Целосно се сложувам, јас намалив 12 кила за точно две години со слична стратегија. Единствено вежбањето беше слабо со 2 џогинга неделно на кеј и некогаш качување на врв Водно
Еден период јадев благо, сендвичи, буреци и сл. како луда. За 6 месеци качив 10 килограми. Откако почнав постепено да намалувам одредени продукти, почнав да слабеам. За 2 месеца ослабнав 6 килограми. Се навикнав на овој режим на исхрана. Противник сум на диетите.
Јас една недела нејадам благо леб тестенини грицки и сокови освен цедени имам намалено 1.6кг.Супер ми е вака и после 19 час.нејадам ќе продолжам понатака.Од диети ми е преку глава и јојо ефекти.
До каде сте со режимов ? Денес јадев смокви и јаболка планирам покасно и лешници да јадам..... За колку време да очекувам резултати ?
Секој различно..јас сум 10 дена на ваков начин на исхрана немам уште некој резултат на кг.освен што се чувствувам полесно во обем имам намалено.една пријателка вака ослабе 11 кг.за 5 недели со тоа што вика првата недела не слабеела од втората почнала.И јас сакам 5 недели вака да се хранам па ќе видиме.
Моја другарка ослабе 30 кг , од 90 кг на 60 кг за 4 месеци .... Но сите сме различни .... Ајде бар за еден месец да имам бар минус некое кило ....
Од утре почнувам со построго некој вид детокс диета . Има за ннамалување уште 7 8 кг. Кој е за да се дружиме?
Исто и јас. Се добро ми одеше без леб, грицки , благо и такви непотребни работи се до овие последни неколку дена јадам неконтролирано благо посебно. Од утре детокс
Јас многу сакам тестенини. Втор проблем ми е што не сакам 9 саати да сум само на салати на работа. И многу частат торти газирано не пијам. Еве од утре почнувам - без леб, благо, газирано и без јадење по 8 саат. Да видиме.
Без се можам ама без газирано не, ова периодов инаку си имав супер дисциплина и немав вишок кг, не повеќе од 2кг. Ама сега како ми фали енергија газирани сокови најбрзо ме креваат. Идеи што ќе правиме во кризи?
Да , без леб благо и без газирано .... Но не ни е организмот на сите исти , така да .... И мене ми даваат енергија газираните сокови , да бараме некој друг извор на енергија Утепана сум и без енергија а јадам овошје и јаткасти плодови ...
Јас скрос ги тргнав газираните пијалоци. Некогаш во криза може цедевита или зелен чај, или лимон, вода,ѓумбир и магданос. За газирано немам проблем, ама за благо и тестенини уфф нема замена :/
Не мора скроз да се откажете од газирани сокови. Една чаша нема да наштети.Еден ден напијте се 1 чаша газиран сок или 1 и пол.Следните 2 дена не пијте газирано. Ако е за дебелеење од сокови,па и обичните сокови(густи,бистри) содржат премногу шеќер. А,и некои овошја дебелат,па и со нив не треба да се претерува. Еве јас што правам. Леб ретко јадам,и тоа кога јадам,јадам 1 или 2 кришки црн леб или `ржан,и тоа само со некои јадења. Често јадам салати.Пилешко месо јадам често,од другите видови многу ретко.И тоа во мали количини. Не вечерам.Благото ми е на минимум(само едно или 2 мали чоколадца,2 или 3 пати неделно). Понекогаш и не ручам. Скоро секој ден пијам газирани сокови,претежно оние со помалку шеќер.Некогаш и поминувам 2-3 дена без газирано. Тестенини јадам 4-5 пати во месецот. Си се движам низ населба колку што можам. И успевам да симнам 1-2 кила.Пред неколку месеци ослабев бајагити,па дома ми свикаа да не претерувам веќе,па затоа сега гледам само нешто повеќе од кило да намалам.
Па ова е и суштината на исхрана според гликемиски индекс, кој всушност е и најважен за губење и одржување на тежина наспроти теориите за калориски дефицит.
Mesec pomina i sum - 4kg.blago si dozvoluvam ednas nedelno, gazirano od vreme na vreme ziro a lebot skros go isfrliv. Zadovolna sum so rezultatite i se vidlivi. Ajde uste 4,5 kg