Ух супер чим имаш брз метаболизам, сигурно првиот месец ќе скиниш 6 кг минимум Па јас искрено сум повеќе за исхрана базирана на нормална исхрана. Веганска исхрана за некој што е веган, за нас останатите тоа може да има ефект , но кога ќе се вратиш на нормална исхрана сите изгубени килограми ќе ги вратиш. Тоа е мое мислење. Зашто слабеењето е тешко, одржувањето уште потешко.
Хаха Бога ми треба се зезам. Не сум јас прва што ја препорача. Имаше погоре препорака од една членка ,angelalala, таа ја испофали, ми се допадна вака тоа што го напиша како искуство и така се решив. Се надевам сите ќе имаме убави резултати.
Сум пробала и знам што е. Не е тоа поентата кој знае што е. Имав план на исхрана од нутрициониста од Србија која даваше така, и не ми беше воопшто згодно да ја одржувам. Затоа и си земав за право да ја направам таа споредба. Инаку да, калорично е доста ама барем се здрави масти. Првиот месец е 100 евра, вториот 50 е, со тоа што бидејќи она е од Белград се оди онлајн, ти праќа како прашалник/анкета, ти си правиш крвна слика и мерења и и праќаш. Контролите се секои две недели и се наплаќаат 2500 рсд. Инаку пиши на гугл ана петрович излегува и инстаграм и сајтот и нејзиниот канал на јутуб и нејзини гостувања. Марија Шерифович мислам дека имаше снимено цела недела како се храни по нејзин план. Можеш и тоа да го погледнеш
Не знам сега како е, можеби и таа се сменила со работењето хаха јас од моето искуство си кажав и мило ми е ако на некој сум помогнала jас веќе неколку месеци не сум на програма и за среќа немам вратено килограми, а за празнициве малку се подисплашив оти си бев прилично опуштена, но освен некои 6-700г немам нешто значително зголемено и да накачев веројатно пак ќе и пишев
Јас сум на нејзините програми од почетокот на јуни, и искрено само со неа успеав здраво да ослабам и да го дефинирам телото. Сум вежбала 8 годни постојано без паузи се и сешто, но само со нејзина програма имав најмногу резултат. Исто така пред коронава вежбав крис фит една година, и со тоа сум презадоволна во однос на тоа колку многу кондиција се стекнува! ) Ако некој навистина сака да ослабне квалитетно без јо јо ефект, ви ја препорачувам Ана
Здраво на сите. Ве следам веќе некое време, ве читам и сакав да ве известам дека и јас одлучив да се обратам кај нутриционистот Ирина Ја чекам програмата и почнувам. Се надевам на убава дружба тука со вас и ќе споделуваме искуства.
Супер е Ирина , достапна секогаш. Имам лесна соработка, супер е за сѐ стварно. Фала ти за препораката. Мило ми што те послушав , јас сум презадоволна Вака не е Ирина извикан нутриционист , а одлично си ја работи работата. Се надевам ќе продолжи и така Инаку, кога се работи за Ана Стојанова, неколку пријателки знам што се на нејзина програма. Има ефект стварно ,убава е храната, но сепак тоа не е индивидуална програма. Јас на пример не јадам сѐ, а и има луѓе што си имаат некакви здравствени проблеми,кои секако можат преку исхрана да се регулираат. Исто , секој количински не јаде исто. Мене на пример , апетитот многу ми варира. Така да , од тој аспект, подобро е со нутриционист. А иначе програмата на Ана е стварно добра,но немаш со неа никаква комуникација. Мило ми е и што други членки на форумов ќе почнат кај Ирина, па ќе си споделиме искуства
Јас во петок стартувам па ќе се дружиме. Завчера доцна ми ја прати програмата и немав време да испазарам. Едвај чекам искрено.
Јас ја добив програмата, после одам на пазарење и од утре здравје стартувам Инаку имам околу 10-12кг за симнување.
Според првичниот впечаток ми изгледа лесно. Оброците не се тешки за спремање. Денот се започнува со вода со лимон. Појадокот,ручекот и вечерата се различни за цела седмица. Е сега, моето мени е подготвено нели според мојата крвна слика и потреби и е различно од останатите програми,но можам да споделам еден ден,чисто информативно. За доручек кајгана или овесна каша, за ручек риба со пченка, за вечера салата сезонска со нискомаслен јогурт. Ужини помеѓу лешници или бадеми и смути. И секако, вода во големи количини Има и месо, интегрални тестенини,оризови галети.. Мене ми изгледа супер и го доживувам ова како предизвик Се надевам ќе ја постигнам посакуваната цел
Здраво на сите. Како ви оди процесот на слабеење? Јас веќе втор ден терам со програмата на Ирина Георгиева. Досега супер ми е, не сум гладна и задоволна сум од досегашната комуникација со Ирина. Топло ја препорачувам