Бидејќи темава не е активна сакам да пишам да ве размрдам Познавам многу што држеле диета вака , си јадат све само леб и благо , газирано НЕ ! некои слабеат по 3-4 месеци некои со години им треба , најважно е што се топат мастите не само водата од телото , Дали некој ја држел оваа диета и за колку време се слабее ? И што е најважно дали има јо јо ефект ?
Јас утре после една година се вракам на овој режим , и со оглед дека сум склона на дебелеење ке го задржам овој режим подолго време ... Ајде со Господ напред и да ме избави од искушение( пици,бурек,тестенино,пецива итн) и да ми даде сила да издржам Амин
И многу вoда. Јас неколку дена пијам по минимум 2 литри вода и гледам дека мастите од стомакот посебно се топат. А и пазам на јадењето, значи јадам многу помалку отколку порано. А ужините ги јадам како доручек, ручекот е многу малку без леб го јадам, и нема вечера. А и многу малку благо. Резултат е 2 и пол кила помалку. А инаку многу вода од сабајле до 3
И јас сум на иста диета како вас, леб, газирани сокови,тестенини, чоколади НИКАКО! повеќе вода минимум 2-3 кила денот а си знаев и повеќе до 5 али погрешно со водата :/ Доктор ми кажа дека не семам толку вода затоа што премногу сум ги оптоварила бубрезите :/ така да сега си ја намалив на максимум 2l.
"Диетава" е многу практична и лесна, ама да напоменам никако целосно да се исфрли леб. Не јадете бел туку интегрален/ржан или било каков, ама помалку. Житарките се основа на здравата исхрана. Јадете благо, ама овошје и темно чоколадо. Замена за газирани сокови, лимонада. И помалку месо и млечни производи.
првата недела бев без леб али после тоа зедов Тонус, па мислам дека е океј... али и од него не претерувам иако си е лебот без брашно
Мислев нема да се пронајдам во темите со најразлични диети, ун,хроно и мноогу други Ама еве ја, ова е "моја тема" Јас сум на ваков режим еден месец и 2-3 дена и еве баш утрово не можам да му се изнагледам на стомаков колку ми е порамен од пред тоа, чувството? Прекрасно, на вага не знам колку имам намалено ама вака многу ми е полесно, како да сум го исфрлила целиот вишок и сите чоколади,чипсови, се нездраво што се прејадував пред ова( што секако не е така, ама добро, feeling-от е важен, и ветува,мотивира да продолжиш за да дојдеш до тоа што го сакаш). Мислам дека сум поблиску до целта за рамен стомак, и општо да стигнам до килажата што ја сакам Овој еден месец немам леб каснато, ни бел ни црн и чувствувам намалена потреба за леб, вооптшо не ми се сака да каснам, сеедно ми е, и ќе продолжам вака без него. Некогаш земам по една кришка двопек само за појадок, и иако викаат лага е тоа со двопекот, дека бил истокалоричен со лебот, не е, една кришка бел леб има 135, а една кришка двопек 56 калории, така да не ми смета многу таа 56ка со оглед дека конзумирам само кога јадам јајце, а вообичаено наутро јадам житарки, така да-не смета Мајка ми зела и тонус леб ама не го јадам баш, немам потреба за леб, си се чудам Благо, чипс исто, отфелено од исхрана. Газирано не ни пиев, ретко кога сум приморана, густи сокови исто. Пијам само вода и лимонада без шеќер, зелен чај, такви работи. Пржено-исфрлено. Печено може, мада и тоа не го јадам секогаш. Исто и со брзата храна. Вчера изедов сладолед 132 калории Преопседната сум со калорииве, обожавааам да пресметувам што колку калории има и да си пресметувам дневно колку сум внесла, вчера со се сладоледот околу 500, тие од појадокот ги изгубив со скокање на јаже. И еве ретко можам да си дозволам вакво нешто, или едно редче чоколада во иднина, нема да ми штети секако ако е само едно во подолг временски период. Еден совет, ако се одлучите да се ставите на режимов и ако земете нешто што тој не го дозволува после во текот на денот гледајте да избалансирате некако и да јадете нешто нискокалорично, салата и слично. Доволно е сега засега од мене(и повеќе од тоа,упс).
