснато со шунка, лиснато со зденка, лиснато пица, лиснато со кашкавал, па одиш advanced level со благи лиснати со крем, со џем, со шеќер во прав.. Значи сите состојки му се катастрофа на тоа лиснатото пециво. Лиснато со зденка или со кашкавал?! имаш нездрави масти тука охоо-хоо. Вештачки путер или маргарин, препроцесирано сирење или зденка..Па само од нив ќе добиеш холестерол, а не од белото брашно! Бута вртена пита и бурек, и потоа лебот дебелеел?! Абе ај! Иииии пази молим те - интегрално лиснато! Ама не е интегрална погачицата, зошто има маргарин, не може по дефиниција да биде интегрална храна со маргарин. Интегрално е само дел од брашното со која ја правеле кората. Ама ти купи си и мисли си дека си избрал здрава варијанта, бутај без грижа на совест. И така, си стојам и си гледам како идиот во пекарава, продавачкава чека да и нарачам и да не задржувам ред, и си викам најдобро е ваљда да си купам цела векна интегрален леб, со адитивче нормално, и си мислам одма- а со што ќе го јадам лебот за да не се удавам? - И каде да влезам да го купам тоа додека брзам да стигнам на работа на време.. И така престанав да влегувам во пекара.
И чисто информативно за другиве, метаболна алкалоза има кај луѓе со нарушена бубрежна функција ради насобирање на уреа и други азотни соединенија у крв што значи не е добра ствар. Едно време имаше нешто демек алкална вода како лек за рак. Литл ду деј ноу е дека киселост е последица, а не причина на канцер заради интензивна анаеробна гликолиза од страна на канцер клетки зашто не можат аеробно. И просто се чудам колку и нутриционисти го кажуваат истото дека треба да имаме алкална средина за здравје. Онака сфаќам колку појма немаат од основна физиологија.
И нутриционисти ли? Добро ако кажуваат што е модерно во моментот, не би ме чудело. Или па толку знаат. А да, исто така, никој од оние кои промовираат вакви диети не кажуваат што точно се закиселува... или пак мислат дека цел организам има иста пХ.
Оо просто да се изненади човек колку самопрогласени нутриционисти појма немаат основна биологија. Како да научиле на памет само во која храна има масти, каде јх, каде протеини и тоа е. А да не зборам па и дека нутриционисти треба да работат и со луѓе со патолошки состојби. И сега ти му викаш имам тоа и тоа, што да јадам, он е ко - чекај што болест е тоа? А не е заебанција некому да му составуваш план што да јаде и не е поентата само да е здраво. Едит Зборам за тие што завршиле некој курс набрзинка, не за тие стварно образувани.
Секоја храна го кисели организмот но како што спомна, црниот дроб и жолчката се тие кој апсорбираат киселост но таја киселост го оштетува црниот дроб најмногу. Месо, јајца, риба посебно,веј протеинот, лактозата од млекото е ужас за создавање кисеони без разлика дали тренираме или не. Така ни е создадено телото.
Бататот ми е нешто феномен само ми е скап да го користам секој ден за жал. Иначе пред короната јадев само ориз, овез, компир а леб нејадев 6 месеци и накачив 10кг ама јас сум спортиста така да можи и без леб да се дебелее нормално кога се внесува во големи количини хидрати на дневно ниво. Кајмене се 500гр хидрати секој ден.
Ја не верувам дека и толку јадам или можеби толку, не знам. Не сум мерела јх во храната, искрено. Гледам да балансирам интуитивно: Ако денес сум јадела житарки (не јадам само овесни никогаш, секогаш мешам) тогаш дента не вечерам леб, или ако сум јадела за ручек ориз или компир, не јадам житарки и лебови за другите оброци. Или ако сум претерала со јх еден ден, наредниот гледам да не ги јадам многу многу. Вчера на пример не доручкував, морав гладна да правам некои анализи. За ручек јадев месо со зеленчук без леб, за вечера си дозволив црн леб.
Не може храна да ти кисели организам. Се што изедеш при дигестија се разградува. Јаглехидрати стануваат гликоза, протеини - амино киселини и масти - масни киселини. Ако изедеш премногу јаглехидрати ќе ти се качи шеќерот, а премногу масти - ќе добиеш холестерол. Сѐ тоа на долго време ти врши штета на организмот. Закиселување и што ти ја знам на организам не може да има од храна, освен ако не е во форма на пореметувања од типот на хипо/хипергликемија, хиперхолестеролемија. Последователно на ова луѓето си патат од црн дроб и жолчка. Пх на крв се движи во многу мали граници и се регулира константно со бубрези и бели дробови.
И од премногу шеќер може да ти се качи холестерол исто како и од премногу алкохол. А особено ако имаш и нездрав животен стил со многу малку движење и спорт а многу нервоза и стрес. Не е само заради многу јадење масно. А познавам луѓе што не јадат ич благо, никогаш не јаделе а имаат дијабетес. За жал скоро и да не познавам човек, било маж, било жена што е на моја возраст (во 40-те) што нема триглицериди или холестерол или дијабет.
Слушнав дека рак може да настане само во кисела средина и тука прекинав. И дека тело со пХ под 7 е не знам подложно на болести. Човек .. практично е невозможно со исхрана, каква сакаш јади да симнеш пХ на крв (ако за таа збориме) под 7. И да се случи тоа, веднаш се регулира. Ацидобазната рамнотежа е една од најстрого регулираните во телото. И базна средина може да те убие, не знам што запнале некои дека треба базна средина. Ете базна средина се јавува при уремија и други азотни соединенија во крв, ова при откажани бубрези.
Многу зависат и генетските фактори покрај ова. Како и да е, рН на крв повеќе или помалку од 7,35-7,45 е веќе животозагрозувачка состојба и дефинитивно не настанува од исхраната.
Абе не знам дали на хемиско- биолошко-молекуларно ниво има врска ова. Само знам дека поише шеќер и масна храна не чини, повеќе свеж зеленчук, посебно зелен лиснат и свежо овошје чини. А така се поделени храните по овие теории. Може затоа функционираат?
Петар челик е еден од најискусните на балканот. Исто видео има и милош шарчев, легенда над легендите. Се е до исхраната. Иначе кога црниот дроб ќе се наполни со гликоген, и на сето то додадеме уште шеќери, тој шеќер дирекно оди во сало. Нискиот внес на хидрати заменет со висок внес на протеин, протеинот се претвора во шеќер поправо хидрат. Само мастите неможат да се претворат ниту во хидрат ниту во протеин. Можат само да се искористат како секундарен извор на енергија. Доколку не се искористат, одат дирекно во сало. Исто така машка особа која користи пилешко месо на долги стази можи да го покачи естрогенот.