Ајде уште една ваква тема поврзана со маката слабеење. јас сега се нагнетов севандејс макс и кока кола и еве отварам тема за слабеење туку зборот ми е ... колешка на мајка ми во свет видела за овој метод. Се работи за зачини кои ги додаваш во нормалната исхрана. Не кратиш оброци ни ништо и нормално слабееш. Е сега во првата недела демек се губеле до 6 килограми а после секоја недела по три. Јас искрено нарачав, наредната недела ќе ми стигнат. А нарачав од една проста причина да не ве лажам ... ако сте незадоволни може да се врати а ќе добијам и подарок Плус ќе ми ги вратат парите. ете затоа си нарачав. Знам јас се, дека не треба вака, дека можеби ова е уште една глупост. И јас самата имам испробано 384230948203 работи освен липосукција, ама ете решив пак да пробам. Што вие мислите ??? Возможно али не ??? јас секако ќе ве обавестам кога ќе ги добијам тие и каков ефект ќе имаат.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. пааа... можеби и да е возможно, зависи за што зачини станува збор. Бидејќи, навистина знам дека некои зачини, како на пример цимет, ким ...предизвикуваат таков ефект, бидејќи го забрзуваат варењето на храната. Исто така и лутото. Веројатно зависи од тоа за што зачини станува збор испробај па информирај не. Јас сум малку скептик за тоа дека без да намали човек внос на калории во телото или без физичка активност ќе слабее, бидејќи јас барем само така слабеам. А, од кога надминав некоја определена возраст над 20 и нешто, се почесто сум на диета ради тие плус минус килограми. Пробај и кажи, ако е вистина.. и без тоа сум си љубител на зачини. ц цц ц
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. после ,,магичната банана,, ова е нешто ново.....со нетрпение ке чекам пак да пишеш за што станува збор и каков е ефектот
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. ова баш добро звучи а и има логика, зачините многу можат да сменат а баш ме интересира од каде ги нарача??
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. И мене ме интересира од каде ги нарача,и колку пари?и дали секако ако не си задоволна од производот ги враќаат парите?и за колку време пишува дека ке има резултати.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Епа дечки во свет имало купон и колешката и го дала на мајка ми. не знам мајка ми дали го прати или се јави може да ве излажам. Инаку како што кажав демек за една недела 6 кила па после секоја наредна недела по 3 кила. Не можам многу да гарантирам ама ако ма резултатио ќе ви кажам. кој ме знае ќе потврди
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Јас преку купон од весник си порачав јагоди петмесечарки,најсериозно,чекам да ми стигнат! Исто гарантираат! А Теди,колку чинат овие магични зачини?!Пишува од што се мешавина?!Да не те спука некоја алергија,па да не не знаат од што ти е. Што знам бе,зачини...
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. хахаха Лилит фала сега јагоди ми се присакаа инаку зачиниве чинат 790 денари и 100 и нешто денари достава до дома. Морало до дома да достават поинаку не можело. нема врска тоа. Биле лесни и едноставни зачини кои во никој случај не можеле да бидат штетни. Типката била голема ѕвезда, позната некоја ( јас за неа прв пат слушнав ) и демек не и одговарало да лаже ќе и се рушела репутацијата Таа ослабела 30 кила за два месеци, и уште не знам колку луѓе после неа а јаделе нормално. Па кога ќе ми стигнат ќе ви опишам се што и како има, и кога ќе го прочитам упатството ќе ви кажам.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. ^^^ Дечки не ми се лутете, ама поголема глупост од ова немам слушнато...Ем ќе си фрлате пари без потреба, ем ќе си навлечете некој додатен проблем...Како прво, дали овие препарати или производи, не знам како да ги наречам - дали имаат декларација на нив...Дали го пишува вкупниот состав, поточно од кои растенија се добиени(со латински имиња) и кој ги собира, каде, како...Ќе ви кажам најискрено, јас да имам 250 кила и да знам дека за два дена ќе умрам, вакво нешто не ставам во уста...А за тоа што спомна Лилит погоре за алергија - верувајте дека има огромни шанси дел од нив да се алергогени или токсични..Па немојте да се чудите ако не дај Боже, почнете да се гушите, отекувате и повраќајќи да изгубите свест...
