А кои се тие нутрицинисти кои ќе ти дадат правилна исхрана каде ќе бидат вклучени и потеините од црвено месо и јајца?
....во моето мени од др.Драгица Зенделовска има се...има и месо има и јајца,овошје,зеленцук,манџи,салати....само правилно искомбинирани,а не како што некогаш сум правела,денес само вода,утре само овошје,па сум припаѓала и ми ослабнувала и крвта и имунитетот,а слабеење никакво.ке сум намалела 2-3 кила за месец дена,а веке наредиот месец-два ке сум кацела 5. ....сега со помош од Докторката слабеам здраво и немам никакви здравствени проблеми...
Прашањето ми беше дали е упорна за ге123 или повеќе односот и исхраната се без маркетинг и форсирање на некои специјални препаратати. Нема потреба од ароганција, овде сме да споделиме мислење и искуство, никој не те нападна
1500 денари месечно, имаш број во лп. Јас барав термин ми закажаа во Април, бидејќи Цвета била надвор од МКД
Здраво, јас веќе една недела одам кај Елена Момовска во Струга. Докторката има завршено медицински факултет и специјализирано за нутриционист. Цената за 1 месец е 1000 денари. Јас за една недела ослабев(133 кг. имав во средата на 19 март) 1 килограм и 6цм - гради, 10цм- струк, 5цм-стомак, 4цм- нозе, 3цм- раце. Вежбам 3-4 пати неделно. Режимот на исхрана ми е 5-6 пати по малку. На почетокот ми беше тешко, но од 2-3 ден се навикнав. Дозволено е: салати, обезмастена шунка,месо(без масло), соја,јајца(без масло), мед, супи(без фиде), манџи(без запршки) , јадкасти производи(40гр. на ден), јгурт со намалена масленост, млеко со намалена масленост, сирење, изварок, р‘жан леб, маслиново масло(се става само на крај т.е. не се пржи во него) итн. Јас исто и Витанова можам да јадам поради тоа што имам низок шеќер во крвта. Забрането: ориз, компири, тестенини, се‘ од тесто, грицки, торти, фиде, месо со маснотии(сланина, пршки итн.), шеќер, млечни продукти богати со маснотии(павлака, овчо сирење итн.) сосови, мајонез, газирани сокови, тетрапак сокови, алхохол итн. Еве пример за еден ден: Доручек ( х2) 7:30- Сендвич со две р‘жани лепчиња, обезмастена шунка, 2 супени лажици изварок, патлиџани(или марула, краставица или кој било друг зеленчук) 10:30- -||- 14:00- Варено пилешко со грашак, брокула, моркови и други зеленчуци што ќе се најдат дома, потпечени во рерна ( ако сакате да го јадете пилешкото со леб, исфрлете ги зеленчуците) 17:30- 1 лажичка мед со 20 грама здробени јадкасти производи(ореви, лешници, бадеми итн) или може 40 гр. јадки со суво овошје ( се‘ заедно да е 40гр) 21:00- салата или нешто ,,лесно‘‘ од дозволените продукти
Јас од пред некој ден почнав со мени што ми го дадоа во New Nutritionism,јас одам кај Билјана Ристеска, режимов могу потсеќа на тој на Тања, дали некој има искуство со нив?
еве го менито за една недела: за доручек овошен сок, па житарки со јогурт и до пладне 1 кг овошје, па после семки со мед. За ручек печурки со зеленчук манџа, друг ден спанаќ со јогурт, риба со салата и зеленчук, боранија манџа, интегрален ориз и зеленчук, тиквици и јогурт, за вечера пола од ручекот или салата само. Што ќе кажете на тоа?
А секој ден ист појадок? Инаку солиден е режимот,би вметнала и сирење во некој оброк,ама комбинациите добро се направени
појадокот е ист, понатака рече ќе ми вметне и некој млечен производ, сега за сега добро ми оди и се придржувам строго, па ќе видиме понатака