Јас лично цел живот се хранам на ваков начин и поради тоа секогаш сум била слаба и никогаш не сум имала проблем со тежината. Освен тоа мене и ми е лошо од брза храна, грицки, газирани пијалоци, сокови и др и поради тоа јадам помали порции и многу вода а желбата за благо и чоколада ја заменувам со овошје. Сметам дека е многу важно да се води здрав живот и здрава исхрана, воопшто. Телото ќе ви биде многу благодарно ! Му посакувам многу среќа и здравје на секој кој се решил да ја води оваа диета и да продолжи да ја применува и понатаму
Слабеење без активно вежбање не ми иде. И не знам од што сте направени вие што не јадете (значи не одбегнувате) благо и по некој газиран пијалок. Активно вежбам и внимавам на изгледот, ама себе си да си забранувам да не јадам благо или нешто така „нездраво“ не ми се случило досега ниту пак имам намера да се ограничувам. Баш минатата недела гледав на телевизија една фитнес инструкторка која кажа дека не јаде благо и исхраната буквално и` се состои од зеленчук, овошје, риба и пилешко. И сè само тоа го „врти“ со години за на крај да си направи здравствен проблем со цревата и докторите и` дадоа план за тоа да внесува поразлична храна од претходната. Е ,сега јас не пијам газирано ама кога душата ми бара благо тогаш јадам. Ете баш денес после вежбање изедов три благи палачинки. Јадам некој пат и сладолед. Слободно јадете си од сè по нешто, ама умерено. И најважно е да бидеме физички активни. Тоа е клучот за здрав и квалитетен живот.
И јас не рабирам. Се околу мене на еден сега многу популарен режим-диета и прашувам а вежбаш? Се немале време. Јас кога намалувам килажа обавезно вежбам пола саат минимум и еве за 2месеци -7кг. Мора вежбање и здрава исхрана за здраво намалување килажа.
Нормално дека се слабее и без вежбање, бидејќи намалуваш килажа со дефицит на калории. Но да, логично побрзо ќе слабееш ако и вежбаш, ем дополнително трошење на калории, ем убрзување на метаболизам, топење масти, итн. Е сега, едно е да си во фаза на намалување килажа, а друго е одржување на одредена килажа, односно "водење" здрав живот каде во поголемиот дел од времето ќе внимаваш што јадеш, а повремено ќе си дозволуваш умерено од таа "недозволената" нездрава храна. Истото е и со вежбањето/активноста, ако не вежбаш сигурно ќе пешачиш, ќе провозиш точак, тук-таму ќе се качиш до Водно, но воедно и ќе си кулираш во фотеља и ќе се излежаваш на тросед пред екран денови и денови без никаква активност во меѓувреме. За мене тоа е здрав живот, да одржуваш баланс без да се опседнеш ни со едната ни со другата екстремност. Така да, сосема океј да се касне и тоа што е наведено во насловот на темата, но тоа да биде повремено и умерено, а во меѓувреме надокнадено и избалансирано со сето она што е познато под здрава храна (да не навлегувам во детали).
Гледам не е активна темава ама ако јас пак да си прашам...Вака од 1април се водам до овај режим на пример ете од сабајле јадам по една банана за ручек јајце салата и толку или шо има ручек ама сосема малку без леб без ништо е сакам да кажам гладував првите дена ама веќе се навикнав од физичка активност пешачење по 5км и поќе ... Моето прашање е зошто сум ослабена само 2кила ?????
За две недели и повеќе од доволно е. не е во ред ако за 2 недели си намалила 10 кг. А вака постепено е ок . Продолжи.Н добар пат си и не се откажувај.(не се прегладнувај само)
i jas pocnav.morav da vodam pozdrav zivot ,i ne bi se resila ako ne se razbolev pa pocnav dieta i oslabev znaci mn voda caevi bez seker ,salata i ovosje,nikakvo blago i gricki i rezultat za dve nedeli 4 kgsega sum bez apetit inaku sum blagarkaleb tonus i crn nikako bel
Многу ми ја препорачуваат таа УН диета место ова, шо мислиш вака шо е по ефикасно за слабеење? *Ова го прашувам поради тоа што почнав онаа деатата 8дена 8кила помалце и ко кје ја прекинам за некој ден да ја почнам таа или да продолжам со ваков режим?
pa neznam mene ne mi pomogna un dieta,sekoj organizam e razlicen probaj vaka da teras ako ne si zadovolna premini na un ili druga dieta.vaka bez blago gricki i gazirano najveke mi odgovara bidejki nema strog rezim
Un dietata e malku retardirana. Tie 10kg sto se kinat za mesec dena, toe samo voda pod kozata. 2kg salo mesec dena. Max.
Site koi sakaat zdravo da slabeat da vi preporacam edna jutjuberka koja snima zdravi recepti i navistina pomagaat. Liezl Jayne Strydom pobarajte ako ste zainteresirani.
