Јас порано воопшто не пиев газирани сокови ( односно сок било каков пиев еднаш месечно по 1 чаша) леб само едно до две парчиња дневно грицки и онака не сакам ама со благово не знам дали ќе можам да издржам да не јадам.Со овај тн.режим ми беше супер имав 45-47 кг и изгледав екстра,а сега сум 63 кг од кои што имам останато од бременоста сеуште,за кои сум сигурна дека ако водев сметка за исхраната како порано,мн побрзо ќе си се вратев на старите кг макар и приближно ама не,јас секој ден по едно цело чоколадо,секој ден пица или сендвич и ете,брзата храна си го зема данокот за телово мое сегашно.Сега немам никаква градба на телово,односно имам ДИВОГРАДБА аххаха
Отворив да прочитам какво е тоа слабеење СО леб,благо,грицки и газирано и потоа видов дека било БЕЗ нив
Анаконда88 Сосема случајно ја почнав дури и неверував дека ќе ослабам со неа,изненадена сум многу турбо се топам а јадам се
ne mozam srcka jas da drzam vaka , bidejki nikogas ne pojaduvam I dodeka stanam od spienje e vreme za rucek.
Тука е проблемот што не појадуваш.јас 20 год со диети заборавив што значи нормален појадок.Кога сум најактивна во денот само овошје за појадок и прегладнета цел ден.Јас сега јадам нормален појадок симит ѓеврек благо и го трошам сето тоа до 12 часот и слабеам турбо ми се убрза метаболизмот.Најголема грешка е да не се појадува и да се има редовни оброци.Незнам колку овошје купував бадеми зеленчук и пак 90 кила имав во минатото.Сега со диетата на иренна се средив а јадам се со 5 часа растојание меѓу оброците,сабајле јаглехидрати а навечер протеини.
Да ,ама повеќе си се смеев сама на себе,како можев така да го почитам,најверојатно дека ми се каснуваше нешто благо.ПМС и се е можно
Mislam deka se slabee ako se odkazime od blagoto prvo,a potoa i lebot .. jas momentalno so pomalku leb, a blago probvam da ne kasnam ic. pa ke vidime kako ke odi
Како најефикасен мене ми се има покажано следниот начин на исхрана: - пред доручек, веднаш кога ќе станам пијам чаша вода, а ако имам повеќе време си цедам и половина лимон и дотурам вода - прави одлично да се чувствувам и приметив дека и лицето ми се чисти кога пијам со лимон (ако пиете со лимон, правете го тоа пред да измиете заби) - за доручек: 1. парче или две овошје, во зависност од тоа што јадам ( на пример: банана само 1, портокал 2, круша 1, јаболко 1-2, зависи од големината) или си правам смути од 2-3 овошја и ставам или јогурт или вода, зависи колку гладно се чувствувам (сепак внимавам количински смутито да не е претерано, има на сите блендери ознаки колку да се наполни за да излезе 1 чаша) 2. овесни/пченкарни снегулки со млеко/јогурт; 3. двопек/интегрален леб со парче кашкавал - многу ретко кога ми здосадува да јадам овошје или снегулки; - за ручек јадам: 1. салата - марула, морков, цвекло, краставица, домат, пченка, рукола, ротквица, свеж спанаќ - си правам комбинација од неколку зеленчуци, ставам маслиново масло и базилико и ја јадам со парче двопек или интегрален леб, а некогаш и без леб; 2. ориз со златна мешавина - сама си го приготвувам дома, само со две-три капки масло; 3. парче пилешко месо со салата, ама никако со ориз или компири; 4. риба - варена или печена со салата; (барем еднаш неделно) 5. било каква друга домашно готвена храна со тоа што внимавам да е без маснотии, да нема многу масло ставено при готвењето, да не се мешаат јаглехидрати со протеини и ја јадам без леб и количински колку да се најадам ама никако да не се прејадам; - за вечера јадам: 1. овесни снегулки со млеко или јогурт, а може после овесните ако сум гладна и едно варено јајце да изедам; 2. пијам само чај/млеко/какао ако не сум гладна; 3. двопек/интегрален леб со парче кашкавал; 4. ако не сум јадела дента за ручек салата, си правам навечер салата; - останати напомени: - пијам 2 литри вода дневно, намалив на 1 кафе дневно и го земенувам со зелен чај, чај од коприва, чај од нане; - не пијам газирани сокови; - благо - црно чоколадо; - избегнувам да јадам тестенини иако ми се слаба точка , брза храна, прженици, бел леб; - не јадам после 21 часот; - не пијам вода или други течности откако ќе јадам, најмалку 30 минути; Начинов на исхрана го воведов како препорака од гинеколог поради проблеми со полицистични јајници и ем си го средив тој проблем ем си намалив килажа и си ја одржувам сега
Zeni ve molam da mi kazete nekoj rezim za ishrana po vase iskustvo kako oslabnavte. Nedela ipol bez blago imam kaceno plus 2kg ne mi se veruvase sabjle stanuvam za rab da go oblecam haljinceto nemozam da go spustam tesno ke mi pukne zdebelan su 6kg. Ve molam pisete mnogi se razocarav sabajlevo. Nisto od moe blago povekje se razocarav
Јас на сите ја препорачувам Хроно исхраната, дава стварно резултати а нема гладување. Е сега има многу правила, малку изгледа комплицирано за почеток. Ако сакаш ќе ти пратам во ЛП правила.
Da, jas namaliv 4 kg za eden mesec za dorucek varen gevrek ili bake rolls so jogurt,musli,za rucek jadam se mandzicka ili sto i da e nesto gotveno kompir pilesko samo bez leb za vecera ovosje ili zelencuk salata soncogled ili taratur i ne e grev edna kocka cokolado ako kasnis vo denot