Најубаво да прашаш на телефон, ама мислам дека не прави само консултации, т.е. прави конкретно програми и консултацијата е за нив - што јадеш, што не, колку имаш време да готвиш и сл. Инаку тие 3000 денари се всушност за 2 месеци. Јас лани држев режим месец дена, ама не баш најдисциплинирано, и не изгубив ни 100 грама. Сега пак почнав ама попосветено, па да видиме. Не ми се допаѓа тоа што има многу готвење - цел ден сум над шпорет, куп тави тенџериња... али ај како што реков, ќе видиме за месец дена.
Најубаво да прашаш на телефон, ама мислам дека не прави само консултации, т.е. прави конкретно програми и консултацијата е за нив - што јадеш, што не, колку имаш време да готвиш и сл. Инаку тие 3000 денари се всушност за 2 месеци. Јас лани држев режим месец дена, ама не баш најдисциплинирано, и не изгубив ни 100 грама. Сега пак почнав ама попосветено, па да видиме. Не ми се допаѓа тоа што има многу готвење - цел ден сум над шпорет, куп тави тенџериња... али ај како што реков, ќе видиме за месец дена.
Не можеш да очекуваш за еден месец резултати со здравиот животен стил што го предлага докторот. За еден месец е здраво со оваа исхрана да ослабнеш околу 2 килограми. Ова не е рестриктивна диета што дава брзи резултати и уште побрз јо- јо ефект после завршувањето на диетата. Ова се постепени и трајни промени кои пред се се одржливи и ако остане човек доследен ќе има траен резултат и здрава телесна тежина.
Докторот е добар, убави рецепти за здрави оброци има. Другарка ми беше кај него и буквално цел ден го поминуваше во кујна, садови куп и пак не беше најадена. Многу готвење и спремање, јас таков впечаток добив.
Eve iskustvo so dietata na Mitov. KATASTROFA. Obroci mali,nemaat vkus (barem za mene), se edno ta isto se vrti vo krug, i sto e najtragicno,voopsto ne e personalizirana. Na sredbata so nego samoinicijativno,bez toj da me prasa mu nabrojav namirnici sto ne gi jadam,i istite gi ima vo receptite,i toa ne vo eden obrok,vo poveke obroci. Ne si trosete vreme i pari za nego.
Pa ne bi izdvojuvala obroci no ete generalno, mu potencirav deka imam problem so hormonalen disbalans na odredeni hormoni, deka ne bi sakala da konzumiram mnogu pilesko meso (znaeme deka e polno so hormoni), naprotiv,sekoj vtor obrok e so pilesko, imam problem so tiroidnata,sojata voopsto ne e preporacliva vo mojot slucaj, sekoj blag obrok e so soino mleko. Mu kazav deka nejadam brokula,spanak i rukola,vo sekoj rucek vkluceni,i uste mnogu dr. gluposti. Ne e rabotata jas da menuvam,ako odam kaj nego,trosam vreme i pari, ocekuvav navistina da e personalizirano. A ne e evtin. Za sporedva, Ana Stojanova ima mnogu mnogu podobri a zdravi obroci, i vo nikoj slucaj ne se deklarira deka e doktor ili deka e personalizirano. Mu naglasiv deka rabotam mnogu stresna administrativna rabota i deka posebno dorucekot mi e mnogu biten da mi dava energija i da nedozvolam da pregladnam, naprotiv oskuden dorucok,kako na primer 50ml rastitelno mleko i dve lazici oves i malku brusnica i cimet. Tolku mnogu propusti dobiv za 3000 denari.
