Слабеење без леб, благо, грицки и газирано

Дискусија во 'Диети' започната од dietgirl, 31 август 2013.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    Све ова нема никаква врска со киселост или базност(facepalm)(facepalm)
     
    На Waverly Raven, Annath, AAKG и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    Нека си се легенди ама ова за киселоста што го зборат не е биохемиски/физиолошки точно...така да нека не се лажат луѓето.
     
    На Waverly Raven, Annath, AAKG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Знам дека нема врска со киселост но пишав за членката погоре шо имаше коментирано за хидрати протеини и масти.
     
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    А ми текна
    Ако рак настануваше во кисела средина, сите барем по 5-6 пати у живот рак на желудник ќе фаќавме
     
    На Peony15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
  6. Peony15

    Peony15 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Јас како студент на медицина ти велам дека не се веруваат секакви информации во врска со здравјето што ги читаш на интернет.
    Да точно е дека рН на крв се регулира со коски, ама тоа е во краен случај. Како прво рН на тело се менува само со одредени заболувања: бубрежна слабост, болести на бели дробови, дијабетес, губиток на електролити и сл. Исхрана не влијае.
    При ниска рН т.е. што го викаш "кисел организам" прво нешто што ќе се случи е бубрезите ќе ти исфрлаат повеќе водородни јони а ќе ресорбират повеќе бикарбонати. Исто и со белите дробови, ќе хипервентилираш за да се исфрла поголема количина јаглерод диоксид и да се нормализира рН на крв. На подолготрајна база ќе се ресорбираат бикарбонатите од коските. Исхранава е истакната зашто на овој начин се јаде поздраво и се внесуваст потребните витамини и минерали. Храната што ја пишува "кисела" е буквално храната што треба да се избегнува за да се води здрав живот, да не се здебелиш, станеш дијабетичар или да ти се затнат артериите.
    Црно бело не е извор за црпење на знаења, ко што знам не го води нутриционист.
     
    На Ajronmen, Waverly Raven и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Далеку ќе стигнете ако слушате бодибилдери и фитнес инструктори, кои ве учат најголеми глупости во животот и ви прават споредба здрав вс. нездрава храна. Која е таа нездрава храна?

    Не постои храна што дебелее и храна што не дебелее. Проблемот е количината на храна што се внесува. Последниве декади, со развивање на технологија на производство и хемикалии што ќе дават поголем род, порциите ни станаа многу поголеми и почести, а физичката активност стана поретка, заради развивање на седечките професии.

    -Кој тоа ќе ме убеди дека Кока Кола е нездрав пијалок? Најубав на свет.

    -Кој тоа ќе ме убеди дека кебапи, бурек со месо, пастрмајлија, гибаница, лазањи, шпагети се нездрава храна и треба да се избегнува? Напротив, лажат. Таа храна е највкусна и најубава, затоа и највеќе се конзумира.

    - Кој тоа ќе ме убеди дека благото е штетно по здравјето? Еве, јас јадам благо констатно и резултатите ми се супер.

    Треба да се помирите со генетскиот материјал што го имате и да принудите жртва. Жртва во која смисла? Ако сакате да конзумирате поубава храна, тогаш треба почесто да вежбате и да сте активни.

    Јас, на пример, бев многу слаб во средношколските денови. На факултет дојде алкохол, цигари, журки, пица секоја вечер, газирани сокови, а никаква активност. Резултатот беше тоа што не ме собираше ниту едно парче гардероба.

    Последниве 6 години симнав приближно 25 кг. Теретана комбинирано со трчање. 3-4 пати неделно теретана по час и половина, 2 пати неделно 10-15 км трчање на патека. Тоа е жртвата која ја плаќам, за да си дозволам 2 дена во неделата убави оброци и таканаречената “нездрава“ храна. Викенди многу често знам да сум со друштво некаде во ресторанче, ама недела наутро сум на патека и жива вода после трчање. Тоа го правам веќе константно 6 години. Многу често на работа одам со велосипед. Возење автомобил ми е сведен на миниум. Често знам да пешачам од работа до дома.

