Во сабота ја завршувам третата недела. Ќе пишам за резултати. А ќе продолжам со втора програма и после веќе не.
Јас сум презадоволна со неа,си го имам муабетот ја сметам за блиска. Сакав да симнам 10кг,а веќе симнав 5кг, после ќе си ги комбинирам програмите само и толку.
Малце стагнирам моментално ,ама во понеделник ќе се мерам за сигурно . Ама вака веќе ептен се познава дека се стопив. И сите ми ја фалат новата линија
Намалени вкупно 4 килограми за 2 недели и 7см во стомакот. Велам јас, стомакот најбрзо го дебелеам ама и најбрзо го слабеам.
Мене ми заврши 3 ден кај Ирина. Не се мерам, некако страв ми е на толку јадење што ми дава искрено очекував овошја со килограми ама нешто сосема друго добив. Задоволна сум од програмот вака, а за кг ќе пишам накнадно.
И мене ми се чинеше чудно бидејќи не бев навикната досега толку често да јадам, но се симнуваат килограмите ако се придржуваш, тоа е сигурно. А инаку многу подобро ми е вака искрено отколку со премногу овошје. Бев на друг режим еднаш каде ми даваа едно кило овошје до ручек и ептен ми здосади, секој ден истото па истото. Рецептиве од Ирина се феноменални и интересни, секој ден нешто ново и вкусно што никогаш не би ми текнало така да го направам. Сигурна сум дека дури и откако ќе ја постигнам целта ќе ги применувам овие јадења. Со среќа ајде.
И јас се зачудив прв пат кога ја добив програмата. Реков ова е повеќе од што јадам нормално ама не се секирај,ќе се изненадиш од резултатите
Слабеењето е индивидуално. И мене споро ми оди .Имам цел живот бавен метаболизам и плус здравствени проблеми, така да не се разочарувај. Биди упорна, а сигурно и ќе ти направи измени. Некогаш треба време да се изнајде соодветна програма и да се открие што му одговара на организмот. Внимавај да се мериш наутро, во иста облека( гледај да е некоја полесна) и обавезно испразнета . Можеби имаш задршка на течности.
Јас ја завршив програмата кај Ирина - детокс. Се стопив луѓе. Вагата ме зеза, три пати мерење различно покажува, заден трет пат покажа 79кг ама не ми е верливо. Ирина е срце,жена полна со разбирање, не знам немам зборови да ја опишам. Стомакот ми е намален, градниците ми се големи,облеката ми паѓа. Вчера малку се опуштив пиев и вино,ја прашав рече алкохол може, да не се претерува со пиво само. Сега треба да добијам,ќе видиме дали болките ќе бидат понамалени. Вчера си купив едноделно бикини, на ризик не се пробуваше таму. Дома го пробав јас влегов во него,а лани за едноделен можев само да сањам. Не се откажувајте,придружувајте се.