Тестенини само еднаш јадев. Најмногу дебелеат лебот и тестенините. Не пиев ни сокови. Почесто бев на течна храна. Имаше денови кога јадев по два пати. Ама секој ден пешачев по два саати. Јас се здебелив од бели печива, пици и што слабо бев физички активна. Килограмите не ми се вратија. Си стојат во место
Еее. Балзе си ти. Мене мислам дека највеќе благото ќе ми биде проблем да го остаам. Без благо ден не ми поминува Какви сокови? Од кои овошја?
Јас да кажам дека јадев свашта освен месо што цел живот не јадам, само се движев пешки до работа по 50мин натака и до дома уште 50 мин, ми беше интересно тогаш пошто купив соковник, ама стварно ослабев и другите го приметија тоа... А цедев, целер, моркови, цвекло, јабуки, портокал киви, немав одредено и кг не ми се вратија ама пак секогаш гледам да се движам брзо одење не да се влечам одејќи и да пијам течности ако немам сок, вода, кај мене тоа упали
На калории пазеше ли? Или интуитивно јадење? Мене ова највеќе ми е со физичката активност. Ич не сум принципиелна кога станува збор за редовно вежбање. Пешачење, да. Но мене сè што ми треба го имам на километар, два од дома. А тоа не е некоја дистанца преголема. Морам да се натерам повеќе да вежбам. Ем за слабеење, ем за тело е добро. А имам и орбитрек што така си дреме дома
Напишав, дека јадев се и сешто, немам живци да јадам по правила, ама искрено мислам дека сокот од целер највеќе придонесува за губење на кг и брзото одење, јадам и тесто и се, ама не многу. Јас викенд кога не одев на работа, идев до село или пешки до некаде било каде дома цел ден седење НЕ.
Ќе се навикнеш без благо. Наместо благо повеќе овошје јади. А можеш и да си направиш смути. Никако грицки. Можеш да ги замениш со апетисани. Сокови само цедени. Бели печива, пици, сендвичи, тостови, буреци... Тоа не. Јас од тоа се здебелив 10 килограми. Благото не влијае кај мене многу колку што влијаат тие производи.
Исрено исто. Највеќе имам приметено дека од грицки, чипови и мрсна храна ко помфрит се дебелеам. Со сè друго нит слабеам, нит се дебелеам, нели, ако не претерам. Овие неколку работи да ги исфрлам, ко благо, грицки, сокови со еден куп шеќер, топ ќе ми биде. Се може ако се сака
Веројатно, таква ти е градбата. Сите различна градба на тело имаме. Пример јас сум послаба во раце, стомак, горен дел од тело, а имам облини во газ, бутини.
Мислам дека ова е за благите мастики, за лутите се имам консултирано со нутриционист кога бев под план на исхрана, ми рече дека лути можам слободно.
Се е навика. Јас од грицки понекогаш смоки јадам. Ама третина од пакетчето. Чипс не памтам кога пробав последен пат. Јас сакам да ослабнам уште 10 килограми. Проблем е што јас слабо јадам овошје. Од дете не го обожавам. Освен портокали, мандарини и диња, друго ништо не јадам. Не е само за килажата. И внатрешно треба да се прочистиш. Јас откако се здебелив имам покачен холестерол. Маж ми има замастен црн дроб. Со диетата треба и физичка активност. Јас се дебелеам во задник и бутови
Бидете упорни, не се откажувајте после мала грешка… Никој не ослабел од константно придржување до се и сешто… Ви кажувам како личност што во рок од година ипол има намалено 25кг. Значи постепено со паузи, со цел да не ве удри и на психичка база Не му се плашете толку на благото, за благо кризите траат најмногу една недела, потоа се навикнува организмот без шеќер. Леб, купечки манастирски ви е најдобра опција (не содржи брашно, квасец), или направете си здрава замена за кришки/тост (4 лажици овес, јајце и лажица грчки јогурт-ставате да се печи на тостер врз хартија). @SummerGirl Исто и јас имав неалкохолен замастен црн дроб, пиев лекови ама брзо се среди после намалени 15кг. Со здрава исхрана и тренинг, речиси секоја медицинска состојба може да се среди/држи под контрола. Со среќа нека ни е на сите, и јас имам уште 10кг за симнување за да бидам тоа што бев порано
Да додадам..... Да се исфрли од исхрана сувомеснато, мајонез и јајца. И поголем внес на салати. Со среќа нека ми е од другиот месец И со среќа на другите
Заради холестеролот. И за жолчката не се добри. Докторот ми рече може белка, ама жолчка никако. Јас и онака ретко јадам јајца. Не сум јадела 3 месеци.
Сум слушнала и јас да, порано бев вегетаријанец, па протеините ми се базираа најмногу на јајца, т.е. нутриционистот ми препорачуваше максимум цело јајце и две белки, или 4 белки. Ма да еден период секој ден јадев по 2-3 јајца некои 3-4 месеци, па холестеролот ми беше ок. Јас барем се водам по правилото дека никој сеуште не добил висок холестерол од јајца(жолчки), туку од торти, чипсови, прженици итн Ти си знаеш како најмногу ти одговара.
Не знам кој спомна за мастики, јас мислам нема врска блага лута мастика, јас колку што знам уште со процес на џвакање најпросто кажано желудникот се спрема да вари храна а ништо не вари дека мастиките се џвакаат нели ваљда тоа влијае, доаѓа до непотребна акумулација на киселина во желудникот која што стои џвакајќи мастика и тоа и најчесто го поврзуваат со рак на желудник непотребно стварање на киселина, не сум мед. лице ова општо што сум читала некад, не мора да е точно...