Дефинитивно најефикасен начин кој не само што за краток период ќе ве ослабне, туку ќе направи да го смените погледот кон исхраната, а и да ве направи естетици па да почнете да си задавате цели кон телото и да ви го зајакне карактерот и да ви ги смали искушенијата и да не подлегнувате на нив. Проверен начин. Ама под услов пропратен со многу кардио.
Летово, помалку од 3 месеци и уште си ја држам, ова повеќе е "clean eating" отколку диета. Во тие три месеци од 55кг на 47 стигнав.
Девојки, неколку совети од мене, како личност што се борела со килограмите. Кога ништо не ви успева, размислете, дури и напишете на лист кои ви се најголеми слабости. Јас, на пример, на секое одење во продавница купував чоколадо. Се решив од таа навика, така што одев со точно избројани пари. Друг трик е да го програмирате мозокот дека јадете само онолку колку си имате ставено во чинијата. Значи си ставаш храна во чинија, ставаш кришка леб до тебе, тенџерето и лебот ги тргаш од маса и ги забораваш. По некое време, штом ќе ја испразните чинијата, мозокот праќа сигнал за ситост (ПРОВЕРЕНО И МНОГУ УСПЕШНО!!!). Од дома ги чистите сите залихи на нездрава храна и веќе таква храна не се купува. Знам дека за ова треба подршка од останатите членови на семејството, но отворено разговарајте со нив колку ви е важно да ослабете. Можеби ќе потикнете и некој од нив да ви се придружи. Следно, не излегувајте наутро од дома гладни. Ако си се најал дома мусли со овошје, нема ни да купиш за пауза бурек. Читајте статии за здрава храна, мотивирајте се преку успешни луѓе и најважно: СЛАБЕЈТЕ ДЕКА СЕ САКАТЕ СЕБЕ, А НЕ ДЕКА СИ ГО МРАЗИТЕ ТЕЛОТО! Кога ќе го смените фокусот зошто слабеете и ако на тоа гледате како на еден убав, а не измачувачки процес, резултатите нема да изостанат. Ова ви го пишува девојка која сега гордо ги шета своите 58кг на 176 цм висина Уште многу би пишувала, ама постов и онака е предолг.
Од 73 кг. Не знам точно за колку време, околу 4-5 месеци. Вежбав пилатес. Не се грижи за килограмите и за колку време ќе симнеш. Обично сите се откажуваат кога за 3-4 недели симнуваат само 3-4 кг. После некое време нагло се симнува килажа. И исхраната сметај ја како начин на живот, а не диета.
Od denes resiv da vnimavam na hranata posto bas nakaciv i mi smeta,si rekov nema leb,blago.... Gledam imalo i vakva tema Mnogu jadam blago,ama ke moram da isfrlam,i ustvari toa i me debelee Denes jadev za dorucek jajce,sirence bez leb,rucek varen kompir,tuna i salata sopska,ne vecerav,iako me fati kriza ama normalno e toa Utre planiram jogurt so ovesni,rucek sto ke imq bez leb i da ne veceram,izmegu ovosje Koga ke me fati kriza za blago ke zemam integralni nekoi kolacinja ili crno cokolado U plan mi se 8-9 kg da oslabam pa ke probam vaka
Јас кога сакам да слабеам, а ретко тоа го правам јадам: Пченица зрна оставено во вода преку ноќ за да има за цел ден. Ореви околу 20 јатки за цел ден 3 банани по една на оброк 3 портокали по една на оброк Што значи у блендер ставам 4 лажици пченица 4 ореви и по една банана и портокал. Ништо друго не консумирам освен кафе... сок... вода...