Супер е тоа ,токсините излегуваат и побрзо до посакуваната цел.е сега малце е незгодно ноќе будење за у вц ама е одличен знак .зависи и колку вода се пие преку ден браво за Ирина Почнувам во петок па ке споделам .Со среќа со лесно
Благодарам за одговорите, прочитав многу позитивни коментари за Ирина. Се мислев дали да уплатам за вежбање во сала ( дома не сум карактер за вежбање) или за нутриционист . Сепак после се што прочитав, решив да уплатам за планот за исхрана на Ирина, па се надевам дека тоа ќе ме мотивира да вежбам дома. Ајде со лесно на сите
Од прилика 2 месеци .Фатија и празници нели Ооо да, многу . Обавезно се будам навечер. Иако вода речиси и не пијам. Знам дека е лошо тоа ,ама лоша навика ми е
исто бев и јас, се консултирав и со неа и ми рече дека кога мастите се распаѓаат ослободуваат течност која се елиминира низ урината и потта, читав и на нет и излезе дека навистина е од тоа, после 5 недели ми се нормализираше мене.
Јас сум еден од тие што не верува во слабеење со помош на нутриционист. Само парите да ви ги земат. Се е до паметот и волјата. Ако немате волја да ослабете, ни 10 нутриционисти нема да ви помогнат, а парите ќе ви ги соберат, а гаранција дека ќе ослабете со нив нема да ви дадат.
На волјата и дисциплината не можат да влијаат точно , ама јас лично само со нутриционист имам резултати. Конкретно, Ирина е дипломиран нутриционист, не е некоја приучена како Цвета Динева , и се гледа дека е професионалец. И не жалам ниеден денар што го дадов. Ова е лично мое искуство.
Добро, секако, споделуваме само лични ставови и искуства. Мене не би можел да ми помогне нутриционист. Инаку, може да се даде гаранција од страна на нутриционист, има неколку начини, но никаде во светот не се практикува тоа. Се знае и зошто...
Тоа зависи од метаболизмот нејзин, веројатно и е бавен. Индивидуално е тоа и не треба да го земеш за релативно.
Напоменав погоре дека немам многу, имам многу спор метаболизам. Тоа е веќе индивидуално. Најдобро е да не се споредувате со никој.Со пријателка заедно ја држевме пред 10 години ун диета. Јас ослабев 4 кг за еден месец,таа 10. Плус фатија празници, а за празници знаете како е хаха 3-4 кг месечно е најздраво слабеење.
Одамна немам пишано во темата. Првата недела со режимот на Ирина бев - 2кг. Утре ја завршувам втората недела и се мерам повторно. Едвај чекам да го видам резултатот.
На секои 3 недели одново се упкаќаат 1500 денари? И до кога треба да се обновуваат програмите, дур не ослабеме х кила пример? Ова за кај Ирина прашувам, гледам ја фалите. И дали на секои 3 недели треба нова крвна слика?
Крвна слика само на почетокот. На 3 недели 1500 денари. Може ако сакаш и еден месец да ти трае, ама кога почнуваш нова програма имаш најмногу ефект.
Насабајле нели е поубаво за мерење?...Јас уплатив кај Ирина, чекам да ми го прати менито...Убаво што сме повеќе луѓе кај неа, за мотивација