Се закажува прво да. Кога ќе се навикниш со таква исхрана, тоа ќе ти остане. Јас се навикнав и сега не можам да се замислам на пример да појадувам бело печиво или секој ден да јадам благо како што правев.
И јас се мислам за емилија, некој искуства? Знам дека е 1200 месечно и мислам дека во т.ц. олимпико се наоѓа. Некој да бил кај неа?
Јас одев кај Тања Турунџиева. Многу тешка беше диетата што ми ја даде. Ослабев две кила за еден месец. А и храната беше многу скапа. Дали знаете други нутриционисти?
Девојки ке може ли локација или број од Цвета Динева? Гледам многу пофалби има па конечно се решив да одам
Колку одприлика се плаќа за диета?? Има ли некој искуство од Цветанка Петрова?? Ми треба помош за зголемување на тежината
Не си ги давајте парите по нутрицуонисти освен ако немате здравствен проблем. Килажа може да се намали само ако решите да промените некои навики во исхраната. Не мора да платите за тоа.
Не мора да значи. Цел живот со безуспешни диети бев, сега конечно се гордеам со резултатите кои ги постигнувам а за тоа ми требаше помош од нутриционист. Тоа е нивната работа. Па и од многу мала/голема тежина и те како можат да се јават здраствени проблеми.
Мене ми треба помош за зголемување на тежината, не многу ама за мене тоа е проблем..... Пиши го нутриционистот и јас сакам да пробам, и Колку се плаќа..
Подобро оди кај фитнес тренер да ти направи соодветна исхрана и тренинг програма пошто на денешно време сите се нутриционисти без искуство. Сама треба да си нутриционист и да си правиш план на исхрана. Ако тренираш правилно и се храниш правилно ќе имаш резултати. Тие 1500 денари што ќе ги дадеш за нутриционист,подобро дајги за месо. Би ти го препорачал марио jovanovaki - mario fit. Човекот е со долгогодишно искуство.
Точно е тоа @worrieddd се согласувам со тебе дека е до навиките.АМА јас на пример не сум карактер кога се работи за храна, особено сама ако се водам, одма престанувам, се откажувам. А кога некој друг ме води некако поиздржлива сум, си давам сама она као мораш, ајде , дали од срам дали од не знам што ама дефинитивно ми е полесно кога ќе имам пишано и кога ќе ми биде кажано што и како да правам
Значи јас сметам дека пишуваат за овластени нутриционисти со диплома кој знаат да ти распределат калориски внес во текот на денот и да ти препорачаат кој вид на храна кога да ја внесуваш и која храна ти одговара според тоа што ќе видат на крвна слика. Кај секој нутриционист се носи крвна слика и се разговара дали имаш некоја хронична болест. Која ти е целта а нутриционистот како стручно лице те води и следи низ програмата за исхрана и промена на навики. А за фитнес тренер се согласувам, покрај нутриционист треба и тренер да спреми план за вежбање да се затегнат покритичните места од телото. @Smiley11 добро за тебе штом почитуваш правила, на ваков начин ќе постигнеш добри резултати.
дали некој случајно се консултирал во ''здрави навики“ ,да сподели искуство? нутриционистката се вика Фани Гулевска
Дечки јас многу се мислев Тања или Цвета, собирав искуства од луѓе од форумов, луѓе кои приватно ги знам, и се одлучив првично за Тања , прв слободен термин имаше за 15 дена, така да наскоро започнувам, ке ве известувам, може баш и не ве интересира ама ако , негде да имам да споделам
Јас сум со години кај Цвета задоволна сум од нејзините совети ме научи здраво да се хранам и да си го чувам здравјето а килограмите постепено паѓаат
да се надоврзам, во последен момент се премислив и отидов кај Цвета, денес ми е прво мерење па ке видиме резултати, иначе не се чувствувам гладна што е најбитно