Многу чудно за пилешкото, докорот обично е поборник против јадење месо често, освен риба и ете понекогаш пилешко ама мала количина, не знам од која причина не ги јадеш основните зелени салати што ги наброја, но секој одличен доктор би ти советувал да ги јадеш, а не да ги избегнуваш( извини но кај Ана не сум видела пропаганда нешто за важноста на салатите) и реално крставица и домат не е салата што нуди нутритивност којзнае каква... Кај докторот немаш предизвици сезонски, има воведување на трајни навики и гарантиран резултат. Неговите рецепти никогаш не ми одземале повеќе од 30 минути, што е сосема нормално за еден нутритивен оброк, ако сакаш вкусна и здрава исхрана
За некои ствари, согласен сум. Бев на режим кај него и ослабев некои си 5-6 кг. за 2 месеци, но признавам дека ми беше мачно и скршнував. Сега скоро бев пак, и новата програма е 80% ко минатата, со некои ситни промени. Му спомнав дека, многу сум гладен навечер и дека морам да јадам нешто пред да легнам, и ми вика “ама гледај да не јадеш“. Понатаму, ме праша дали јадам јајца и реков дека не ми се најомилени ама одвреме-навреме ги јадам, и оп одеднаш имам 4 оброци со јајца. После тоа, спомнав дека оброците ми одземаат многу време за готвење - да, океј, 30 минути по оброк, ама 3 оброци на ден, 7 дена во неделата, па пазарење па печење/варење па миење садови, навистина го немам цел ден на располагање за да висам над шпорет. Е па, како да му реков не бе океј е, стај шо поише готвење, цел ден сум си дома и неам што друго да прам, стај слободно. ... Муабетот ми е, не те слуша баш што му збориш, а божем персонализирана диета според твоите желби и потреби. Мислам дека ова ќе ми биде последната програма кај него, ќе ја почнам за некој ден, а за понатаму ќе видам дали ќе продолжам кај истиот.
Не сум била на конкретен режим и не сум била да ми направи програма, само го следам со сите рецепти што ги препорачува кај него на сајт и јас си ги правам, и според тоа што препорачува да се јаде за појадок, ручек и вечера си сумирам и тоа ми доаѓа како програма, а сепак си јадам што ми одговара бидејќи изборот му е стварно голем. Мој пријател имаше програма кај него и ослабна 20-25 килограми. Јас од докторот научив како да ја одржувам мојата идеална тежина и како да се хранам здраво и балансирано.
Имам само пофалби за докторот. Мене особено ми се допаѓаат препораките кои Др. Митов ги дава на социјалниве мрежи и опфаќаат повеќе здравствени проблеми. Реално тоа е нешто многу важно. Она што советува тој, да има превенција, односно лечење на причини, а не на последици. Искрено ни фалеше претходно ваков пристап на некој доктор во нашата земја. Треба да знаете дека докторот не работи со фондот, туку е комплетно приватно. Бидејќи тој не добива плата од државата и мора се сам да си спечали. Јас само може да му честитам на храброста да се обиде да се тргне од здравството и да оди приватно и да дава препораки. Од таа причина 3000 денари ми делуваат дури и малку. Јас го пратам веќе подолго време. Мајка ми имаше проблем со холестерол. Ја однесов кај него. И гледам промени. Особено со цигарите и сирењето кои претходно никако не ме слушаше да ги намали. Да бидам реален, сега не го следи режимот до крај, туку само некои основни препораки од докторот. Фала му на богу, крвната слика последна е супер. Можеби на некои им е скапо 3000 денари, но реално повеќето од нив немаат желба за промени на начинот на исхрана. Не ми е јасно само како Скапо е 3000 денари, а ете ги потоа во Кам и земале 2кг свински врат, 2кг кашкавал и цела полна количка јадење. А притоа го игнорира проблемот кој го има. Ако вака некој тера, никој доктор нема да му помогне, па макар биле и бесплатни плановите. Значи одлучете се прво, дали воошто сакате да направите промена и потоа за кого би ја направиле таа? И Совет од мене. Ако веќе одите, Спремете си краток список со прашања што би сакале да го прашате докторот. И не мора се до крај да следите. Но мали промени ако воведете ќе имате ефект. На крај краева, треба да бидеме и самите малку едуцирани, верувам дека секој што ќе ги тргне од своето мени овие намирници сигурно ќе види ефект, па и без да посетува доктор. -сувомеснато, кечапи, мајонези, маргарин - ја тргне пржената храна - намали со месо (особено црвено) - брза храна( хамбургери и сл.) - зејтин, бело брашно - не конзумира овчо/кравјо сирење или го внесува во минимални количини како рендано - не конзумира алкохол или го внесува во минимални количини - не претерува со цигари - намали со кафеани, ресторани и воведе некој вид движење од типот на возење велосипед (може и собен), пешачење, пливање, планинарење и сл. Сето тоа придружено и со повеќе вода. Сигурно ќе види многу, многу, многу бенефит.