Имате мени? Така да има желба некој да пишува што појадувал па ручек и вечера? Да ме вклопите . Да се вклопам. Ама стварно не знам што да јадам... особено на работа
Се трудам да избегнувам благо,грицки и газирано ама јадам домашен(понекогаш и купен) црн леб. За доручек на работните денови преферирам чаша млеко или овошје, а за викенд мусли. Ручекот со салата и црн леб. Ужина овошје. Вечера салата или исто од ручек. Може ли газирана вода?
1. Појадок: 2 варени јајца, 2 оризови галети, 2 домати, 10 маслинки Ужинка 1: 1 јаболко, 10 лешници Ручек: 200 гр млад компир варен, 200 гр морков варен, една третина шолја варена хељда; салата од 1 шолја рендана зелка, 1 средна краставица и 1 голема лажица балсамико. Ужинка 2: 1 банана Вечера: салата од марула, 1 краставица, половина шолја пченка, 1 шолја урда Ужинка 3: измешани 2 големи лажици light ќефир, 1 мала лажичка чиа семе и исечкани 5 јагоди 2. Појадок: варен пола шолја овес, откако оладен додадена исечкана 1 банана и 1 рамна мала лажица путер од кикирики Ужинка 1: 2 оризови галети, намачкани со по 1 мала лажичка урда и исечкана краставица Ручек: на 1 голема лажица маслиново масло, испечени 150 гр. пилешко месо и 1 средна тиквица; салата од марула, 2 ротквици, 2 големи лажици балсамико Ужинка 2: 2 големи лажици light ќефир помешани со 1 мала лажица чиа семе и исечкани 5 цреши Вечера: 2 варени јајца; салата од рукола, 1 домат, 10 маслинки, 10 печурки Ужинка 3: 10 јагоди 3. Појадок: 1 интегрална тортиља, во неа марула, 1 исечкана ротквица, 50 гр. фета сирење и исечкано 1 варено јајце Ужинка 1: 3 свежи моркови, 1 краставица Ручек: 200 гр варен ориз, 200 гр варена брокула, 200 гр варен морков; салата од 1 шолја рендана зелка, 1 краставица, 1 голема лажица балсамико Ужинка 2: Банана со 2 рамни лажици путер од кикирики Вечера: салата со 125 гр моцарела, босилек (или рукола или марула), 2 домати Ужинка 3: 2 оризови галети премачкани со по 1 лажица light ќефир и исецкани 5 јагоди 4 Појадок: пола шолја сварен овес, 1 мала лажица мед, пола лажичка какао Ужинка 1: Ручек: испечени 200 гр пилешко месо, пола шолја црвен грав помешан со пола шолја пченка; салата од марула, 1 краставица, 2 ротквици Ужинка 2: 1 јаболко со 2 рамни мали лажички путер од кикирики Вечера: салата од 1 шолја урда, 10 искршени бадеми, 1 краставица; 2 оризови галети Ужинка 3: банана 5. Појадок: 1 шолја варена киноа, откако оладена помешана со исечкан 1 домат и 10 маслинки; 1 варено јајце Ужинка 1: 1 шолја јагоди, 10 лешници Ручек: печени 200 гр млад компир, 1 тиквица, 20 печурки, 3 стандардни моркови; салата од 1 шолја рендана зелка и 1 краставица Ужинка 2: 2 оризови галети премачкани со по 1 лажица light ќефир и исецкани 5 јагоди Вечера: салата со марула, 1 домат, 1 шолја пченка, 85 гр туна Ужинка 3: 1 шолја цреши 6. Појадок: на 1 мала лажица маслиново масло кајгана од 3 јајца и 200 гр исечкана варена брокула; 180 течен light ќефир за пиење Ужинка 1: 1 банана, 10 бадеми Ручек: 200 гр варен грашок, 200 гр свинско; салата од марула и 1 краставица Ужинка 2: јаболко со 2 мали рамни лажички путер од кикирики Вечера: 125 гр моцарела, 2 домати, 2 оризови галети Ужинка 3: шолја јагоди 7. Појадок: мешаш пола шолја овес, 2 живи јајца и 1 изгмешена банана (по можност сето тоа во блендер) и со оваа состојка си правиш палачинки Ужинка 1: 1 краставица, 3 мали моркови Ручек: 200 печено пилешко месо, 200 печен млад компир; салата од марула, 1 краставица, 2 лажици балсамико Ужинка 2: банана, 10 бадеми Вечера: салата од марула, 1 краставица, половина шолја пченка, 1 шолја урда Ужинка 3: измешани 2 големи лажици light ќефир, 1 мала лажичка чиа семе и исечкани 5 јагоди Пробај вака. П.С. Се' можеш да си носиш на работа. Користи садови кои не цурат, носи си ситни работи во мали теглички, поготово балсамико или зачини.
Ако намалиш со внес на калории, не значи изгладнување. Сосема е доволно да се намали на 1600-1700 дневен внес.