Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со помош на нутриционист

Дискусија во 'Диети' започната од majamaja, 2 август 2010.

  1. Healthy.girl

    Healthy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу
     
  2. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Може нешто подетално да пишеш за методот, што, како се јаде или како ти изгледа еден ден???
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Јас сум на диета. Дали можам да употребувам просо во мојата исхрана? Дали дебелее просото?
     
  4. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Почнувам вака. Кога и да се разбудам, веднаш пијам вода максимум што можам, две три чаши. Потоа, во 11:30 почнувам со два портокали, друго овошје препорачливо е дури по еден час, да не се помешаат шеќерите. Некаде накај 14-15 часот јадам две варени јајца, друг ден 200 грама печено месо, друг ден 400 грама печени компири, тоа време околу 14 часот, а во 18:00 часот зеленчук. Сето ова без сол и со физичка активност барем половина час во денот со претходно загревање секако. После сѐ што се каснува, чаша вода. Плус, зелен чај без шеќер накај 20 часот.
    Тешко ќе биде но само првите неколку дена. Не да се фалам ама форма за неколку месеци направив, така речено женски во несвест да паѓаат :rofl:
    Ова се нарекува фастинг начин на исхрана при што доаѓа до автофагоцитоза, односно клетките се "јадат" една со друга бидејќи нема внес на храна (штеточини) и со тоа се доведува до регенерирање и подмладување. Воопшто не е штетно бидејќи всушност тоа и прави телото, постојано се регенерира, а исхраната му отежнува. Посебно балканската храна, каде нѐ трујат со сѐ и сешто.
     
    На ❄️Snowflake ❄️, TrinityNeo и E*N им се допаѓа ова.
  5. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    Па ти уствари гладуваш.
     
    На E*N му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Ако отфрлањето на пржена храна и прекумерно јадење е гладување, тогаш океј :)
     
    На TrinityNeo и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. LifeLover

    LifeLover Нов член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    За слабеење со нутриционист најпрво ќе кажам дека сум пробала и со Емилија и Влатко Вт диет клуб.За Емилија како да го дава истото мени на повеќе членови. Влатко е добар, но сепак ако не биде тоа редовно а не само еден месец или неколку пак и година нема ефект ако се вратиме на старите навики по завршувањето на диетата и јадеме се што придонесло да се здебелиме. Многу битно е да не се греши да се биде многу упорен и покрај сите провокации и се што гледаме вкусна недозволена храна да не се залажуваме дека нема ништо да биде од парче торта/хамбургер /бурек итн. Кај Влатко има дозвола за еден оброк по избор еднаш на 2 недели. Од програмата кај Влатко ослбнав 10кг.
     
  8. Ana.99

    Ana.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    wow. :) Браво за издржливост! Колку време си на фастинг?
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Пет месеци но имав и „прекршоци“, се случувало неколку пати во тој период да каснам залак два после пиење чај.
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Healthy.girl

    Healthy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав
    Некаде прочитав дека за да почнат да се топат масните наслаги т.е да почне слабеењето требало организмот да влезе во кетоза за која требало 48 часа. На кој начин се постигнува состојбата на кетоза??
     
    На Dimi_ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Кетозата представува нормален физиолошки процес кога телото нема доволно глукоза за да си ги задоволи енергетските потреби па почнува да ги употребува мастите односно триглицеридите.

    Катаболизмот на триглицеридите води до формирање на 1 молекула глицелин/ол(пропан-1,2,3-триол) и 3 молекули масни к-ни кои ја зголемуваат киселоста на сридината односно крвта во нашиот случај.

    Кетозата лесно може да премине во кетоацидоза која е проследена со низа сериозни физиолошки симптоми кои што во повеќето случаи водат до смрт. Токму поради ова многу треба да се внимава при нарочното индуцирање на кетоза во организмот (што е и целта на кето диетата) за да не дојде до прекумерено покачување на количеството масни к-ни во крвта односно кетоацидоза.

    Кетозата е нормален физиолошки процес, додека пак, кетоацидозата е абнормално физиолошко однесување.
    Кетозата како нормален физиолошки процес не доведува до нарушување на здравјето, но како што беше спомнато со прекумереното ослободување на масни к-ни во крвта може да дојде до сериозно закиселување односно до кетоацидоза која и те како има сериони последици врз здравјето на човекот.

    Најбитни фактори за да се спречи доведување од кетоза до кетоацидоза се:
    –Времето поминато во кетоза
    –Количеството на липиди кои се внесуваат во исхраната
    –BMR(basal metabolic rate)
    –Следење на концентрацијата на масни к-ни во крвта.

    Од овие последното е најбитно за избегнување на кетоацидоза а пак количеството на липиди кои се внесуваат во исхраната е одредено од времето поминато во кетоза и базалниот метаболизам на лицето.

    Кето диетата е релативно безбедна за човековото здравје и со малце внимание може да се избегнат негативните последици.

    Повеќето луѓе ја користат кето диетата за регулирање на телесната тежина, но мал број луѓе ја користат за остроумноста која ја доживуваат кога се во кетоза. Од друга страна пак еден од симптомите на кетоацидозата е заматеност на умот па затоа треба да се внимава.

    Идеалната исхрана е проследена со избалансиран внес на нутриенти од сите видови што се разликува од идејата на кето диетата.

    Поради големите ризици од нарушување на нормалниот метаболизам(кетоацидоза) не е препорачливо сам/а на своја рака да ја водиш диетава, но ако си одлучил/а дека кето диетата е правилниот избор за тебе најдобро е да се консултираш со нутриционист да те води низ процесот на кетоза.

