Јас одев до скоро, точно 3 месеци. Од 58кг стигнав до 53кг што сум задоволна. Но во глобала ги дава истите работи за јадење секоја недела само со поинаков редослед. Мене ми беше проблем доручекот, она вика овошје 1кг за доручек, ја нема шанси тоа слабо јадам, ама некако поминав, си јадев по една овошка заедно со бадеми/ лешници. Инаку нема мн гладување, ручек и салата во неограничени количини дава
Вие што сте биле кај Тања и кај Цвета, дај кажете што е исхраната. За кај Тања знам сабајле овошје и плус јатки. Гладни ли сте и дали има многу готвење и спремање или повеќе е сирова храна?
Кај тања е вака, овошје доручек и вечера салата секогаш. Ручек различно, два три пати риба, просо, киноа, турлитава, ориз, боранија, грашак итн.. месо мене не ми даде 3 месеци. И пиење течности, 1л вода плус 1л цеден сок од цвекло и морков. Ужинка дава по една рака ореви, бадеми, лешници, мед
Реално мене не ми беше мн тешко, освен доручекот зашто не сум баш по овошјето, али затоа со салати надокнадував, плус знаев и во ручекот да си вметнам едно тонус лепче, таман е Кога ке видиш резултат одма по една недела, ке се мотивираш да јадеш вака, ке видиш
Да, задоволна бев и еве не ми се врати килажата. Од 58 на 53. Веќе при крај на третиот месец почна да ми здосадува, ама бев упорна, 3 месеци ми беа во план да ги идам. Ама уште на првата контрола имаше резултат и тоа ме мотивираше.
Во струмица има нутриционист Ирина Георгиева, работи онлајн на инстаграм може да ја најдете како nutricoach.sr инаку 1500 денари диета за 3 недели и по она што го гледам на профилот сите имаат резултат со намалени минимум 10 кг во првите 3 недели.
Јас одам кај цвета скоро еден месец имам намалено 4 кг, во обем незмам колку но сите ме прашаа си одлабнала?! Така што од срце ви ја препорачувам, никогаш не сум гладна, дури и прејадена сум
Од срце не ја препорачувам Цвета! Така наречен нутриционист и фабрика за пари. Се излажав и јас отидов кај неa, очекувајќи чуда... Си платив шо си платив кај неа, 1800денари на месец и уште за старт дадоv по маркетите солидна сума за да купам намирници што ми се потребни за да почнам. Кога одев на контроли, имаше по минимум 10 луѓе во чекалната и гледаше да ме помне што е побрзо можно, како мене така и тие пред мене тие по мене. Друго од каде да почнам..кога ја прашав, демек стручно да ми одговори зошто не препорачува млеко, ми изпринта еден лист да си го прочитам дома, бидејќи и се здосадило од објаснувања, кога видов дома не знаев дали да се смеам од глупостите напишани или да плачам од со сум смотана и одам кај неа? Епа за плачење беше работата, инаку објаснувањето беше дека на вимето на кравите имало многу бактерии и додека се молзела кравта тие бактерии оделе во млекото и ние сме ги пиеле. Бог да чува...знае жената за стерилизација, пастеризација?? И така тука ми почнаа првичните сумли и одев на контрола и ја потпрашував (имаше и други моменти). Следно, дека јас отидов со конкретно заболување за кое она викаше ова е мала беба, демек ке те решам за месец дена. Такви како тебе, абе од прва хаха. Отидов јас на контрола кај мојата докторка со листот од Цвета Динева, кога тоа она се шлогира од глупостите на Цвета. Во диетата имав скоро секој втор ден леќа, а докторката ми вика основно по гликемиски индекс, леќа смееш максимум две лажици на ден да јадеш, друго пресметавме калориски внес и тој беше околу 4000калории на ден, а уствари јас сакав да ослабам, нели?? Друго, ми вика докторката, Цвета е да кажам нестручна нема соодветно нутриционистичко образование завршено ( тоа можете и на интернет да најдете), него некои курсеви и она тоа што го збори е за исхрана по Дајмонд. Прогуглајте ќе видите, и од тоа расплетува и прави модификации. Нека е доста за овој пост, ако сакате ќе ви допишам повеќе инфо или било како.. Битно, катастрофа е жената, ем лаже ем е перална за пари, а најбитно од се е шо не знае...заборавив и за керќа и да кажам која беше таму ( одете ќе процените сами) која као и она е нитриционист и за две работи ги прашав ми кажаа различно. :/