Со другото се согласувам освен со ова, затоа што шеќери и јх најмногу треба во првиот дел од денот да се внесуваат кај ИР. Мислам, сето тоа да е избалансирано затоа што во исто време само овошје, кафе, шеќери на гладен стомак е исто најштетно за состојбата. Јас сум за јх во секој оброк, ама особено за појадок комбинирано со протеини, а вечерата полесна. Инаку, јас ја сфатив дека сака да каже кога ќе седнеш да јадеш, прво протеини да ги изедеш па потоа на пример леб (да ги одделите намирниците). Не ми се смеј, го имам прочитано и тоа, при оброк прво да ја изедеш кокошката па компирите едно по друго и тоа ми е преглупо.
Ааа таа е диетата на Дајмонд, од осумдесетите - не се мешаат јаглехидрати со протеини. Јас со оваа диета имам доста искуство, зошто во 90-те татко ми ја применуваше. Имаше проблем со холестерол и со срцето и мораше да смени нешто. Него многу му помогна во редуцирање на мастите и во намалување на килажата. Ама после сфати дека не е заради конкретната диета туку до одредени принципи на исхрана. Поточно тој ги собра сите негови книги до тогаш и ги прочита. Самиот велеше дека ќе ги следи неговите принципи на исхрана а не рецептите, затоа што рецептите во прилог на книгата дури и се косеа со претходно изнесените принципи (на пример имаше рецепт за српски бурек со компири а добро знаеме колку е тоа утепано во зејтин) Она што правеше беше помали здрави оброци почесто во денот. Обратната пирамида на јадење во денот, со старт со полесен појадок, најчесто од овошје, па со ручек во кој пазеше да е салата обавезна во комбинација или со јх или со протеин (не со двете) и вечера со протеин и свеж зеленчук. Исфрли скроз слаткиши, сокови, пржено и поховано, бело брашно (го замени со интегрално), алкохол и цигари. Смени начин на готвење тогаш мајка ми - пак со пирамида ќе дадам пример - основата на пирамидата е свежа храна, потоа на пареа, потоа варена (со исклучок на намирници кои се поздрави варени него свежи како морковот), потоа печени и на крај на врвот на пирамидата пржено. Да скратам, заклучивме дека не беше добриот резултат на немешањето на јх и протеини, (зошто реално имаш храна која природно ги содржи и двете) туку во нешто друго беше причината: Пазејќи на комбинациите уствари јадеше помалку калории во цел ден - ако порано само во еден ручек јадел и леб, и месо, и ориз, и салата, сега реално таа храна му беше поделена во два оброка ручек и вечера - салата со леб/ориз за прв оброк попладне за ручек, па салата со месо/млечен производ втор оброк после пладне. Значи тој ден испаѓа си внел дупло повеќе салата и зеленчук, а помалку јх и протеини. Прејадување и гладување не дозволуваше. Оброците беа подготвени на поздрав начин и содржеа повеќе хранливи состојки. Внесуваше далеку повеќе растителна храна, свежи зеленчуци и овошје. Елиминираше алкохол, цигари, џанк фуд и процесирана храна. Воведе секојдневно пешачење по неколку километри и со тоа го зголеми потрошувањето на калории и го смени односот меѓу него и внесот на калории.
Повелете доста информативно видео во врска со пре-диабетес односно инсулин ресистентност и објаснува за студии дека исхрана со јх со влакна ја многу повеќе подобрува сензитивноста на инсулин отколку low carb диети.
Јас сум на диета. Ја држам оваа диета не јадам леб по ептен малку бел леб не јадам никако. Јадам салати благо не конзумирам освен ресана понекогаш кога ќе се осетам дека ќе ми падне шеќерот. Не ми се јаде и се чувствувам полесно. Чоколада и компири не јадам(јас и онака не сум по компирите). Бел леб го сакам и без ништо друго но, не конзумирам поради нарушувањето на вишок килограми. Значи зеленчук мрсни јадења не мајонез месо...газирани пијалоци не...а, повеќе сакам солена храна...ладна вода не пијам, чајот не го засладувам и кафето, сокови-не...на строга диета сум...после седум часот не јадам...
Треба да исфрлиш и леб, тестенини. Ќе ослабеш, не дека не, али нема скроз да се повлече тој дел. За тој дел да го снема треба да бидеш и физички активна, да вежбаш.
Јас тренирам одбојка, нозе топ тоа се, ама стомак никако да ослабам во стомакот, изгледа најтешко се слабее стомак, некои викаат треба склекови за стомак или некои такви вежби
Може да ми препорачате некоја асална диета со која стварно се симнуваат поголем број на килограми? Искрено до сеа се што сум пробала ништо не ми делува, стојам у место со килажа. Единствен начин на кој имам ослабено е со изгладнување (знам дека не е правилно, не ме карајте, ама само тоа делува)
Не ти треба диета. Не јади леб. Исфрли од исхрана грицки и благо. Ова од искуство ти кажувам. Јас цел месец бев на исхрана без леб и ослабев 5 килограми. Ама јас од други причини така се хранев. И пешачи секој ден. Тешко ми беше да јадам манџи без леб, ама издржав.
Секој ден одам на работа со точак без разлика која е температурата надвор, така да мислам дека имам колку толку физичка активност. Јас и само на воздух и вода да живеам и од тоа ќе се дебелеам.
Мене само тоа ме спаси. Од другиот месец пак ќе продолжам. Ама стомакот тешко да го намалам. Докторот ми рече да исфрлам од употреба нездрава храна. Исто и газирано да не пијам. А јас и онака не пијам.
Водата нема долг процес на варење,само врви низ желудник. Било топла,млака,ладна. Едино со топла вода можи само да ги направи нервозни цревата и да спотера за во вц ради температурна разлика.
Да, сум ослабнала со исфрлање на нездрави јаглехидрати,млечни производи и сокови. Од сокови,само лимон и портокал,природниот ц витамин е исто така топач на масти
Тестенини јадеше ли? Килограмите се враќаат ли брзо со оваа диета? Оти 5 кила не се малку месечно. До лето манекенка ќе се сторам со ваква диета Таман да поминат празнициве, па планирам да почнам некаква диета. Доста беше одлагање, одлагање... Јас имам чуено и дека мастики не се џвакале. Биле лоши за слабеење. Ама апсолутно ми нема никаква логика ова.