Jas i ova nedela imam so Irina , no ne sum imala mnogu efekt . Maximum -1kg.. Ne znam dali da prodolzam a i programava ista mi bese za 3 nedeli, mnogu malku smenivme...
Бавно оди за помалку кг да симниш не се секирај. Еве јас ослабев 8кг за 40 дена на почетокот со Ирина, сега имам уште неколку кг за симнување исто по 300-400 грама губам неделно. Биди истрајна само и не се оптеретувај со бројки.
Не грижи се, и 1 килограм неделно е одличен резултат, па и помалку да е ако немаш многу за симнување е нормално. Повеќе обрнувај внимание во обем колку слабееш, тоа најдобро кажува.
Имаше период каде по две недели воопшто не слабеев,но пак бев и уште сум упорна . Секој организам е различен,а има и влијание здравствена состојба и физичката активност. А ако имаш малце за симнување не се откажувај и не се секирај. Нема да ги вратиш лесно килограмите што сега ги изгуби бидејќи на здрав начин си ослабела. Ако земев да се споредувам со девојкиве тука колку ослабеле ќе се откажев досега сто пати. Ама ете сум упорна
Јас почнав на 01.02, сабајлево се мерев -3.2 кг. Можеби да вежбав ќе имаше повеќе резултат, ама и ова е добро. Имав 3 неделна програма од Ирина, но продолжив сама по завршувањето на програмата, се придржувам кон нејзиниот начин, да се јаде почесто и помалку. Можеби понатака пак ќе уплатам за уште една програма зашто дава резултати. И јас се разочарувам на моменти кога стагнирам, ама си признавам дека си правев и грешки за викендите Поздрав до сите, и да не се откажуваме, сепак не може преку ноќ да се ослабе, а сме се дебелееле со години
Тоа е до тебе не е до нејзе,индивиуално е. А вагата не ја земај за точна секогаш,најмногу се познава по облеката.
Имавме неколку пати погоре коментарино како изгледаат менијата. Не знам што не е јасно од тоа дека различни се сите програми, односно индивидуални се. Јас на пример немам риба зошто не јадам. И оброците се разновидни и не се повторуваат. Дава значи сѐ освен грицки, брза храна а од благи дава нејзини рецепти за здрави благи.
Точно, јас еве имам два пати неделно риба за ручек во оваа програма бидејќи обожавам. Значи сѐ си е индивидуално, а и не ми е океј да објавувам јавно нешто кое таа се потрудила да ми го склопи и сум платила за тоа. Плус се прави според крвна слика, некои јадења што мене ми се потребни на друг можи да не му се и сл.
Како што рече Amellie,не е во ред јавно да објавуваме детали и рецепти. Сепак треба да се цени нечиј труд и знаење . Горе доле имаме убаво објаснато и за менијата и искуства.
Леле ама филозофирате. Чисто ме интересираше на кој принцип работи. Ако сте дале пари со пишување на 1 ден нема да ви пропаднат. Или да не потпишавте согласност за чување тајна
Никој не бара мени за да ја држи диетата без да плати. Јас на пример ви побарав еден оброк да споделите бидејќи ја испофаливте дека рецептите и се превркусни. Нормално дека не планирам да ослабам со тој еден оброк што ќе го споделите. Бидејќи видов од една (друга, не Ирина) нутриционистка мени и искрено жива глупост ми беше искрено - компир манџа, риба, итн, односно не дава рецепти со нови јадења туку баш онака хардкор јадења што сите ги знаеме и искрено кај таков нутриционист никогаш не би одела бидејќи сама сум свесна дека доволно ми е да исфрлам благо и леб и појше вода да пијам и ќе ослабам, проблемот ми е што здравите јадења не ми се толку вкусни како нездравите. Вие ја фалите Ирина дека дава топ јадења и затоа бев заинтригирана. Сепак, ви ја почитувам одлуката да не споделите Еве јас иако не одам на нутриционист ќе споделам за мене - една недела не јадам благо и пијам повеќе вода и мислам дека ослабев кило-две. Почнав и да возам точак, а деновите кога не можа, правам пилатес вежби дома.