Здраво ги читам сите теми се за диети ама мислам и знам по себе дека секоја диета е краткотрајна,од сите диети што сму ги пробала ај да речеме имаше ефект ама краткотраен ,пак си ги вракав килограмите .Сега сум на режим на исхрана кај Цеце во диет вита клуб и сум презадоволна за 2 месеца 10 кила пробај.На почеток ке ви се чини тешко ама се е навика. Поздрав
Zdravo Maja!! I jas sum vo vecna borba so kilogramite, pa me interesira od sto se sostoi tvojot rezim? Pozz ***
Здраво! Ке те замолам Маја ако можеш да ни го напишеш тој режим на исхрана, бидејки имама едно десетина кила за симнување
Значи за секого е различен тој режим.Конкретен е и неможе да се сподели со друг ,затоа што сите ние не сме исти или не ги правиме истите грешки.А дека има ефекти има и тоа мноооогу Поздрав
И зошто ја отвори темата ако не сакаш да ја споделиш диетата со другите? Или да напраиш реклама на салонот.
абе вистина е тоа дека треба различен режим, само што знам луѓе што биле таму, и воглавно е исто, само на пр, кај еден има праска, кај некој јаболка, (такви некои мали измени) инаку шемата е воглавно иста(т.е менито)
^Добро така нека е, тогаш напишете ја шемата тука, зашто инаку стварно темата е безмислена. Ослабев кај цеце и толку. Како? Ееее кај секого различно е тоа и чао пријатно. Нема никаква дискусија, темава слободно можеше да оди во склоп на некоја друга или во СДК.
јас колку што знам тоа иде со крвните групи и сега во зависност дали си а б аб или 0 можеш да го пишеш твојот режим, па тие со се твоја крвна група ке можат да го прават
па јас не ја знам шемата, а не ја ни отворив темата, сакам да кажам дека може да ја сподели со нас, пошо 3-4 диети вртат, реков ли JAS лично дека сум била таму? а сигурно не памтам тие луѓе шо јаделе, само сакам да кажам дека скоро на секој иста диета му праат тоа е факт!
па рече пишете ја шемата! и јас помислив дека и на мене ми се обрати мислев дека мислиш да не и мавам реклама на таа окау сорру
Очигледно не сте добро упатени. Значи кај Цеце се оди со крвна слика комплетен липиден статус (маснотии, шекер, итн) После одиш на разговор и си кажуваш што јадеш, што сакаш да јадеш, а што не сакаш . Ти дава режим и стартуваш.Конкретно денот ми почнува со 1 лажица ленено масло 1 јаболко и 300 мл.вода со лимон до 16 часот јадам само овошје, а после тоа за ручек денес боранија утре цел ден ми е овошје,во вторник макарони, во среда ориз . Во четврток контола па нов режим.Е сега зависи и од тоа дали имате некои други здравствени проблеми или има месо во менито или нема јас конкретно сум без месо и без млеко и SUPER MI E Не ми беше намерата да ја рекламирам Цеце нити пак имам некој ќар од ова што го пишувам ,редовно си плаќам чланарина (значи ништо немам гратис) само сакав да помогнам со сугестија на оние кои го имаат проблемот кој што го имав јас.Немојте да судите додека не се уверите во спротивното. Поздрав
majamaja, режимот кај Цеце е супер, одев и јас 6 месеци таму. Ја добив посакуваната тежина и престанав. За 6 месеци симнав 10 кг, бидејќи бев мала и не смееа да ми даваат многу строг режим. Мој совет ти е од кога ќе престанеш со режимот на искрана, дел од него да практикуваш повторно (да не доручкуваш пред 12, да конзумираш овошје само пред да ручаш, салатата што ќе ја внесеш да биде паралелна со оброкот и сл.) бидејќи веднаш ќе направиш јо - јо ефект и ќе вратиш се што си изгубила двојно. Поздрав и се најдобро.
А едно прашање до majamaja. Јас колку што знам на Тања Турунџиева е во Вита диет,од кај сеа таа Цеце или пак нова е таа?
да таа цеце мислам дека била заедно со тања била порано и се поделиле,она си отворила сама и сум видела од кај неа што се биле па луѓето се топаат едноставно.диетиве што ги дава не се воопшто тешки.
Слабеење со помош на нутриционист?!? Здраво девојки!!! Мојот вишок на килограми кој си го носам последните неколку години ме тера да размислувам и пробувам различни диети, апчиња, чаеви...... Ништо досега не вродило со резултат, барем не траен Па дали некоја од Вас има искуство со режим на исхрана со помош на некој од нашите нутриционисти?
Слабеење со помош на нутриционист?!? Незнам дали си слушнала за Вита диет клубот кој работи со нутриционисти. Не зборам од свое искуство туку од искуство на мои многу блиски пријателки кои тотално го променија животниот стил откако почнаа да слабеат по нивниот режим. Се работи за програма која вклучува специфична исхрана зависно од крвната група и крвната слика (треба да се направи крвна анализа претходно) и редовни контроли еднаш неделно за да се следи прогресот. Исхраната во никој случај не го загрозува здравјето и што е најважно нема да гладуваш, со диетата си стално сит. Кошта 3000ден за 3 месеци колку што знам, па ако сакаш да продолжиш со нови 3, доплаќаш, нели. Клубов е некаде во Ново Лисиче. Дефинитивно се исплати ваков начин на диета, бидејќи постепено се слабее, а зависно од твојата тежина тие ти кажуваат и кога смееш да почнеш да вежбаш, бидејќи ако се работи за преголема телесна маса, тогаш мора прво да се симне дел од тежината па потоа да се почне со вежбање како не би дошло до претворање на масното ткиво во мускулна маса. Колку што знам, диетава не е со јо-јо ефект, значи не ги враќаш килограмите отпосле бидејќи постепено се слабее, а меѓудругото толку се навикнуваш на тој начин на исхрана што после неприродно ќе ти дојде да ја менуваш драстично Пријателкиве се презадоволни и како податок можам да ти кажам дека едната успеа да намали преку 30 килограми за 6 месеци
Слабеење со помош на нутриционист?!? Вита диет се супер, само што сега имаат нова локација, во центар на ул.Македонија не се повеќе во Н.Лисиче. Инаку и јас се занимавам со вишок на килажа веќе 2-3 години и се возможно пробав и си викам ај уште ова и ако не успее ќе одам во вита и така си се собра годинките затоа сега конечно решив и неделава ги правам потребните анализи за крвна слика и одам одма таму. Мои блиски луѓе имаат одено и ефектите се дефинитовно најдобри од се останато на пазаров што некој би го препрачал. Тргни од тоа што немаат никаква реклама (барем јас немам видено) а сите ги знаат, а сите останати ги знаеме само од реклами што гледаме и слушаме. Се друго е само губење време и пари, барем тоа е мое мислење.