    Инаку, тргнете се од тие глупости да не јадете тоа и тоа, затоа што некој одредил дека тоа не е “здрава“ храна.
     
    На KidA, Bananki023 и Justicija им се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.315
    Ти ако знајш шојмаш пишано јас гол ќе шетам. То шо си ослабел 25кг незначи дека си искусен инструктор и да делиш совет како да ослабат другите. Ти ако трчаш и слабееш некој има проблем со тетиви и неможи да трча.....
    Велиш дека не постој храна која слабее и која дебелеј :rofl:
    Ова ти е врв.
     
    На Ajronmen и Justicija им се допаѓа ова.
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Јас не сум никаков инструктор, а најмалку фитнес инструктор и никого не советувам што да прави. Гледам ти се обидуваш во истото со споделување видеа од Петар Челик (стероидашот). Прав пример за здрав човек. Плус, теоретичар на завери.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    18.179
    Пол:
    Женски
    Абе еве одговори ми - како не фаќаме така лесно сите рак на желудник кога таму pH оди до 2 ради киселината?
    Башка вели киселост на телото. 7.4 е на крвта, не на цело тело. И не треба поалкално да ни биде телото зашто тоа е токсично и води до кома и смрт.
    Рак настанува кога е нарушена регулацијата на делба на клетка ради мутација во некој од тие гени за делба.
    Киселоста кај ракот е последица, не причина. Канцер клетки пред да си изградат своја васкуларна мрежа, приморани се на анаеробно опстојување и големо создавање лактат ради тоа.
    Во поалкална средина исто така ќе имаме постојано конвулзии зашто мускулна раздразливост е зависна од сооднос на јони.
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.081
    Допаѓања:
    22.925
    Screenshot_20220616-100700_Instagram.jpg Screenshot_20220616-100728_Instagram.jpg Screenshot_20220616-100747_Instagram.jpg Screenshot_20220616-100808_Instagram.jpg Screenshot_20220616-100829_Instagram.jpg source.gif
     
    На Abel, JoyJoy и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Идејата дека може да компензираш со многу движење и спорт а да јадеш се што сакаш е мит. На овој начин може да фураш некој период без последици, особено ако си здрав и млад, на пр. ако си дечко/девојка од 16 години кој е сеуште во развој и сеуште ти се носи организмот со се што му даваш, и покрај сите генетски ограничувања и предиспозиции кои си ги носиш.

    Ама еден ден телото ќе рече доста е.

    Телото памти се што му правиш.
    Тоа ми е најголемата лекција што сум ја научила.

    Состојките од храната стануваат градбени единици на телото.
    Антрополозите од анализа на состав на еден заб од скелет стар илјадници години, можат да проценат дали исхраната му била на база на пченка или на пченица кога бил жив.
    Истотака не можеш да компензираш со спорт, а да се храниш со ѓубре. Ова на своја кожа сум го осетила.
    Пред неколку месеци спортував многу редовно и напорно, а јадев многу благо и нездраво и се поправив и покрај вежбањето, крвната слика ми отиде на полошо.

    Второ што го научив е дека вкусот е променлива работа и дека за секоја навика има и одвика.
    Тоа што е вкусно јадење е релативно од човек до човек и е нешто што е одредено од културата во која живее тој човек и навиките што ги створил и научил во минатото.
    Ниту кока кола ми е најубава на свет ниту храната што ја наброја. Да може да ми е вкусна ако е добро направена ама после неа обавезно имам дигестивни проблеми и подуен стомак. Налет од таква убавина!
    Маж ми секој втор ден би јадел чкембе, за него е една од највкусните храни, јас имам јадено (сум и дала шанса не дека не) и ич ама ич не го сакам, не го пројадов од што ми е невкусно.
    На човек од запад и на човек од исток, варената морска змија им е на различен крај од скалата за грозно-вкусно.
    Овој вториов го смета за специјалитет и со сласт го јаде а првиот нема ни да го проба, ќе си купи хамбургер.
     