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Де бре милки, не е до толку работатата. И сигурно дека не сум малоумна и ќе прочитам од што се. Зачин е не е кој знае што. Не е нешто што го внесувам интравенозно или слично. Сепак секој човек е различен. А Лилит тие јагодите што е со нив ??? Јас немам слушнато
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Кажете малку подетално,кои зачини поточно?Сигурно може да се купат слични и од супермаркет...ако се работи навистина за зачини...а да не е нешто друго нешто како препарати?
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. ^Еве што најдов кои состојки ги содржи: The ingredients in the Maggie Drozd weight loss supplements include Advantra Z, Cayenne Pepper, Garcinia Cambogia, Ginger Root, Hydroxycictric Acid, Green Tea, Pepper Powder, Green Tea, Pepper Powder, Paprika Powder, Mustard Dry Extract Powder, Caraway Seed Extract.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Јас прогуглав, и најдов некои капсули од оваа, и луѓето што ги пиеле немале ефект ! Ајде теди нека проба со зачинов, па нека каже резултати! цццц, се сум пробала, ама зачин до сега не сум, нешто ново и нешто интересантно за мене
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. јас нон стоп јадам од интегралните грицки со ким и јогурт со намалена масленост мислите дека е многу калорично?
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Мислам дека не е многу калорично тоа што го јадеш. Инаку зачините пристигнаа Има 8 кесички. Мешавина се од : црвен пипер, мајоран, црн бибер, синап, ким, кромид, лук, девесил, коријандер, куркума. Според мене ништо од ова не е штетно. Мислам секако се е штетно доколку се внесе во енормни количини. Сега еве јадев намачкани лебчиња со сир крем, и врз нив посипав од зачиниве. Вкусно е земајчи во предвид дека не јадам ни кромид ни лук. Има некој специфичен, мистичен вкус. баш онака на зачин. Па сега ако има ефекти ќе ве известам.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. А само преку купон ли се нарачува или има некое бројче да се јавиме.....ај ако има и ако можеш пиши го Па да си ја пробам среќата
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Па многу е веројатно да се ослаби од зачини.Луто,кисело,силен мирис... Јас верувам бидејќи цела недела јадев црвени пиперки (малку лутички),пропржени со црвен пипер и симнав 2 кг .Јадејќи пржено ! Но да се разбереме,сите овие го надразнуваат организмот и желудникот и на тој начин слабееш,а успат можеш и чир на желудник да закачиш,ако ги користиш долго или во големи количини.Така ми кажа матичната мене.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Леле јас дури сега гледам дека сте пишале. број има, ама не знам дали би требало а го пишам да не испадне рекламирање. На една феминка по лп и дадов. Инаку од зачинов кога ставам кога не ставам. Па не иде со секое јадење бре. Ај и во супа ли да го ставам. И таму пишува две кесички неделно а јас уште првата ја користам веќе втора недела. Штедлива сум јас. не приметувам некои резултати, ама можеби и рано е Кој да знае, ќе видиме.
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Има ли резултати Теди? Поминаа недели Ајде, мора барем некое килце да си симнала Јас без ризик си се ставив пак на медицинската диета и сега го почнав вториот дел (тој со тешките 15 дена)... Па ќе видиме како че биде Поздрав!
Слабеење со зачини. Метод на Маги Дрозд. Сега читам за овој метод во весник со рецепти. И јас веќе што не пробав, па си велам ај и оваа. Некако ми е чудно ама што знам. Тедии има ли ефекти, пиши до кај си, се мислам дали да порачувам.