Уште подобро ако може да се внесе физичка активност, во најмала рака ќе ти помогне побрзо да ослабеш или пак ќе ди овозможи повеќе да јадеш. Енергијата се тие калории. Општо телото троши енергија самото по себе. Затоа велат, некоја груба проценка е дека женското тело троши 2000 калории енергија, а машкото околу 3500-4000. Што значи, ако се намали 20%-25% од таа енергија односно калории, ќе слабееш без разлика дали ќе имаш дополнителна физичка активност.
Ај да не го тапацирам многу зошто очигледно не се разбираме. Мислев од здравствен аспект дека не е здрав тој начин на слабеење. Внесуваш повеќе течности барем во летниот период не е тешко и немаш гајле. Најубаво 1,5 литри вода дневно или повеќе и некоја лесна храна (зависи и од метаболизмот кој игра главна улога во слабеењето).
Идам во детали, зошто многу недетално советуваш. Што значи некоја лесна храна? Луѓето баш токму така најчесто се во заблуди и на тој начин внесуваат повеќе калории од потребното, па се чудат како или не слабеат или се здебелуваат. Нездрав начин на слабеење е внес на помалку од 1000 калории, на пример. Нема ништо нездраво во дневен внес од околу 1600 калории за една женска личност. Доволно течност треба секогаш да се внесува, без разлика на сезоните. Во секој случај, вкупниот внес на калории во денот играат најглавна улога во слабеење. А најважно од се', во таа фаза на слабеење, со подетално информирање што ти нуди одреден тип на храна, ќе научиш засекогаш што и колку ти е потребно и со тоа да одржуваш контрола и да се исхрануваш здраво. Да не тапацирам и јас, но многу е важно човек да се информира околу нутритивните вредности на храната.
Јас не советувам никого да држи некаков посебен тип на диети. Дали наведов некоја диета некаде? Си го кажувам своето мислење. Секој си има свое мислење. Така да нема лутиш.
Za nejzina telesna tezina i se dovolni tie 200gr. Hidrati. Vo dietata(rotacia na hidrati) high medium i low ima hidrati sekoj den a simnuvas kilaza. Biten e nacinot na vnes na hidrati. Nikade ne pisuva deka mora da imas fizicka aktivnost. So ista dieta simnav kilaza. Na devojkata i falat samo proteini se drugo e ok.
Се сложувам со дискусијава дека е важно од каква храна идат калориите и дали се внесуваат сите хранливи состојки (минерали, протенини, витамини итн.), и дека за слабеење да - математиката е таа, но за да се доведе организмот во баланс со што ќе се одржува постигнатата тежина неопходно е и зајакнување на мускулната маса, не мора “билдање на мускули“, ама да бидат со добар тонус и јачина. Затоа и вежбањето со тежина и отпор е потребно.
Здраво на сите. Со ваков начин на исхрана без леб,благо,грицки,газирани сокови ослабев добри 17 килограми и плус со дополнителна физичка активност. Еве веќе подолг период килограмите не ни вратив и се чувствувам одлично. Дневно внесувам 1200 калории
Ако сакате да слабеете преку здрав начин на исхрана ви препорачувам да ги погледнете блогот и видеата на Liezl Jayne Strydom, има објавено безброј рецепти на јутјуб кои навистина помагаат.
Мм на овој начин ослабна 10 кг за нецели два месеци Лебот и не го исфрли скроз,за доручек сигурно 2-3 парчиња јаде Газирани сокови никако не пие,благо на неколку дена едно парче колач Пие сигурно по 5 литри вода (минерална) Вечера салата Му беше тешко првата недела (беше зависник од благо) ама се навикна на овој режим и многу му е полесно вака
Леб веќе цел месец немам пробано, газирани соково и густи да не збориме, благо мн.ретко, тестенини никако, пржено дали еднаш само и само едвај 1кг минус. Незнам зошто толку малку или потоа иде побрзо намалувањето додека организмот се прилагоди ☹
За колку време да очекувам резултати со диетава ? Колку кг имаш за симнување ? Ако имаш малку нормално дека и малку ке ослабнеш ...
Ако намали се ова, но сеуште внесуваш количинки многу храна - нема да има резултат. Исто така е точно дека со поголем вишок на килограми намалуваш побрзо наспроти со помал број килограми ако се храниш скроз исто со почетокот на режимот, и покасно. Јас си дозволвам лепче со ручекот, некогаш две ако тој ден ми се јади тост зошто ми е guilty pleasure повремено. Благото ми е најголем непријател, а газирани, грицки, ептен ретко, скоро никогаш не внесувам. Дип да не сум дома цел ден и дур сум со друштво да се настрвам.
Добро е. Како одеднаш вагата покажа -5кг после месец и нешто дена. Сега може ќе стагнирам зошто постам и чат пат земам лепче, имам уште 5-6кг за симнување до посакуваната тежина
Се вагав по неколку месеци и косата ми се крена, +4кг од колку што си мислев. Ни една диета не ми одговара со работата, од денес морам да почнам вака. Јас сум зависна од благо и газирано ама морам да променам, имам 10тина кг за намалување. Ќе биди тешко, се надевам ќе видам истрајна..
Јас откако намалив благо, грицки, мрсна храна и бели печива, успеав да намалам килажа. Треба скроз да се избегнуваат или да се јадат во умерени количини. Сум приметила дека кај мене највеќе имаа влијание благото и сендвичите. Ама треба и физичка активност.