Здраво женски, ја читам темава веќе подолго време па со вашите коментари се охрабрив да почнам кај нутриционист. Се консултирав со повеќе нутриционисти, но некако секаде или цените им беа екстремно високи или ми предлагаа исклучување на месо од оброците и вклучување на суплементи (а со мојава финансиска состојба и не бев баш во состојба да се расфрлам ) На крај начекав реклама на инста со попуст за месечна програма за исхрана и така си завршив кај Ирина Георгиева, мислам дека некоја од членките погоре имаше пишано и за неа, па да ви споделам мое искуство. Ослабев 7кг, за месец и половина, а онака во обем изгубив скоро 11 cm, а целулитот буквално ми го снема од нозеве. На програмата не можев да се придржувам целосно оти бев прејадена и често скокав некои од оброците. За тие што ги интересира во програмата имав омлети, овес, салати, месо секаков вид,млечни производи, зеленчуци и овошја, палачинки, здрави пудинзи, чоколадо, за сите оброци ми даде нејзини рецепти и морам да кажам имаше превскусни благи доручеци, па желбата за благо ептен ми ја снема. Се чудев како ќе слабеам со таква храна ама ете, се деси и ова чудо јас да влезам во 2 броја помали фармерки. Топло ја препорачувам на сите кои ќе се решат за програма бидејќи еве и откако завршив кај неа секогаш ми е достапна за прашања и консултации, а ми даде и уште еден куп здрави рецепти да си пробувам по дома. Постов беше малку подолг,ама се надевам дека со мојов успех ќе измотивирам и некоја од вас да проба кај нутриционист, како вие мене што ме мотивиравте.
Од Скопје е Ирина? И дали бара лично кај нејзе или и он лине може? Имаше во исхраната компир, ориз? Леле извини на олку прашања хаха
Од Струмица мислам дека е, ама има инста профил nutricoach.sr и се си одеше онлајн, не бараше да одам лично кај неа. Пиши и на профилот секако ќе ти одговори. Инаку да и компир и ориз имав ама во количини што таа ми ги одреди
Палачинки, пудинзи, чоколадо и секаков вид на месо? И 7кила за месец и половина? Со профил направен денес. Јака реклама и напрај. Ирина ти си?
Видов на инстаграм рецепти. Со црно чоколадо има и некои овошни пудинзи. Не знам зошто одма почнувате со напади на форумов на нови членови???
Па не сум нутриционист за да знам како функционираат програми за слабеење, само знам како јас ослабев. И постот никако немав намера да го направам реклама, туку си кажав мое искуство, исто како и други членови на форумот што споделиле за нивните искуства. А ако ти смета тоа што денес сум се приклучила и не ти е веродостојно моево мислење, не мора да ме читаш.
Кај Бузлевски верувам дека има резултати но неговиот режим на исхрана не е за луѓе кои се со обврски и немаат време да готват.
Истото и јас би го кажала за Емилија. Јас бев пред некое време па прекинав ради обврски не можев да се придржувам па пак бев и сега пред месец време пак прекинавбаш поради односот и комуникацијата. Првиот пат ко бев изгледа почнуваше со работа, значи презадоволна и комуникација и подршка и мотивација и се, а сега изгледа стекна клиентела и напраи име и баш и е гајле ти пушта мени на меил, ако нешто прашаш како едвај да одговара и како дрска да е и мислам не се многу замара. Изгледа си има некој свој круг и на тие е посветена што не е убаво бидејки секој плаќа, но тоа е. Иначе имав резултати не дека не но не ми се допаѓа комуникација и односот и затоа прекинав. Сега се мислам Ирена да ја контактирам па ако има некој да сподели искуство или некој друг да препорачате бидејќи ми треба, подобро ми е некој кога ме контролира?
Здраво Сакам да прашам искуства од нутриционист Цвета Динеав ми треба да намалм само 7кг и имам проблеми со повишен холестерол а сум млада 25г. И цена ве молам дали се наплак за секој совет за програма преглди или се во една цена спага ? ви благодарам
Isto mislenje imam za Emilija..Ne se zamara mnogu,pusta menija po nekolku razlicni vo rok od edna nedela.Malku mi bese haoticna..
За две или три недели мене ми пушташе што не треба да е така, треба недела За недела да се види ако нема некои резултати да се смени нешто. Изгледа има направено мениа и со тие што не сака да се замара само ги препраќа по ред, лично мене во едно мени ми пишуваше суплементи и чаеви и оваа недела а јас ни суплементи ни чаеви пиев ни па знаев кој треба да се пијат затоа што не ми имаше кажано претходно за нешто такво и постојано и беше прва, втора, трета, четврта недела и пак исто постојано што мислам дека ако станува збор за индивидуален програм треба по ред да си одат неделите но тоа е и по тоа приметив дека работи со претходно направени мениа кои не се индивидуални и соодветни спрема личноста и потребите и можностите на личноста.
Isto i kaj mene.Sepak mislam deka nutricionist treba da bide doktor,a ne so zemjodelski fakultet.jas so dadena anamneza uporno i pisuvam da trgne nekolku namirnici od menito ona pak mi ja pusta istata..
Тоа е, не сме и биле во омилениот круг со кој што работи и ни шитка исти мениа од еден на друг колку да не откачи. И тоа го имав во неколку мениа "Во прилог: Анамнеза" но не знаев што е. Значи твоето мени ми го има пратено како мој индивидуален програм Жално и срамно!!!