Девојки сакам да ве прашам дали некоја од вас има посетувано нутриционист поради здраствени проблеми и секако дали имало резултати единствено од др.Зенделовска имам такви информации а итно ми е потребно па си мислев ке имате некое искуство
Вaкa нa некoлку местa пишaв пa и тукa...aјде пoмoш..лaни бев сaмo нa свежa исхрaнa јaбoлкo,пoмaрaнџи,зелкa и печенкa јaдев и oслaбнaв бев 50кг кoлку и сaкaaм..пoсле бев 3недели сaмo нa сoк и кaфе стигнaв 48...пaa летoскa се пoпрaвив ии пoјдoв нa фитнес и јaдaм пaк истo свежa исхрaнa плус сoјa и леблебијa пoвеќе иии имaм 55кг ...не ми е јaснo сегa кaкo сo плус вежбaње пoвеќе кг ? Фaлa Ви oднaпред, убaaв ден
Не е точно дека губењето на килограми во бременост е штетно. Напротив, на бебето му одвојуваш повеќе простор да си расте и му ги даваш само потребните и хранливи состојќи.
Доколку сакате да слабеете јас ја препорачувам протеинската исхрана. Да се внесуваат повеќе протеини, а да се намалуваат јаглехидратите. Оваа исхрана се препорачува и за спортисти и за тие без никави активности. Не се гладува а се постигнуваат одлични резултати.
Мојата мајка оди кај нутриционист поради здравствени причини но и вели дај нешто да ослабам и има 48 години мислим а мој врснички другарки имаат 20 а мојата мајка е помлада на изглед пу пу машала а мојата баба не оди кај нутриционист изгледа како 40 годишна - 50 годишна незнам како така но вели поради маж што нема 20-30 години не ја јадел никој вели ахаха
За правилно функционирање - примарно за извршување на основните функции во нашиот организам потребна ни е енергија која што ја добиваме преку консумација на јаглехидратите ( основниот извор на енергија ). За разлика од јаглехидратите, тука се и протеините кои основна улога во нашиот организам имаат за градба на клетките, ткивата, органите ... Секоја хранлива состојка си има своја правобитна функција и сметам дека не смеете вашиот организам да го ограничувате на внес на една состојка. Во овој случај каде што Вие препорачувате протеинска храна, треба да знаете некои основни начела: СО ВНЕС САМО НА ПРОТЕИНИ, ДОАЃА ДО НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА НО СО ТОА САМО ЈА НАМАЛУВАТЕ ВАШАТА МУСКУЛНА МАСА ( бидејќи тогаш протеините не се трошат наменски како што треба за изградба, туку се трошат како создаватели на енергија, бидејќи нема внес на ЈХ ) А НАТАЛОЖЕНИТЕ МАСТИ ВИ ОСТАНУВААТ АКУМУЛИРАНИ и многу побавно се отстрануваат. При овој начин на хранење доаѓа до состојба на КЕТОЗА, која има многу негативни ефекти: констипација, проблеми со одредени органи ( најмногу се оштетуваат бубрезите )...
Го потвдувам мислењето на феминката со претпоследниот пост над мене, од лично искуство. Поради такви ограничувања за внесување на одредена храна , за малку не завршив во болница но добро е што прекинав на време па ситуацијата сама по себе ми се среди. Значи бев на една диета ( препорачана од нутриционист ) каде што исхраната ми беше богата со многу овошје и зеленчук, многу течности и сл. Но леб не јадев воопшто, млечни производи ептен ретко ( само еднаш месечно ) , и месо исто така. Секој организам е различен нели , но ете кај мене тоа имаше негативен ефект врз здравјето.
што не е здраво? Наутро едно овошје за ручек варена храна без запршка еден ден месо , повеке денови зрнеста храна? Што е здраво да се јаде по 10 милки на ден?
Наутро млака вода потоа овошје со грст бадеми, за ручек нешто варено без запршка и огромна салата. Не вечерав ако ти се вечера можеш салата.
Велат дека со лунарната диета, се губат килограмите неповратно. Па ако е така си велам сите ќе имавме атлетски градени тела Ја има и на страната на Фемина.
Негде прочита дека го пишав дека е здраво чоколадо да се јаде????????? Телото мора постепено да ја губи тежината бидејќи му треба подолго време за да ја меморира! Капиш?
не знам што да ти кажам, не се согласувам со тоа дека не е здраво, напротив. Потполно е океј да се јаде варена храна за ручек колку сакаш и слично наутро овошје исто така..
претпоставувам дека си на режимот од нутриционистката од гевгелија. како се чуствуваш, дали си изнемоштена од диетата? дали пиеш кафе или нешто што е надвор од диетата ?
пијам кафе колку сакам и веке ослабав 20+ кг и не сум олку строго почнав со јадење али леб благо газирано никако повеќе овошје пак варено само некој интегрални колачи..