    На The Last Pharaoh, MeowMeow, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Кога веќе имаш здраствени проблеми заради лоша исхрана и те како веќе мораш да бираш што јадеш и да читаш состав.

    Овде веќе не се бориш да бидеш вечно жив, туку да дочекаш старост.

    Ова е кажано во контекст да не се забегува со тој здрав живот и здрава храна, ама статистички многу повеќе има луѓе што забегуваат со нездрава храна.
     
    На MeowMeow, cresa-jagoda, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.477
    Допаѓања:
    38.113
    Пол:
    Женски
    И овие па претеруваат само за да добијат некој поен...нормално дека опсесијата со состојки не е здрава, ама да бидеш информиран што внесуваш е апсолутно нормално и корисно.
     
    На MissChievous и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    23.046
    Пол:
    Женски
    Ретко кој има толку сериозен здравствен проблем на "наши" години, во оваа дискусија сега и сликичките очигледно не се однесуваат на тоа.

    За последниот дел, само отвори ја темата за морална поддршка за слабеење и да видиме кој повеќе забегува. Темата е морална поддршка за гладување, две особи ако знаат што значи балансирана исхрана, добро е. Сите испаничени кога ќе видат 200 грами повеќе од претходниот ден, се плашат на роденден да отидат, се преколнуваат ако изедат парче чоколадо, си префрлуваат кога видат дека некоја изела бурек, као вау како ти така планираш да слабееш. Колку девојки само држат УН диета се уште. Ниедна не знае што ќе прави после таа нивна диета, цел живот ќе се преколнуваат дека се опуштиле, дека згрешиле итн. И ова е само на форум, а сите знаеме во живо дека е исто, сите одма се свртуваат кон диети, гладување, овошје за појадок, само салати итн. Така да мислам дека они треба да го слушнат точно она што е напишано во сликите.
     
    На Annath, Cosmic Girl, Ajronmen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    23.046
    Пол:
    Женски
    9afaf659c9fefd440f5a7cfce4f86d09.png
     
    На Waverly Raven, Cosmic Girl, Ugly Duckling и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    IMG_20220719_193951.jpg
     
    На The Last Pharaoh му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.783
    Допаѓања:
    23.046
    Пол:
    Женски
    Honey no. :D

    Жалам ама не може да му се верува на никој што мисли дека вода со лимон има било каков ефект врз здравјето, слабеењето, а уште помалку лечење на инсулин ресистенција освен минимален придонес кон дневен внес на витамин Ц.

    Единствениот валиден совет од наведените е за храна богата со влакна.

    Јадење прво на протеин, одење после секој оброк, пиење вода со лимон пред оброк се нереалистични совети. Не пошто се нешто посебно тешки, едноставно се глупи и „неприродни“ за некој да ги вклопи во секојдневието. :) Едноставно, доволно е храна богата со протеин, физичка активност во текот на денот и пиење многу вода кога ти се пие.
     
    На Waverly Raven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски

    Да, да се подзамислив и јас дали да го споделам, пошто сум запознаена со митот за вода со лимон, ама ми се допаднаа другите предлози - да се зголеми внес на растителни влакна и да не се легнува одма после оброкот. Имавме лошо искуство во фамилија кај човек што секој ден си правеше јади ручек и легни си да дремнеш, си направи кила кај дијафрагмата. Стварно после оброк треба да си исправен, во тој контекст, не дека треба да правиш тешка физичка активност. Треба да му дозволиш и да му помогнеш на желудникот да ја свари храната.

    Дури и за протеините за доручек сум на мислење дека не е нешто што е запишано во камен, но конкретно овој пост се однесува за лица со инсулинска резистентност, и помислив дека за нив може е од корист или за лица кои се со некоја пред-дијабетична состојба, дијабетес. Не сум експерт, ама гледам дека доста луѓе со вакви проблеми го применуваат ваквиот доручек, со протеини место со шеќери за да си го регулираат нивото на шеќер.

