Дали би можела да ми кажеш како изгледа менито за еден ден? Би сакала да го споделам искуството со Емисија. Тотално незадоволна. Прво од самиот пристап,кога отидов таму ,истовремено бевме јас и уште две девојки. Паралелно разговараше со мене и ги мереше нив. Во менито воопшто не ги зеде во предвид моите потреби. Во второто мени буквално ми ја повтори храната од првата недела, иако и посочив што не би сакала да има во планот за јадење. Начинот на разговор исто така не и беше воопшто мотивирачки,туку напротив. Иако,можеби има пристапна цена,сепак јас не би ја избрала за понатака.
Јас искрено појма немав за нашиве нутриционисти, ниту па ми текна да прогуглам. Си платив кај Ана Петрович, го добив планот за исхрана заедно со рецептите и планирам да почнам од понеделник. Храната е од наше поднебје, никакви авокада, гоџи, путери пд кикирики, тахини и не знам ти ни што. Поентата е само во начинот на подготовка. Видов дека има премногу задоволни кај неа и без размислување се одлучив.
И јас воопшто не бев задоволна од неа. Нивото на комуникација и е никакво. Јас летото платив, тогаш не примаше во студио, само по меил комунициравме. По два збора враќаше и сè што и наведов дека не јадам ми ставаше во мени. Тогаш сфатив дека женава не се замара воопшто со мене, и капак беше со комшика во исто време уплаќавме ама она не знаеше, ни дала исто мени потполно. Гледам дека со некои има добри соработки, а зошто со некои не не знам. Работи селективно и не би ја препорачала никому и не би идела пак кај неа. Јас за слабеење сум 0 карактер и немам воопшто мотивација, мора некој да ме гура. И пишав на Ирина па се мислам дали да уплатам.
Јас почнав кај Ирина. Презадоволна сум. Воопшто не чувствувам глад во текот на денот. А за комуникацијата префина е одговара во секој момент.
А дали дава комплицирани оброци, ми рече биле лесни за спремање ама друго е корисник да прашам јас сум со бебе и башка во смени ми е работата. И дали е регулар вода пиење или нешто со додатоци?
Не се тешки за спремање најмногу 20мин ако ти одземат. За ручек евентуално може повеќе време да ти одземе за подгптовка но не е ништо комплицирано. 3 оброци и 2 ужинки ти дава. Вода регуларно, освен наутро што пијам со ѓумбир и лимон и едно смути кое што ми е задолжително.
Незнам и јас на која основа воспоставува добар контакт со клиентите. До сега имам остварено контакт со многу нутриционисти ,но никој не бил толку индиферентен како неа. Исто и јас се мислам дали да почнам кај Ирина. Колку чини програмот и ако може линк кај што може да се прочита нешто повеќе за програмот...
Тахинито не е ништо повеќе од мелен печен сусам, ама веројатно и не се мачат да објаснуваат, па може да звучи ко кујзнае што е. Јас го правам дома, две секунди во блендер, го користам често во салати и со скоро секој варен зеленчук. За диета или режим на слабеење не знам дали е добро, не сум проверил никогаш колку е калорично, ама ако сакаш сусам пробај обавезно затоа што е предобро.
Менито се состои најчесто од 5 оброци, 3 главни и две ужини. Имам повеќе програми сменето, секогаш е различно така да не можам конкретно да ти одговорам има сѐ буквално. Ако нешто не ти е убаво или не јадиш ќе ти го смени . Ако си гладна ќе ти зголеми количина. Постојано е достапна за консултации и е префина. Пробај, нема да згрешиш верувај. Јас по препорака на форумов се одлучив кај неа и не се каам . Сигурно има и други задоволни членки кои ќе ме потврдат Лесни и брзи се за спремање. Може евентуално околу ручекот да изгубиш еден саат некогаш..ама некогаш доручекот е брз за спремање. И дава превкусни рецепти ,така да некогаш ќе готвиш и за домашните бидејќи ќе ги бендисаат јадењата
Крвна слика можеш и во странство, за плаќање сигурно може некако ,преку сметка. Ќе ја сликаш крвната слика и ќе ѝ ја пратиш. Тоа е најмал проблем. Пробај , верувај ќе бидеш задоволна. Јас се мислев со месеци, меѓу неа и Бузлевски и не жалам што се одлучив за Ирина. Криво ми е што порано не се решив.
И пишав чекам да ми врати. Инаку ме мотивира баш би сакала да видам дали ќе успее и кај мене. Само да нема јо-јо ефект.
Јо јо ефект сигурно нема да има , бидејќи ќе видиш опфатено е сѐ во исхраната, нормални количини на храна. Секако, од како ќе прекиниш со режимот мора умерена исхрана бидејќи како и да си ослаблела ,можеш килограмите да ги вратиш. Пробај ,па ќе кажиш искуство
Здраво девојки, јас започнав режим кај една нутриционистка од Битола. Оваа ми е трета недела, првата недела изгубив 4 кг, но следните две недели едвај едно кило намалив. Режимот е базиран на веганска исхрана, но вкусни рецепти има многу И мене ми беше тешко на почеток и бев скептична дека не можам без благо, но самиот режим има доволно благо и да видите потребата ептен ми се задоволува, имам протеински вегански палачинки, пудинзи од чија какао, овесни каши, многу овошје зеленчук и салати. Што мислите за тој режим на исхрана со вегански оброци?
Дали кај таа Ирина сѐ оди онлајн? Прочитав некаде погоре од Струмица била, мене Струмица ми е на другиот крај на државава. Претходно одев кај друг нутриционист ама не сум задоволна и за жал повеќето килограми ги вратив. Ама за кај Ирина ме замисливте и мене. Најтешко ми е со одвикнување од благо.
И мене тоа ми беше најтешко за одвикнување среќа што во режимот има и благи здрави работи што се стварно вкусни. Немај гајле се издржува. Инаку да онлајн работе. За 1-2 дена ти го пушта планот на мејл.
Супер, најверојатно ќе ѝ пишам. Имам повеќе килограми за симнување ама и брз метаболизам, само проблем ми се тие лоши навики, но ако се сака сѐ се можи.