    Се надевам дека го дадов вистинскиот одговор :)
     
    На Healthy.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. @Helen

    @Helen Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој имал искуство со нутриционист Маја Велковска??
    Бев кај Емилија, на почеток имав супер резултати, ама потоа само една иста исхрана секоја втора недела
    и не реагираше организмот, побарав да ми смени нешто во исхраната, ама немаше реакција од нејзина страна. Па, гледам кај Маја има некој 14 дневен режим сега.
     
    На buba4e89 и Healthy.girl им се допаѓа ова.
  13. Healthy.girl

    Healthy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да на почетокот и јас имав убави резултати бидејќи ја исфрлив вишокот вода, а после се едно исто и ништо од резултати, нон стоп леќа, грашок, боранија, урда и леб, кисело млеко а од тоа ништо не јадам но тоа за неа беше небитно и се откажав за месец време:(
     
    На Frosty! и @Helen им се допаѓа ова.
  14. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сум Маја, прво сакам да кажам дека ми е жал што си имала негативно искуство со мене, и искрено да ти се извинам и се надевам дека од нашата соработка до сега си успеала да најдеш некоја друга личност или начин кои ти помогнале да си ја постигнеш твојата цел.

    Инаку да, на почетокот се губат најмногу кг - претежно како резултат на загуба на течности, а потоа, е потоа се е индивидуално и е зависно од навистина премногу фактори, има и периоди на стагнација, има повеќе работи ;)

    Имаме и успешни приказни, имаме и не толку успешни приказни, се трудам да помогнам во границите на моите способности, ама некои работи се надвор од тоа.

    Во однос на прашањата за новите групни програми - слободно пишете ми на инстаграм (или фб), се ќе ви биде објаснето, па дури и примери од едно-две дневни менија сум пишувала во порака - со цел секој да знае во што всушност се впушта и да не ја започнува програмата - доколку не му одговара, целта на крајот секако е нели да имаме што повеќе успешни приказни.

    Инаку јас вообичаено на почетокот запишувам што не јаде клиентот, па гледам тоа да не го давам во програмата, не знам како сум направила пропуст кај тебе - но се случило, не верувам дека не ми било важно, но можеби сум оставила простор за тоа така да биде сфатено, и навистина ми е жал ако е така.

    Не ви ветувам дека ќе бидете задоволни од соработката со мене, ама може и ќе бидете, целта на коментаров не е “реклама“ туку навистина ми е криво за твоето негативно искуство, па затоа пишав.

    Ти посакувам се најдобро, како на тебе така и на сите други тука кои се борат со килограмите или со некој здравствен проблем, и ви посакувам сите да си ги постигнете своите цели на начинот на кој вам најмногу ви одговара :inlove:
     
    На TrinityNeo, tina2018, Healthy.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. @Helen

    @Helen Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво Маја.
    Јас би ти одговорила на коментарот од Healthy.girl, се надевам дека не грешам, и дека нема да ми се налути што ќе одговорам ☺️, но негативниот коментар се однесуваше на Емилија, дека дава едно исто мени на сите, и не одговара на незадоволен клиент. Сепак сите сме различни индивидуи и сите различно реагираме на одредени храни, според мене, би требало да се посвети на секој клиент и да даде совет доколку некоја храна е несоодветна, а не да го игнорира клиентот. Сепак лоша реклама за НЕА. За тебе сеуште не сум сретнала барем јас негативен коментар, затоа и прашав за искуство. Поздрав ☺️
     
    На Frosty!, Sunday-Rose и Healthy.girl им се допаѓа ова.
  16. Healthy.girl

    Healthy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Извинете не се однесуваше тоа на вас, не сме соработувале. За Емилија беше коментарот моја грешка и пропуст што не сум потенцирала.
     
    На Sunday-Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Healthy.girl

    Healthy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да за Емилија беше коментарот бидејќи за нејзе сподели искуство и јас го кажав моето. Со Маја не сум соработувала а ниту пак сум прочитала нешто негативно. Моја грешка што не потенцирав. Криво ми е што така испадна. Се извинувам.
     
    На Sunday-Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Оф тогаш извини и јас што не разбрав, т.е. погрешно разбрав (facepalm). Сега имав еден “зини земјо голтни ме“ момент зашто скрос погрешно сум сфатила :D ама па и мило ми е што сум разбрала грешка и што не сум оставила незадоволен клиент зад мене :l:

    Како и да е моите желби за сите вас се исти, а тоа е - да си ја остварите целта и да си уживате во вашите постигнувања и позитивни промени :*
     
    На Healthy.girl и @Helen им се допаѓа ова.
  19. KatieJan

    KatieJan Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Jas imam prekrasno iskustvo so Emilija, so mene zenata pred se e golem profesionalec, ima magistrirano na fakultetot za nutricionozam i e so golemo poznavanje vo strukata, mnogu e posvetena, i sorabotliva. Rabotime podolgo vreme, prvo za slabeenje pocnavme, i blagodarejkji na neziniot rezim na ishrana ostanav BREMENA.
     
    На tina2018 и E*N им се допаѓа ова.
  20. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, јас бев на режим кај Емилија во 2018 год останав бремена, па прекинав, сега пак летово бев но не можев да се придржувам баш баш бидејќи малата сеуште цица и прекинав, па да се одбиеме пак ке ја барам за режим бидејќи имав добри резултати.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.