    Види женава е повеќе кон линијата на кето диета, што не ја прифаќам, ама измеѓу другото објавува линкови од студии, понови истражувања од нутриционизмот и исхраната, информации за некои видови храна и зачини и кои се бенефитите од нив и сл.
    Кога одговара на коментари исто дава добри совети, т.е. има објаснувано дека не се проблем јаглехидратите сами по себе, туку преголемиот внес на шеќер и накратко има пишувано што се случува во телото кога го презаситуваш со шеќер, процесирана храна и сл.
     
    На cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    8.068
    Пол:
    Женски
    Утрово го прочитав натписов за митови околу исхрана, спиење и вежбање и ми се виде интересен па го споделувам:
    https://edition.cnn.com/2022/07/19/health/myths-diet-exercise-sleep-wellness/index.html
    Можеби не е за темава зошто се однесува и на други работи ама делов за исхраната е соодветен.

    За тие што не разбираат англиски:

    Мит 1 - Диетите се популарни значи дека мора да се ефикасни

    Типичните диети базирани на исхрана со маснотии, дури и најпопуларните како кетото, нагласуваат ограничување на нутрититивниот внес, често забранувајќи цели групи храна. Кетото, на пр., забранува житарки, мешунки и овошје, освен можеби една шака бобинки.

    Исклучувањето на важни микронутритиенти не е здраво, и рестриктивните диети на долги стази се неуспешни. Таков тип на рестрикција на долг период води до покачување на тежината, а не намалување и често води до наизменично качување и симнување килограми. Почнување диета, па прекинување со неа, се нарекува јо-јо диета или weight cycling и студиите ваквиот начин на јадење го поврзуваат со покачен крвен притисок и холестерол, зголемување на телесните масти и ризикот за коронарни болести и срцеви инфаркти кај жените.
    Јадењето на растенија, контролата на внесот на шеќерите и разумното (свесното) јадење според истражувањата го продолжува животниот век.

    Мит 7 - Мора да вежбам или да сум на диета постојано за да го сменам својот тип на тело.

    Постои верување дека ако цело време си на диета и вежбаш дека со тек на време ќе го смениш типот на тело. Особено кај помладата популација постои ова чуство дека на тој начин ќе дојдат до посакуваниот изглед.

    Реалноста е дека постои навистина голем број на разновидни типови на тело и сите се нормални и здрави. Различните облици и големини на телото зависи од генетиката и од други фактори.

    Идејата дека секој може да намали тежина или да стане покрупен за да постигне некоја идеална претстава за своето тело е нелогична. Тоа е исто како да речеш дека некој треба да е повисок или понизок од што е.
    Секогаш ќе постои диверзитет во однос на типот на телото.

    И овој ми е интересен податок:

    Мит 3 - Социјалните медиуми може да те инспирираат да се ставиш на диета и вежбање

    Истражувањата покажуваат дека младите луѓе веруваат дека ако се насочат на гледање видеа на тик-ток, фб и други социјални медиуми тоа ќе ги инспирира да станат подобра верзија на себе и дека ќе ги мотивира да вежбаат и пазат на исхраната.
    Но тоа води до незадоволство со своето тело заради социјалната споредба и зголемувањето на загриженоста за телото и тежината. А сето тоа е ризик фактор за развој на некое растројство во исхраната.

    Експертите стравуваат дека зголемената појава на телесната дисморфија кај младите (вид нарушување од тој тип) во периодот на пандемијата е заради тоа што многу млади луѓе се свртеа кон социјалните медиуми кога се соочија со социјална изолација и нарушени рутини.
    Нарушувањето во исхраната е одбрамбен механизам (coping mechanism) и е начин на справување и контролирање на тешките емоции.

    Интуитивното јадење е природен начин на слушање на своето тело и неговите пораки за глад и ситост, и според експертите е најздравиот начин на јадење. Некои го наркуваат анти-диета.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.